Македонија
Прва средба на ФЗОМ со Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам „Во мојот свет“
Директорката на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Маја Парнарџиева Змејкова и нејзиниот тим одржаа прва работна средба со претставници на Здружение на граѓани за третман на лица со аутизам „Во мојот свет“.
На состанокот стана збор за можноста за унапредување на здравствената состојба на оваа група пациенти, подобрување и зајакнување на едукација на населението и на медицинскиот персонал со цел рана детекција на оваа група пациенти.
Престседателот на Здружението „Во мојот свет”, Златко Стојановски информираше дека традиционално трета година по ред организира настан по повод Меѓународниот ден на аутизмот на 2-ри април и го покани ФЗОМ да земе учество на настанот кој ќе се одржи во Скопје Сити Мол.
Преставниците на здружението разменија мислење за значењето на раната детекција на децата со аутизам и како тоа влијае врз нивната состојба.
Според Светската здравствена организација се проценува дека во Македонија живеаат околу 2.000 до 2.500 лица со аутизам.
„Отворање на Центар за рана детекција и третман на лица со аутизам би бил од огромно значење за подобрување на квалитетот на животот на лицата со аутизам, место каде би се згрижиле, родителите би добиле навремени информации и рана дијагностика, ран третман, право на едукација и здравствена заштита”, истакна на состанокот Весна Стојановска, потпретседател на здружението.
Од страна на ФЗОМ, Парнарџиева Змејкова ги замоли претставниците на здружението да достават анализа на состојбата на лицата со аутизам./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

