Македонија
Бесплатен превоз за глувите лица и лица со интелектуална попреченост

Бесплатен меѓуградски превоз им се овозможи на потполно глувите лица и лицата со тешка и длабока интелектуална попреченост, со измените во законот за патен сообраќај.
До сега правото на повластен превоз во меѓуградскиот сообраќај го користеа 2470 слепи лица и 348 лица со телесна инвалидност или вкупно 2818 лица кои понатаму ќе ја користат оваа бесплатна услуга, информираа на заедничка прес конференција во сабота министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
„Со цел да им помогнеме и на потполно глувите лица како и на лицата со тешка и длабока интелектуална попреченост, со измените во законот за патен сообраќај се овозможува бесплатен меѓуградски превоз кој што ќе го обезбедат автобуските превозници. Од сега па натаму , во соработка со Министерството за транспорт и здружението на превозници се обезбедува бесплатен превоз на оваа категорија на наши граѓани и нивни придружници.За нив се обезбедуваат шест повратни карти во меѓуградскиот сообраќај. За остварување на оваа поволност потребно е лицата да приложат потврда за членство и возен картон издаден надлежниот национален сојуз. Би сакал да му се заблагодарам на министерот за транспорт и врски и здружението на превозници кои помогнаа да се реализира оваа поволност”, потенцираше Спасов.
Тој нагласи дека и во иднина ќе се продолжи со превземање на конкретни чекори и мерки за подобрување на животот на лицата со инвалидитет. крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Дали министерот Лимани ќе биде разрешен по забраната за влез во САД

Иако тврди дека гради стабилни односи со САД, премиерот крие од јавноста дека неговиот министер, Фатмир Лимани, добил забрана за влез во Америка. Поради ова, тој бил принуден да ја откаже планираната посета, а Владата молчи за причините зад оваа драматична одлука, реагира СДСМ.
Од партијата велат дека ова отвора сериозни прашања за кредибилитетот на владините претставници и за политиката што ја води Мицкоски. Доколку тој навистина ужива поддршка од американската администрација, како што често тврди, сега е моментот да го докаже тоа со конкретни чекори. Во спротивно, неговата тишина само ќе потврди дека во Владата се толерираат контроверзни личности.
„Јавноста има право да знае: кои се причините поради кои Лимани е прогласен за непожелен во САД? Дали ова значи дека тој е вмешан во скандал што ја загрозува меѓународната репутација на земјата?
Мицкоски не може да остане без одговор. Доколку навистина е посветен на транспарентноста и партнерството со САД, мора веднаш да го разреши министерот Лимани. Секое одолговлекување само ќе покаже дека премиерот ја става партиската лојалност пред државните интереси.
Ги повикуваме Лимани и Мицкоски веднаш да излезат пред јавноста и да одговорат:
Зошто министерот има забрана за влез во САД?
Дали ќе биде разрешен или Владата ќе продолжи да го штити?
Ова не е случај што може да се премолчи“, се додава во соопштението на СДСМ.
Македонија
Палевски првин ја прашал Вања кои ѝ се родители за да им испрати фотографии, потоа ја застрелал преку перниче, сведочеше Манев

Обвинетиот Велимир Манев сведочеше во судот за грабнувањето на Вања тврдејќи дека Љупчо Палевски-Палчо им покажувал фотографии од возрасна жена што требало да биде киднапирана, а во комуникација со него тие ја киднапирале 14-годишната Вања не знаејќи дека е дете.
Ја грабнале во влезот на зградата, ја врзале, ја ставиле во вреќа за спиење, која претходно ја зеле од канцеларија и ја ставиле во багажникот.
„Стигнавме до местото Дупки и го отворивме багажникот. Палчо ја праша како се вика, кои ѝ се татко, мајка, од каде е и кога дозна, ни рече да ја извадиме надвор од автомобилот за да ја фотографира и да може да им ги прати на родителите и на фамилијата. Ја извадивме, ја откопчавме вреќата за спиење и кога го тргнав салотејпот, тогаш видов дека тоа е дете, а не жена. Веднаш му рековме јас и Влатко, бевме до него, ова е некоја грешка, дека треба да го вратиме назад девојчето и бидејќи сме под маски, никого не видела, да ја ослободиме. Палчо повторно почна да ми кажува да прекинам, дека јас ништо не знам, сѐ е чисто“, сведочеше Манев.
Потоа им рекол дека првичната сума што им ја понудил за грабнувањето нема да може да се земе и дека таа ќе биде помала.
„Се свртев да гледам кон лозјата, бидејќи беа некои запуштени лозја, кон напуштените соби за да видам во која од собите да ја внесеме. Додека пријдов и гледав. Палевски му пријде на детето со пиштолот и со перниче во раката ѝ го испука куршумот преку него и јас повторно бев надвор од себе. Се врати Палчо до пикапот и од него извади копач и лопата, нови неупотребени. Ги фрли пред нас и нареди да ископаме дупка за да се закопа детето“, сведочеше Манев.
Палчо им наредил да закопуваат, а Манев тврди дека плачел. Потоа Палевски го запалил автомобилот на Панче Жежовски.
Тој рече и дека бил натеран со тепање од полициски инспектори да каже дека Љупчо Палевски бил во комуникација со таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.
Македонија
(Видео) Кузеска: Клинчаров бил главен поддржувач на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, ОЈО да постапи

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција истакна дека е добро што Државната комисија за спречување на корупција отворила предмет за судир на интереси, непотизам и корупија во врска со тендерите во министерството на Стефан Андоновски.
СДСМ, рече Кузеска, тоа го поздраува.
Очекуваат скандалот, финансиската афера во која жената е Државен секретар а мажот добива тендери да биде целосно брзо расчистен и да следува одговорност.
Според Кузеска, фактите се кристално јасни: фирмата на сопругот на Клинчарова добила два тендери, а министерот Андоновски е потписник на договорите.
„Иако се обидуваше да ја оправда оваа скандалозна ситуација со апсурдни изговори сепак ги призна тендерите. Ова не е само судир на интереси – ова е очигледен случај, основано сомнение за корупција. Денеска ќе објавиме дека сопругот на државната секретарка, Мартин Клинчаров, кој ги добвал тендерите во министерсвото на Андоновски е жесток поддржувач на Мицкоски и ДПМНЕ. На неговиот профил на Фејсбук може да се види дека учествувал на партиски состаноци во Белата палата, за што објвувал и слики. Во своите објави Клинчаров жестоко го брани Мицкоски од, како што самиот вели „бардовите“ на новинарството. Ова е потврда дека станува збор не само за семејсна туку и за партиска поврзаност, директен линк и со ДПМНЕ“.
Ете, вели Кузеска, каде завршуваат парите на граѓаните.
Според неа, одговорност за овој скандал мора да има.
Оценува дека првиот чекор на ДКСК е во вистинска насока, но сега, како што додаде, е на ред завршница на предметот но и вклучвање на Јавното обвинителство и правдата мора да биде задоволена.
Кузеска нагласи дека тендерските мрежи на ВМРО-ДПМНЕ мора да бидат разобличени, а одговорните санкционирани.
СДСМ, прецизира таа, нема да дозволи оваа афера да биде заташкана, а секој чинител во оваа криминална мрежа мора да одговара пред законот.