Македонија
Спасовски: Криминалниот изборен процес срам за Македонија
„Достоинственото застанување во одбрана на неопходните промени за државата е силна порака дека борбата продолжува и откажување нема, сé додека не се оствари мнозинската волја за демократска и европска Република Македонија“, истакна во понеделникот на прес-конференција генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.
Тој додаде дека во СДСМ го знаат вистинското расположение на граѓаните, но тоа, според него, не нашло одраз во гласачките кутии.
„Криминалниот изборен процес што го спроведе Никола Груевски и неговата власт не го признаваме. Инсистираме на формирање техничка влада којашто ќе спроведе фер избори, каде ќе биде рефлектирана реалната волја на граѓаните на Република Македонија”, истакна Спасовски.
Од СДСМ изборниот ден го оценија како „срам за Република Македонија” со резултати кои, според нив, „ќе предизвикаат огромни штети” по демократијата и цивилизациските придобивки на земјата.
„Се надеваме дека меѓународната заедница и земјите пријатели на нашата држава со најголема сериозност ќе ги разгледаат сите случувања во Македонија пред и за време на изборниот процес и со директни зборови ќе ги оценат состојбите во Македонија со што ќе направат придонес кон поддршка на граѓаните на оваа земја во исцрпувачката битка за демократија и слобода”, порача Спасовски./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.