Македонија
Даниелсон: Независност на судството, владеење на правото и добрососедските односи клучни за НАТО и ЕУ
Претстојните претседателски избори, влезот на земјава во НАТО и почеток на преговорите за членство во ЕУ биле главните теми на кои во петокот разговарале лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, и заменик потпретседателката на партијата Радмила Шеќеринска на средбата со директорот на Директоратот за проширување на ЕК Кристијан Даниелсон, евроамбасадорот Аиво Орав и шефот на одделот за Македонија, Дејвид Кален, соопштуваат од СДСМ.
Од таму велат дека за време на разговорите од страна на европските претставници било потенцирано дека Европската унија со внимание следи дали Република Македонија е способна да спроведе фер и демократски претседателски избори.
„Социјалдемократскиот сојуз го даде својот придонес во политичкиот дијалог со власта за Изборниот законик според препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Целосното почитување и имплементацијата на договореното ќе значи испраќање на позитивен сигнал дека нашата земја е подготвена да спроведе фер и демократски избори. Меѓутоа, постапките на власта испраќаат лош сигнал и ја доведуваат во прашање политичка волја да се држат до договореното“, истакнал на средбата претседателот на СДСМ, Зоран Заев, стои во соопштението на партијата.
Од таму додаваат дека двете страни се согласуваат оти правилата на игра во политичката битка треба да важат за сите учесници во изборниот процес, со цел да се манифестира демократски капацитет на земјата.
Едно од најважните прашања за Република Македонија кое било отворено на средбата било членството на Македонија во НАТО како и датумот за почеток на преговори со Европската унија на што директорот на Директоратот за проширување на ЕК, Даниелсон потенцерал дека клучни на патот за оваа цел во моментов се внатрешните реформи, слободата на медиумите, независноста на судската власт, владеењето на правото и подобрувањето на добрососедските односи, велат од СДСМ./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

