Македонија
Македонија и Словенија ја продлабочуваат соработката во социјалната сфера
Договор за изменување и дополнување на Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Република Словенија, беше потпишан во четврток во Љубљана.
Документот го потпишаа министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кој е во работна посета на Словенија, и министерот за труд, семејство, социјални работи и еднакви можности, Ања Копач Мрак.
Имено, Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Република Словенија се применува од април 2001 година. Со овој Договор се овозможува остварување на права од социјално осигурување на граѓаните и членовите на нивните семејства доколку работат или работеле во една или двете држави. Исто така, се остваруваат и права на старосна, семејна и инвалидска пензија, здравствено осигурување за работници и корисници на пензија, како и членовите на нивните семејства, право на паричен надоместок за време на невработеност и право на детски додаток.
Постојните одредби од Договорот во делот на здравствената заштита регулираат можност за лекување на осигуреници од едната држава во другата доколку се работи за итен случај, а не и за планирано лекување. Сега, пак, со измените на Договорот се овозможува заминување на планирано лекување на осигуреникот во случај кога се исцрпени сите можности за лекување во неговата држава.
Постојниот Договор предвидува правото на паричен надоместок за време на невработеност и детски додаток да се исплаќа доколку граѓанинот има постојано живеалиште во Република Словенија. Со измената на Договорот за социјално осигурување се прецизира дека правото на паричен надоместок за време на невработеност и детски додаток ќе се исплатуваат и доколку лицата имаат привремен престој во државата во која што го стекнале тоа право.
Согласно со Договорот за социјално осигурување во декември 2013 година се исплатени 180 македонски пензии на граѓани коишто живеат во Република Словенија, а во Македонија се исплаќаат 1036 словенечки пензии на македонски граѓани.
На средбата двајцата министри ставија акцент на системот на вработување на инвалидни лица во Република Словенија, а во насока на подготовка на нова законска регулатива за вработување на лицата со инвалидност и нивна поголема интеграција во економско-социјалниот живот. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

