Македонија
Припадниците на 22 генерација доброволци во АРМ положија заклетва
Војници од дваесет и втората генерација на доброволно служење на воениот рок, во петок во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман”, положија свечена заклетва.
Обуката на 205 војници ќе ја реализира Центарот за индивидуална обука во рамките на КОД.
На свеченоста по повод давање заклетва на војниците на доброволно служење на воениот рок присуствуваа: Министерот за одбрана Талат Џафери, Заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, Командантот на Командата за обука и доктрини (КОД) полковник Љупчо Костовски, претставници од МО и ГШ на АРМ, претставници од локалната самоуправа, роднините на војниците и други гости.
Честитајќи им ја свечената заклетва, министерот Џафери на војниците им посака успешни три месеци исполнети со многу работа и труд, од кои ќе произлезе успех. Тој истакна дека сите тие се потенцијални кандидати за професионални војници на АРМ, при што некои од нив ќе одлучат својата иднина да ја градат во професионалниот состав на АРМ.
Командантот на КОД, полковникот Костовски на војниците им порача дека во наредните три месеци ќе им претстои напорна работа во совладувањето на планираните содржини од обуката, со цел да се стекнат со знаењата и вештините, потребни за достигнување на предизвиците кои ги очекуваат во АРМ. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

