Македонија
ПЕП21: Македонија да биде една изборна единица
„ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ имаат иста политичка матрица, бидејќи и двете партии упорно се залагаат само за своите политички интереси , со цел да се отстрани конкуренцијата и само поради старата слава и изборниот модел од шест изборни единици овие две партии сè уште го носат епитетот “двете најголеми партии”, реагираат од Партијата за економски промени 21.
Од таму прашуваат која е вистинската сила и тежина на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ без гласовите на коалиционите партнери, кои заедно имаат далеку поголем број на гласови од гласовите на партиите носители на коалицијата.
Со цел да се постигнат позитивни промени во политичкиот живот, да се обезбеди подобар и побрз економски развој, како и да се испочитува волјата на сите граѓани на Република Македонија од партијата предлагаат промена на изборниот модел, односно Македонија да биде една изборна единица, секоја политичка партија задолжително сама да учествува на изборите и третото барање е изборите да бидат спроведени од техничка Влада.
Со ова, како што сметаат од ПЕП21, ќе бидат избегнати предвремени, неприродни коалиции кои подоцна ги маргинализираат и потиснуваат помалите коалициони партнери до степен што некои од нив го губат политичкиот идентитет.
На овој начин и граѓани ќе имаат можност да изберат нова и подобра иднина за себе и за своите семејства, стои во соопштението./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Македонија
Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.
Македонија
Телефонски разговор на Муцунски со Гидеон Саʼар за состојбата со Иран
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево остварил телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека била реафирмирана поддршката за координираните напори на Соединетите Американски Држави и Израел во однос на Иран, како и неопходноста од зачувување на регионалната стабилност и безбедност.
– Беше истакнато дека продолжената блиска соработка е од суштинско значење за мирот и одвраќањето. Воедно, беше нагласено дека иранскиот народ, како и сите народи во регионот, заслужуваат мир, стабилност и можност за просперитет, се наведува во соопштението.

