Македонија
ЗНМ: Владата ги исполни договорените обврски
Владата направи чекор напред исполнувајќи ги обврските договорени со Здружението на новинари на Македонија и ги усвои измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги како и измените на Законот за медиуми, истакнуваат од ЗНМ од каде додаваат дека со тоа направено е подобрување на понудената содржина на законите, за кои ЗНМ и странските експерти имаа сериозни забелешки.
„Ваквото однесување на Владата дава надеж дека во иднина ќе се направат напори за понатамошно подобрување на содржината на законите“, велат од ЗНМ од каде додаваат дека сега останува обврската во рок од шест месеци да се изнајде решение со кое ќе се зајакне независноста на јавниот сервис, Македонската радио-телевизија.
Од здружението истакнуваат дека се уште остануваат на ставот оти нема потреба од закон за медиуми посебно не во услови кога Македонија рапидно паѓа на светските ранг листи по слобода на изразувањето.
“Предупредуваме дека неприфатените забелешки на ЗНМ, кои во исто време беа и забелешки на експертите на Советот на Европа и ОБСЕ, сериозно ќе ја нарушат слободата на изразувањето и слободата на медиумите. ЗНМ во иднина ќе се залага Владата да ги прифати и останатите забелешки, кои би придонесувале за подобрување на медиумското законодавство“, истакнуваат од здружението.
ЗНМ најави дека ќе ја следи примената на Законите, посебно на спорните делови, а не ја исклучува и можноста по консултација со правни експерти, дел одредбите да ги оспори пред Уставниот суд./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина и тоа:
· во период од 06:00-10:00 часот корисниците на улицата Пајак, улицата Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие), општина Центар;
· во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од улицата Радишанска, општина Бутел;
· во период од 09:00-12:00 часот корисниците на улицата 29 Ноември бр.37, општина Центар;
· во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од улицата Урош Џудовиќ, општина Карпош.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во текот на седмицата кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од денеска ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.

