Контакт

Македонија

Спасов: Бесплатно зимување за 1.000 деца од социјално загрозени семејства

Објавено пред

Вкупно 1.000 деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток, како и деца со посебни потреби за време на зимскиот распуст годинава ќе имаат можност да ја користат бесплатната услуга за одмор и рекреација и шест дена да уживаат во убавините на рекреативниот туристички центар Пелистер.

За ова денеска информираше Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, кој истакна дека секое дете треба да има можност да ужива во благодетите на летниот или на зимскиот одмор.

„Целта на проектот е социјално интегрирање на овие деца за време на летниот и зимскиот распуст, за што Министерството за труд и социјална политика целосно ја презеде обврската за покривање преку буџетските средства“ истакна Спасов.

Од министерството информираат дека услугата на бесплатен одмор и рекреација за деца опфаќа 5 полни пансиони и едукативни, забавни и спортски активности. Превозот на децата ќе биде бесплатно организиран, а децата со пречки во развојот имаат право на придружник.

„Oваа услуга може да ја користат деца од семејства корисници на социјална парична помош, постојана парична помош и деца корисници на посебен додаток , односно децата – редовни ученици во петто, шесто, седмо и осмо одделение во учебната 2013/2014 година“, додаде Министерот.

Граѓаните барањата ќе можат да ги поднесуваат во просториите на надлежните Центри за социјална работа до 3 јануари 2014 година, односно до пополнување на предвидениот број на корисници.

За реализација на овој проект министерството ќе обезбедени средства во износ од 11.637.000 денари./крај/мф/ап



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Заев: Безбедноста со членството во НАТО е основа за дополнителен економски раст

Објавено пред

На Филозофскиот факултет во Скопје на УКИМ денеска се одржа последната од низата трибини на НАТО Караванот на која дебатираа Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев и амбасадорот на Кралство Холандија во Скопје Дирк Јан Коп.

На дебатата со студентите премиерот Заев и амбасадорот Јан Коп се осврнаа на придобивките од нашето членство во НАТО како полноправна членка на најмоќниот воен сојуз во светот.

Премиерот Заев даде посебен осврт врз економските придобивки. Економскиот раст зависи во голема мера од способноста на земјата да обезбеди одржлив мир и стабилност, односно долгорочната безбедност и политичка стабилност.

„Безбедноста и стабилноста на земјата се основа за економски раст и развој. Тоа влијае и врз подобрување на кредитниот рејтинг на земјата и зголемување на домашните и странските инвестиции кои отворат нови работни места, раст на извозот и трговијата и побрз економски раст. Со тоа нашата економија конкурентна на големиот европски пазар, кој претставува најголем трговски партнер на Северна Македонија и во која поголем број се членки на НАТО“, истакна Заев.

На дебатата, премиерот рече и дека добил цврсти уверувања од премиерот на Шпанија Педро Санчез дека ратификацијата од нивна страна ќе биде завршена наскоро и со тоа ќе се официјализира нашето полноправно членство.

Амбасадорот Дирк Јан Коп се осврна на практичните придобивки и стабилноста која произлегува од членството. Тој меѓу другото рече и дека за него е огромно задоволство да дебатира со студентите кои очекува за 20 години да ја водат Северна Македонија како лидери но и како земја членка на ЕУ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Крсте Шајноски избран за претседател на Агенцијата за супервизија

Објавено пред

Собранието со 55 гласа за го избра Крсте Шајноски за претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија и осигурување. На оваа позиција Шајноски доаѓа од позицијата вонреден професор од Институтот за бизнис и економија. Шајноски беше предложен од Владата во ноември, откако му истече мандатот на неговиот претходник Климе Попоски.

Пред да биде именуван, реагираше пратеничката Лилјана Кузмановска која праша кој му бил мотивот на Шајноски, да биде дел од оваа институција кога во минатото бил поборник за остварување на професионалците во приватниот сектор.

“Шајноски велеше, дека не е престиж еден експерт да работи и се остварува во државна администрација. Не сакам да навлегувам во неговото CV, но ме интересира зошто одеднаш му стана толку примамливо да биде дел од ова регулаторно тело”,рече Кузмановска од собраниската говорница.

На нејзиниот говор реагираше пратеникот Костадин Ацевски, од СДСМ, кој рече дека не требало да се крева прашина затоа што тие во минатото вдомиле еден куп партиски експерти.

Покрај Шајноски, беше избран и Злате Симоновски како член на советот на експерти на оваа регулаторно тело.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заврши епидемијата на мали сипаници, укинати мерките за контрола

Објавено пред

Комисијата за заразни болести при Министерство за здравство констатираше дека се исполнети епидемиолошките услови за одјава на епидемијата на мали сипаници на територијата на цела држава, со што престануваат да важат дополнителните мерки за контрола на епидемијата, предложени од комисијата. Овој заклучок е донесен по поминати 45 дена од последниот пријавен лабораториски случај на мали сипаници или два максимални инкубациски периода од последниот потврден случај.

Согласно донесените заклучоци од Комисијата, во тек е известување на сите јавни и приватни здравствени установи во државата за одјавување на епидемијата со морбили на ниво на цела држава. Комисијата препорачува во континуитет да се одржува висок опфат со МРП вакцина (над 95 проценти), со цел да се превенираат идни епидемии.

Вкупниот број регистрирани случаи со морбили во нашата држава, од декември 2018 година до крајот на минатата недела изнесуваше 1.901 случаи со стапка на заболување од 91,9 на 100.000 жители. Според вакциналниот статус, вкупно 1.530 или 80,5 проценти од заболените деца биле невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.

Согласно податоците од Институтот на јавно здравје, во текот на епидемијата вкупно се вакцинирани 44.497 лица на возраст до 14 години, а се аплицирани и дополнителни 6.305 дози од вакцината кај лица над 14-годишна возраст, од кои повеќе од 60% кај здравствени работници, студенти на медицина, стоматологија и фармација, специјализанти и ученици во средните медицински училишта и останати контакти на заболените лица.

Со оглед на фактот дека болеста се регистрира во целиот европски регион, можна е појава на поединечни импортирани случаи и ограничено ширење на болеста кај невакцинирани лица.Епидемиска појава од поголем обем во наредниот период не е веројатна, поради зголемување на опфатот на подлежната популација на возраст до 14 години над 95% и намалување на бројот на осетлива популација кој дополнително е намален како резултат на вакцинацијата кај останатото население како против епидемиска мерка, под услов и во наредниот период да се одржува високиот опфат со вакцинација кај подлежната кохорта од над 95%, согласно препораките на Светската здравствена организација, соопшти Министерството за здравство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Обвинителството проверува дали самоубиството на 13-годишното девојче од Гостивар е поврзано со секта

Основното јавно обвинителство Гостивар постапува за утврдување на причините за смртта на 13-годишно девојче од Гостивар, чие безживотно тело беше...

Македонија2 часа

Талевски: Само сакавме да ги намалиме цените на превозот за ученици

Повеќе од два часа обвинетиот ексградоначалник на општина Битола, Владимир Талески, одговараше на прашањата на својот адвокат Димитар Дангов за...

Македонија3 часа

СДСМ смета дека нема пречка за една изборна единица на изборите во април

Доцна синоќа раководството на СДСМ го усогласило ставот дека се подготвени за една изборна единица на претстојните предвремени парламентарни избори...

Македонија3 часа

В сабота ќе работат и градинките

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 14 декември ќе биде работен и за градинките на територијата на државата....

Свет4 часа

Трамп до универзитетите: Укинете го антисемитизмот ако сакате пари

Американскиот претседател, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба за забрана на федералните фондови наменети за универзитетите и колеџите, кои дозволуваат антисемитизам....

Свет5 часа

(Видео) Се запали рускиот разорувач „Адмирал Кузњецов“, тројца повредени

Рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“ се запалил додека го поправале на докот во Мурманск, при што повредени се три...

Регион6 часа

Преговорите за влада на Косово без резултати , нема договор за коалиција

Во косовското собрание синоќа се одржа уште една средба на лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти и лидерот на Демократскиот...

Свет6 часа

Санчез доби мандат за формирање влада

Шпанскиот крал Фелипе Шестти му довери на досегашниот премиер Педро Санчез мандат да се обиде да формира влада. Социјалистичката партија...

Свет6 часа

САД ја предупреди Северна Кореја да е откаже од нуклеарната програма и да избегнува провокации

САД се подготвени да бидат флексибилни во преговорите чија цел е Северна Кореја да се натера да се откаже од...

Свет6 часа

Парламентарни избори во Велика Британија – главни ривали се Џонсон и Корбин

Граѓаните на Британија денеска гласаат на вонредни парламентарни избори на кои се решава не само кој ќе управува во земјата,...

Спорт17 часа

Легендарниот шампион Леон Спинкс се бори за живот

Легендарниот шампион во тешка категорија, Леон Спинкс, се бори за својот живот во болница, потврди неговата сопруга, која побара молитви...

Регион18 часа

Уапсени двајца Срби и еден Македонец за убиството во Братислава

Во Унгарија уапсени се двајца Срби поради смртта на Никола Косаниќ (22), кој во неделата беше до смрт претепан во...

Македонија19 часа

Девет членки на ЕУ предложија нова методологија за проширување

Девет земји членки на ЕУ излегоа со заеднички предлог за нова методологија за проширување на членството во ЕУ, за што...

Топ22 часа

Возило излета од патот кај Дебарца и удри во пешак и паркирано возило

Синоќа на магистралниот пат Кичево – Охрид, во атарот на селото Радомирово, општина Дебарца, патничко возило управувано од Љ.В.(46) од...

Македонија23 часа

Се укинува законот за зелените пазари

Со 50 гласа пратениците го подржаа предлогот на министерот за економија, Крешник Бектеши, кој побара по скратена постапка да престане...

Македонија23 часа

Манчевски: Префрлањето на администрацијата во приватниот сектор нема да биде политички отстрел

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, најави дека до крајот на годината ќе ги предложи пакет-мерките за префрлање...

Македонија1 ден

Обвинителството испитува кој ги објавува аудиоснимките поврзани со „Рекет“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција оформи предмет и веќе проверува кое е лицето што ги објавува...

Свет1 ден

Австралиските пожарникари сами собираат средства за квалитетни маски за дишење

Пожарникарите во Нов Јужен Велс, Австралија, поведоа итна акција за собирање средства за набавка на подобра безбедносна опрема кога открија...

Македонија1 ден

Објавени аудиоснимки поврзани со „Рекет“: „Не знам, куферот со пари не е кај Заев“

На јутјуб-каналот U6e Big се појавија нови аудиозаписи поврзани со случајот „Рекет“. На нив се слуша глас кој личи на...

Македонија1 ден

По 33 години постоење, згасна охридскиот атлетски маратон

По 33 години постоење, згасна охридскиот атлетски маратон. Ова го потврди досегашниот организатор Пецо Неданов, кој на „Фејсбук“ објави дека...

Досие