Македонија
„Тигрите“ одбележаа 33 години постоење
Единицата за специјални задачи „Тигри“ во четврток (13 март) во касарната Илинден одбележа 33 години од нејзиното формирање. Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, потенцираше дека функционалноста и улогата на оваа единица секогаш била во самиот врв на приоритети во секојдневното работење на МВР.
„Денес овде заедно чествуваме еден исклучително значаен датум, денот на формирање на Единицата за специјални задачи „Тигар”- 13 март. Единица на која што МВР, но и граѓаните на Република Македонија се особено горди, затоа што станува збор за структура составена од луѓе кои со својата подготвеност, пожртвуваност, и други професионални квалитети со право докажале дека Единицата го заслужува епитетот елитна”, истакна меѓу другото Јанкулоска во своето поздравно обраќање пред припадниците на ЕСЗ во касарната Илинден.
Министерката потенцираше дека денес Единицата за специјални задачи преставува модерна формација во чиј состав влегуваат високо-обучени специјализирани тимови за различни видови намени и задачи, а за кои се бара и е потребно посебно ниво на обученост, вештини, знаења.
Во овој контекст министерката Јанкулоска посочи дел од низата активности реализирани од страна на МВР во насока на натамошен развој и надградба на единица почнувајќи од веќе изготвената нова систематизација и реорганизација на ЕСЗ, персоналното пополнување и освежување со нови кадри, како и темелната реконструкција на објектот – Базата на Единицата. Исто така Јанкулоска посочи дека за прв пат во нејзината историја, Единицата за Специјални Задачи ќе биде опремена со најмодерна и високософистицирана опрема и вооружување бидејќи е составен дел во програмата на Министерството, којашто пак треба да се реализира во рок од две години.
Во оваа прилика министерката Јанкулоска им оддаде и почит на загинатите припадници на „Тигрите” кои ги загубија животите извршувајќи службени задачи.
„Нивната жртва, но и жртвата на нивните семејства нема да биде заборавена од нас и од граѓаните на оваа земја, вечно ќе им бидеме благодарни”, нагласи Јанкулоска. крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права
Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд за човекови права.
Во таа насока, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја презентираше Информацијата за реализираните активности, согласно известувањето доставено од Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права, со кое се информира за предлогот на Комисијата за избор на тројца кандидати: Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски.
„По разгледувањето, Владата ја усвои Информацијата, по што Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како надлежна институција задолжена за спроведување на административните и техничките активности во постапката, ќе продолжи со обезбедување мислење од Меѓународниот советодавен панел на експерти при Советот на Европа, во однос на исполнувањето на пропишаните критериуми од страна на предложените кандидати“; соопштија од Владата.
По добивањето на мислењето од Меѓународниот советодавен панел, Комисијата ќе ја достави листата со тројца кандидати до Владата, по што конечната листа ќе биде проследена до Парламентарното собрание на Советот на Европа.
фото/Depositphotos
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.

