Македонија
Презентација на активностите на македонските алпинисти во МКЦ

Македонската Алпинистичка Федерација, заедно со Ехо – Планинскиот Филмски Фестивал, во среда вечер во џебното кино при МКЦ, ќе презентира дел од ланските активностите на македонските алпинисти.
Дел од програмата ќе бидат следните презентации: „Алпинистичка балканијада во Демир Капија – 2013г“, Зоран Мајсторски (АК Плоча, Радовиш): Претставување на еден од најголемите алпинистички собири кој се одржа минатата година во Македонија од еден од главните организатори преку кратко видео и фотографии,
-„Метеори, Пуља, Базиликата“Маја Мухиќ, Методи Чилиманов и Тања Пенева (АК 8, Скопје и АК Плоча, Радовиш): Искачувања во Грција и Јужна Италија на различни локалитети,-„Вихрен, Северен Џендем и Езерски лед“ Зоран Мајсторски (АК Плоча, Радовиш): алпинистички искачувања во зимски услови во локалитети во Бугарија – мразеви и микс насоки,-„Турно скијање во Вајоминг“ Крунослав Аџиевски (АК Матка, Скопје): презентација на 3-неделна турно-ски активност во Тетоните во САД, заедно со Бојан Митковски и други локални скијачи и алпинисти, претставување на начинот на практикување и размислување на оваа силна заедница и нивниот пристап кон снежните активности (лавинска опасност итн).
Покрај овие презентации, Македонската Алпинистичка Федерација ќе им додели и признанија на своите најуспешни членови од минатата година. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење, ветувам силна и одлучна битка да го вратиме во рацете на кумановци“, најави Костовски

„Огромна чест ми е да бидам кандидат за градоначалник на нашето Куманово од СДСМ и коалицијата на претстојните локални избори. Му благодарам на раководството и на претседателот Венко Филипче за довербата, и на сите оние кои застанаа зад мене. Ме радува што огромен број граѓани ми ја дадоа поддршката овие денови, што е јасен сигнал дека Куманово бара промени“, напиша на социјалните мрежи, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски.
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење. Работите веќе четири години одат во погрешна насока и тоа знам дека сите вие го чувствувате и гледате. Максим Димитриевски не заслужува реизбор – ги изневери сите ветувања дадени пред граѓаните. Куманово се дави во смет и пропадната инфраструктура, се случува урбанистички хаос кој го креира Димитриевски заради сопствените бизнис интереси. Куманово во 2025 сè уште кубури со вода, а паркинг место нема ни за лек.
Димитриевски ги изневери сите кои гласаа за него. Наместо коректор на власта, стана пион на Мицкоски и тројански коњ кој треба да ја дели опозицијата и СДСМ. Човек кој ги погази сите наводни принципи и молчи пред криминалот на неговите коалициски партнери. Човек кој ведне глава пред патронот Мицкоски. Единствено нешто што Максим добро го прави тоа неговиот бизнис со оние за кои до вчера велеше дека се криминалци.
Куманово може подобро! Ветувам силна и одлучна битка да го вратиме Куманово во наши раце, во раце на кумановци. Ветувам дека ќе одам од човек до човек за да ја пренесам мојата идеја за подобра и пофункционална општина која ќе работи во интерес на сите граѓани на Куманово. Ветувам дека СДСМ во Куманово ќе се обедини и дека СДСМ ќе се врати многу силно! Одиме на победа!“, додаде тој.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно сончево и многу топло

Времето денеска, претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ, до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.
Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C.
Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.