Македонија
Раководството на МО се сретна со синдикатите од областа на одбраната
Намерите и целите на Владата на Република Македонија и на Министерството за одбрана се еднаш и засекогаш да се реши прашањето на професионалните војници, за што добивме поддршка и од соодветните синдикати, порача министерот за одбрана Талат Џафери, по средбата со претставниците на Синдикатот за одбрана и безбедноста и Независниот синдикат на одбраната.
„Заедничка констатација беше дека оваа мерка позитивно ќе влијае на борбената готовност и на квалитетот на извршување на задачите на припадниците на АРМ, имајќи предвид дека во нивниот работен век го имаат решено статусното прашање“, истакнал Џафери по средбата на која синдикатите беа информирани за одлуката на Владата на Република Македонија за пристапување кон измени на Законот за служба во АРМ, со кои професионалните војници по завршување на 45 година ќе бидат трансферирани во други институции во Република Македонија, се до нивното пензионирање.
По состанокот на кој присуствуваа и заменик-министерот за одбрана Емил Димитриев и државниот секретар во Министерството, Сашо Стефаноски, заменик-министерот Димитриев посочи дека станува збор за одлука со две особено важни димензии – општочовечката, односно егзистенцијалната, бидејќи тоа е прв приоритет на секој човек за себе и за своето семејство, како и професионалната димензија која укажува на дополнителниот мотив да се биде уште попрофесионален, поквалитетен и подисциплиниран во работењето.
„Оваа мерка е историска за Министерството и за професионалните војници, сите елементи околу неа се позитивни и нема ризик од некој негативен елемент кој би произлегол од неа“, додаде заменикот министер.
Претставниците на Синдикатот на одбраната и безбедноста и Независниот синдикат на одбраната, изразија благодарност и ја поздравија оваа одлука со која, се согласија, ќе се унапреди професионалноста во Армијата и мотивираноста кај секој вработен да даде сè од себе во извршувањето на поставените задачи./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Македонија
Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло
Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад од кучиња скитници.
„Доктор од Клиничка болница Битола пријави дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено двегодишно дете од Битола, кое, според пријавеното, додека си играло во близина на семејната куќа во Битола, било нападнато од кучиња скитници. Детето е пренесено во Комплекс клиники ’Мајка Тереза‘ во Скопје“, соопшти МВР.
СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.
Македонија
Измамена 76-годишна битолчанка: се претставил како лекар и ѝ зел 7.000 евра за да ја спаси внуката повредена во сообраќајка
Во полицијата во Битола, 76-годишна жена вчера пријавила дека била измамена за 7.000 евра.
„76-годишна жена од Битола пријави дека била измамена од страна на непознато машко лице, кое и се јавило на телефон и ѝ се претставило како лекар, по што и кажало дека нејзината внука е тешко повредена во сообраќајна несреќа и треба да даде пари за да ѝ го спаси животот. Пријавителката заедно со сопругот однеле 7000 евра и ги дале на едно лице кое, според договорот, ги чекало кај саатот во Битола. Подоцна, пријавителката сфатила дека била измамена односно дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа“, соопшти МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

