Македонија
Антикорупциска ќе ги „чешла“ податоците во анкетниот лист за имотната состојба на Бонева и Шеќеринска
По случајот за непријавени станови во сопственост на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, а која ја објавија од СДСМ, како и за случајот со пратеничката од СДСМ, Радмила Шеќеринска, која во анкетниот лист навела дека прима закупнина за стан во висина од 5.000 евра, Антикорупциската комисија реши да покрене постапка во која ги отвори на разгледување овие два предмети, информираше во средата претседателот на антикорупциска Ѓорги Сламков.
„Доколку утврдиме дека податоците од Катастарот не се совпаѓаат со оние од анкетниот лист на пратеничката, тогаш ќе поднесеме прекршочна пријава и барање до Управата за јавни приходи (УЈП) да ја испита имотната состојба“, истакна Сламков.
Во однос на случајот на Шеќеринска каде што во анкетниот лист стои пријавена закупнина од пет илјади евра за стан во кој живее, тој потенцираше дека комисијата се обратила до УЈП од каде бил побаран договорoт, да се направи увид за тоа кој со кого го има склучено.
Претседателот на Антикорупциска признава дека досега направени се низа пропусти што ги искористиле политичарите и кои одговорноста најчесто ја префрлале кај Комисијата која не направила ажурирање на податоците.
„Имаше пропусти од страна на Антикорупциската комисија. Тие беа во септември, односно октомври минатата година. Јас би сакал да ви кажам дека од утре политичарите не ќе може да се вадат на пропусти во Антикорупциската комисија. Сепак, проектот за подобрување во работата што го правиме со Германија трае две години. Можностите за пропусти и натаму ќе постојат, иако се драстично намалени“, истакнува Сламков.
Од Антикорупциската комисија минатата година поднеле иницијативи за кривично гонење за девет случаи, а од Управата за јавни приходи побарале испитување на имотот на 35 функционери.
Од таму истакнуваат дека лани околу педесетина функционери не го пријавиле имотот во Антикорупциска комисија и против нив се покренати постапки.
„Отворени се корупцискиот предмети и за ревизорскиот извештај за Агенцијата за странски инвестиции, а се разгледува и ревизорскиот извештај за Регулаторната комисија за енергетика“, рече Сламков./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

