Македонија
Лекарите препорачуваат редовна вакцинација, неосновани се стравот и фамата
Редовна вакцинација на децата, препорачуваат имунолозите од детската клиника во Скопје, по неоснованиот страв и фама којшто се создаде во јавноста за безбедноста на вакцините.
Од Детската клиника излегоа со соопштение до јавноста и појаснувања за позитивните ефекти од вакцинацијата.
Според имунологот-педијатар Кристина Миронска од Детската клиника, достапноста на медицинските и немeдицинските информации за вакцините во медиумите, особено на интернет и нивната интерпретација од нестручни медицински необразувани лица, доведуваат до оправдана забуна, сомнеж и страв кај родителите што претставува закана на целокупниот стратегиски план за заштита на пациентите поединечно, уривање на создавањето на колективен имунитет и неможност за искоренување на соодветната болест на државно, но и глобално, светско ниво.
„Како имунолог-педијатар, од имунолошки аспект, можам да се произнесам за позитивните ефекти од вакцинирањето, во смисла на стимулирање на зреењето на имуниот систем во детската возраст воопшто, но и стимулирање на зреењето на имуниот систем во детската возраст воопшто, но и стимулирање на создавање на специфична отпорност кон одредени болести кои се фатални, особено на детска возраст. Донесувањето на одлука дали ќе се спроведува вакцинација или не, кои болести ќе се превенираат, кои микроорганизми треба да бидат искоренети на глобално ниво е многу сериозен пристап, во кој учествуваат повеќе експерти од своите области на ниво на државата, регионот и светот. Ако сакаме да сме дел од светот, треба да ги почитуваме светските одлуки и правила. Веќе ги гледаме позитивните ефекти од вакцинациите. Најдобар пример за тоа е што денес немаме вариола вера никаде во светот. Човекот успеа да ја искорени оваа болест“ пишува Миронски.
Од детската клиника немаат точен процент на несакани реакции после вакцинацијата, но велат дека тие не се чести и завршуваат без сериозни последици, а реакции со летален исход од Клиниката велат дека немале.
На одделот за имунологија при Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, постои отсек за несакани поствакцинални реакции, каде се примаат сите пациенти кај кои се јавила посериозна несакана реакција.
„Покрај лекувањето кај овие пациенти се врши иследување со цел да се откријат причините поради кои настанала несаканата поствакцинална реакција и се советува понатаму, како да се продолжи со имунизацијата. Обично локалните несакани реакции се лекуваат амбулантски, со совет за нега и терапија во дoмaшни услови, а оние кои се генерализирани се упатуваат кај анс и се хоспитализираат. Кај нас се упатуваат пациенти со реакции од типот на покачена температура, вознемиреност, малаксаност, долготрајно висoкотонско плачење, па дури и појава на грчеви. Може да се јават алергиски реакции, осипи, отоци, или може да се манифестираат знаци за инфекција, па во тој случај е потребна голема стручност, искуство и договорност за да се разграничи дали навистина се работи за поствaкцинална реакција, независна паралелна акутна инфекција или алергиска реакција врзана со вакцината или не. Мислењето коешто го добиваат пациентите е многу важно бидејќи од тоа зависи дали ќе се продолжи со имунизацијата или не и ако се дозволи понатамошна имунизација со какви вакцини треба да се продолжи“ додава Миронски.
Во секоја држава постои редовен календар за имунизација, кој е што е приготвен и одобрен од најкопетентните структури во државата, а кој се базира на принципите за добробит на населението, објаснуваат лекарите.
Во светот, со брзиот развој на медицината, секако доаѓа до усовршување на вакцините, со цел да се зголеми ефикасноста, а да се намали ризикот од појава на несаканите реакции, како и создавање на нови вакцини кои една по една се внесуваат во редовниот календар.
Целоклеточната пертусисна вакцина е најобвинувана за појава на несакани реакции, а во последно време се повеќе се шири неоснован страв и фама од вакцината против морбили.
„Вакцината против пертусис како најобвинувана за несакани поствакцинални реакции е усовршена во начинот на производство, при што е постигната максимална ефикасност, а несаканите поствакцинални реакции се сведени на минимум. Во што се состои измената? Целоклеточната DTP вакцина се приготвува од ослабениот целоклеточен микроорганизам, кој внесен во организмот предизвикува создавање на имунитет, отпорност на организмот, кон него, а при тоа не може да предизвикаат ниту болест ниту несакана реакција. Во последните 15-тина години на одделот за имунологија при клиниката за детски болести, имунизираме пациенти со ацелуларна DTP по индикација, кај пациенти со утврдена имунодефициенција или со друга болест која „бара“ таков вид на имунизација, според утврдените светски доктринирани ставови. Останатото здраво население досега, успешно се имунизирапе со целоклеточната DTP вакцина. Ацелуларната DTP вакцина е воведена во редовниот календар за имунизација скоро во сите околни држави. Во тек е постапка за воведување на ацелуларна DTP вакцина и кај нас во редовниот календар за имунизација во Македонија“ објаснува Миронски.
Во понеделникот на балканските медиуми се прошири веста дека во Босна и Херцеговина починало шестмесечно бебе по вакцинација. Веста е стара, од 2010 година, тогаш навистина почнало шестмесечно бебе, но се утврдило дека смртта не била предизвика од вакцинацијата./крај/со/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.

