Македонија
Хуманитарна акција на ДОМ за помош на опожарените ромски семејства

„Облека, храна, пари и сé она што би мижело да им помогне на настраданите семејства од Циглана итно треба да се собере и да им се даде затоа што глетката на уништените домови говори дека на овие луѓе потребна им е помош и тоа веднаш, бидејќи уништено им е буквално се“, истакна претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска која денеска беше во посета на опожарените куќи.
За таа цел Форумот на жени од партијата започнува хуманитарна акција за собирање на помош за настраданите. Тие во соопштение упатија апел до своите членови, но и до сите граѓани да бидат хумани и да помогнат онолку колку што можат.
Претходно апел за помош до граѓаните упати и претседателот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам, кој тогаш истакна дека досега за оштетените биле собрани само смешни 10 евра. На седница на Собранието, пратеникот побара Владата да пренамени околу 10 милиони денари, пари од Буџетот за идната година, наменети за декадата на Ромите со цел да им се помогне во изградба на живеалишта на настраданите семејства.
Во несреќата што се случи во населбата Ченто, во скопска Циглана, опожарени беа две бараки при што беше причинета голема материјална штета./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Изет Меџити заложник на индустријата за игри на среќа, да ја запре еколошката катастрофа на Кожув, бара АА

Неприфатливото однесување на министерот за екологија, Изет Меџити, укажува на политичка и финансиска заробеност, што го прави заложник на индустријата за игри на среќа и го спречува да преземе неопходни мерки за заштита на животната средина. Упатуваме јасен повик до Меџити и надлежните институции итно да преземат конкретни чекори за запирање на еколошката катастрофа на Кожув, повика Алијанса за Албанците.
„Алијансата за Албанците најостро го осудува невиденото уништување на животната средина што се случува на планината Кожув, каде компанијата во сопственост на Ѓоко Стерјоски – сопственик на мрежата на казина и обложувалници „Спортлајф“ – уништува илјадници квадратни метри шума за тесни бизнис интереси, притоа загрозувајќи ја биодиверзитетот и сериозно ризикувајќи го еко-системот и квалитетот на живот во целиот регион“, велат од АА.
Ова не е само прашање на животна средина, додаваат од партијата, туку и национално и социјално правно прашање.
„Кожув не е приватна сопственост за бизнис интереси – тој е заедничко богатство на граѓаните и мора да се заштити од секоја закана. Алијансата за Албанците ќе продолжи одговорно и целосно ангажирано да ја следи оваа тема и ќе бара одговорност од секој службеник што ги штети интересите на граѓаните и животната средина. Во следните денови ќе објавиме нови факти за поврзаноста на претставниците на коалицијата ВЛЕН со бизнисите на казина“, велат од АА.
Македонија
Арсовска до амбасадорката Агелер: „Не ви е малку незгодно во листата на ВИП гости што ви беа лица кои треба да ви се на црна листа на санкции“

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска преку социјалните мрежи упати прашање до американската амбасадорка Анџела Агелер.
„Добро утро Амбасадорке Агелер, среќен нека е денот на независноста на САД.
Само да прашам, не ви е малку незгодно во листата на ВИП гости вчера што ви беа лица кои треба да ви се на црна листа на санкции.
Овие двајцава незгодно насмеани на фотографијава, за кои имаат институциите цврсти докази за криминал во најмалку 152 случаи и за кои се спроведуваат сериозни истраги во моментов, наместо да ви се на црна листа на санкции на САД насочени против поединци и бизниси вклучени во корупција и нарушување на човековите права, ви беа во прв ред во Амбасада вчера.
На листа на санкции со децении се наоѓаат лица ПОРАДИ НАВОДИ за корупција и поткопување на демократските процеси, меѓу нив се наоѓаат политичари, поранешни премиери и министри, градоначалници, судии, а САД ги санкционираат таквите поединци како дел од напорите за промовирање одговорност и борба против корупцијата во регионот на Западен Балкан“, напиша Арсовска.
Македонија
Делови од Гази Баба и Кисела Вода денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од село Инџиково од улиците: 3, 7, 14, дел од ул. 10 и дел од ул. Маџари. (Општина Гази Баба)
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Студеничанска и дел од ул. Драчевска. (Општина Кисела Вода)
· од 09:30 до 13:30 часот, корисниците од ул. Добре Ивановски, и дел од ул. 22 во нас. Инџиково. (Општина Гази Баба)