Македонија
Рокот за увид во избирачкиот список истекува во петок на полноќ
Сите граѓани од земјава и дијаспората кои до сега не го искористиле правото да извршат увид во избирачкиот список ќе може тоа да го направат најдоцна до петок на полноќ, а со тоа се заокружува дваесетдневниот јавен увид на избирачките списоци за претседателските избори.
Можноста за јавен увид во списоците преку веб страната на Државната изборна комисија до сега ја искористиле околу 80 илјади граѓани, додека пак до Комисијата преку Дипломатско – конзуларните претставништва доставени се 2.747 барања од дијаспората од кои 2.415 се прифатени.
Најмногу барања се поднесени од македонските државјани кои живеат или се со престој во европските земји.
Примените барања и пријави преку Дипломатско – конзуларните претставништва Министерството за надворешни работи треба да ги достави до ДИК најдоцна до 10 март, по што избирачките списоци на 12 март ќе им бидат доставени на политичките партии.
Кампањата за претседателските избори почнува на 24 март, 20 дена пред изборите. На вториот круг од изборите на 27 април во земјата ќе се одржат и предвремени парламентарни избори, за што изборните рокови Државната изборна комисија ќе ги соопшти во следните денови.
Првиот круг од претседателските избори закажан е за 13 април а евентуален втор круг закажан е за 27 април. Кампањата на кандидатите за претседател започнува дваесет дена пред изборите./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

