Македонија
Почнуваат Денови на образование и кариера 2014 на Скопски саем
Триесетина високо образовни институции од земјава и странство и институции од 15 земји ќе се претстават на 17. Денови на образование и кариера 2014, што од четврток до сабота (12 април) ќе се одржат во хала 2 на Скопскиот саем.
На манифестацијата ќе учествуваат 17 домашни и 13 странски изложувачи, како и институции од Македонија, Грција, Бугарија, Словенија, Чешка, Унгарија, Русија, Германија, Словачка, Италија, Швајцарија, Велика Британија, САД и Кина.
За време на саемот, ќе се вршат презентации на образовните програми на учесниците, а посебен акцент ќе биде ставен на стипендиите, односно можностите за стипендирање за студии надвор од земјава.
ХУЛТ меѓународната бизнис школа, која е една од врвните 100 бизнис школи во светот ќе додели 20 деловни стипендии до 50 отсто партиципација во школарината, за бизнис администрација. Во делот на техничките науки Средноисточниот техничкиот универзитет МЕТУ, најдобриот Универзитет за технички науки од Турција, нуди 20 стипендии за додипломнски и постдипломски студии.
Пекиншкиот технолошки институт, најдобриот технички институт во Кина, рангиран во топ 10 најдобри во Азија ќе додели 20 целосни стипендии за македонски студенти на стипендиски програми на кинеската Влада, на општинско ниво во Пекинг и за размена на студенти, а Поли – дизајн конзорциумот на Политехничкиот универзитет во Милано, една од најдобрите школи за дизајн во Италија нуди 10 стипендии со 50 отсто партиципација од школарината за магистерски студии.
Манифестацијата Денови на образование и кариера 2014 ќе биде отворена од 10 до 20 часот, а влезницата ќе чини 30, односно 20 денари за организрани групни посети.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле
Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Министерката Јаневска ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“ во Каиро
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.
Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.
За време на конгресот, Јаневска ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

