Македонија
Работна средба на Бесими и Беџети посветена на реформите во областа на правдата и правосудството

Неопходноста за понатамошно реализирање на реформите во правосудството и превземањето на следните чекори кон реализација на критериумите дадени од Европската Унија се клучните приоритети во процесот на интеграција на земјата во Европска унија.
Ова било истакнато на работната средба што во понеделникот ја остварија Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Фатмир Бесими и Министерот за правда Блерим Беџети, истакнуваат од кабинетот на Вицепремиерот.
На средбата била истакната неопходноста за превземање мерки со цел привлекување на повеќе кандидати во Академијата за судии опфаќајќи ги и припадниците на немнозинските заедници како и јакнењето на капацитетите на јавното обвинителство.
Во делот на слободата на изразување и медиуми, вицепремиерот Бесими ставил акцент на препораките од извештајот на Европската комисија во однос на фундаменталните човекови права.
Бесими и Беџети дискутирале и за измените на изборното законодавство и степенот на реализација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, особено во однос на раздвојување на државата од партијата, транспарентноста на финансирање на изборната кампања и континуираното пречистување на изборниот список.
И двајцата ја искористија средбата за преглед на законите и подзаконските акти од надлежност на министерството предвидени со Националната програма за усвојување на правото на ЕУ за 2014 година.
На состанокот била нагласена важноста од максимално користење на ИПА фондовите за имплементација на проекти значајни во реформата на судскиот систем.
“Преку Инструментот за пред пристапна помош (ИПА) се обезбедува значителен придонес за зајакнување на независноста и ефикасноста на судството, а покрај Министерството за правда крајни корисници на помошта од ИПА до сега беа и Управниот суд, Академијата за судии и јавни обвинители, Судскиот совет на РМ, Советот на Јавните обвинители на РМ, Управата за извршување на санкции, Државната комисија за спречување на корупцијата, Јавните обвинителства и сите други правосудни институции“ – истакна Бесими./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Од сабота Скопје повторно се поврзува со Барселона, двајца патници ќе добијат бесплатни авиобилети

„Визер“ со субвенции од Владата од 3 мај ќе лета до Барселона и Лион.
До Барселона летови ќе има двапати неделно – вторник и сабота, а до Лион трипати – вторник, четврток и сабота.
Првиот лет од Скопје за Барселона, по тригодишна пауза, ќе се реализира в сабота во 18.50 часот. Двајца патници ќе добијат бесплатни авиобилети преку избор на социјалните мрежи на „ТАВ Македонија“ и „Визер“
Меѓународниот аеродром „Скопје“ првпат се поврзува со Лион, Франција, кој е под заштита на УНЕСКО.
На крајот на март требаше да се почне да и летот Скопје – Дубаи, но е одложен за наесен.
Македонија
„Заслужуваме одговори“: семејствата на жртвите од пожарот во Кочани утре на протетстен марш во главниот град

Семејствата на загинатите во трагичниот пожар во Кочани за утре, 29 април, најавија протестен „Марш за ангелите“ во Скопје.
„Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските процедури и затоа не разбираме како познавачите на правото притвораат, па пуштаат. Свесни ли се за и онака целосно разнишаната доверба во досегашното институционално работење со ‘фати, па пушти’, без да има јасно образложение за таа законска процедура и што се создава во нашите мисли, кои се на работ на себеуништување“, се истакнува во писменото известување од семејствата.
Во повикот е нагласено дека тие и понатаму ќе бараат одговори за насилната смрт на нивните деца, а за учество на маршот ги повикуваат сите граѓани на Македонија.
Маршот, според најавите, ќе почне пред Oбвинителството во Скопје во 12.05 часот како симболика за задоцнетата реакција на институциите, а ќе продолжи кон плоштадот Македонија и ќе заврши пред Собранието.
Македонија
1.570 сообраќајни прекршоци минатиот викенд, 758 за брзо возење

Изминатиов викенд полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, постапувајќи во делот на контролите на сообраќајот на патиштата низ земјава вкупно издадоа 1570 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци повеќето по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, извести МВР.
Притоа, заради непрописно паркирање издадени биле 216 платни налози, за возење со брзина поголема од дозволената 758 санкции, а пак по основ на непоседување возачка дозвола 141 лице било отстрането од сообраќајот.
Исто така, евидентирани се 62 прекршоци за неносење сигурносен појас, изречени се 31 санкција за возачите на мотоцикл за управување без заштитна кацига, 27 мерки се изречени за користење на мобилен телефон при возење, а осум санкции за возачи кои минале на црвено светло, додека пак 61 возач е отстранет од сообраќај заради недозволено количество алкохол во крвта.
По основ пак на Законот за возила во посочениот период од сообраќај се исклучени 39 возила од кои 11 поради техничка неисправност, а 28 заради тоа што биле нерегистрирани, соопшти МВР и додава дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.