Македонија
Ќе се отворат аптеки во руралните средини во кои живеат до 3.500 жители
Руралните средини во кои живеат до 3.500 граѓани за три месеци ќе добијат аптеки, во рамки на проектот на Министерството за здравство, „Аптекарски станици“.
„Сопствениците на две или повеќе аптеки во една иста општина, или на пет или повеќе аптеки на територијата на Македонија ќе имаат обврска да отворат аптека или аптекарска станица во рурално подрачје, каде што живеат до 3.500 жители и досега немало интерес за отворање на аптека”, изјави во петок министерот за здравство, Никола Тодоров.
Министерството ќе обезбеди 72 лиценци, а со оваа мерка корист ќе имаат околу 120.000 жители од 42 општини и 73 села.
„Со овој трет проект, кој е комплетерен на „Рурален доктор” и „Подвижни аптеки”, за отворање аптека или аптекарска станица во рурално подрачје, се заокружува целиот систем за подобрување на примарната здравствена заштита во рурални области и за навремено обезбедување соодветната терапија за населението од руралните подрачја во државата”, нагласи Тодоров.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

