Македонија
Казнети 13 полицајци
Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 13 решенија против исто толку вработени во Министерството за внатрешни работи поради сторени повреди во работењето, соопшти МВР.
Притоа, на девет вработени им е изречена мерка “парична казна” на еден вработен мерка – “запирање на постапката”, на двајца вработени мерка – “откажување на договор за вработување” и на еден вработен му е изречена мерка – “отказ” , а се работи за:
Т.Т. полицаец во ПС ОН Бит Пазар, СВР Скопје, изречена му е мерка “откажување на договор за вработување” (се обидел за паричен надомест да пренесе преку граниничен премин лица, за кои не бил дозволен “излез” од РМ.)
А.А. полицаец за БПС во ПС за БПС Битола, СВР Битола, изречена му е мерка “парична казна” (го нарушил ЈРМ со учество во тепачка).
П.Ј. инспектор за прифат сменоводител во ПС ОН Пробиштип, СВР Штип, изречена му е мерка “запирање на постапка” (неутврдена одговорност).
С.И. полицаец во ПС ОН Карпош, СВР Скопје, изречена му е мерка “парчна казна” (во службено возило со колега превезувале женско лице од Скопје, а исто така му било утврдено присуство на алкохол во крвта додека бил на работа).
Р.Б. полицаев во ПС за ГН “Маздрача” РЦ Север, изречена му е мерка “паричен надомест” (во службено возило со колега превезувале женско лице од Скопје).
Г.С. полицаец во ПС за ГП и ГН “Богородица” РЦ Југ, изречена му е мерка “паричен надомест” (без да провери дали има виза, дозволил излез од РМ на косовски државјанин, кој спаѓа во група со голем ризик).
Г.И. полицаец за БПС во Одделение за БПС во СВР Скопје, изречена му е мерка “паричен надомест” (без претходно добиена согласност, дал снимена изјава за телевизија).
М.А. полицаец во ПС ОН Ресен, СВР Битола, изречена му е мерка “паричен надомест” (не изготвил писмено известување дека ќе биде на боледување, а за два дена од неговото отсуство нема доставено писмен документ за боледување).
А.Р. полицаец за патрола и интервенција во ПО Попова Шапка, СВР Тетово, изречена му е мерка “откажување на договор за работа” (навремено и писмено не го известил раководителот за отсуство од работа и не доаѓал на работа повеќе од три последователни дена).
С.Д. полицаец во увидна група во ПО за БПС, ПСОН Прилеп, СВР Битола, изречена му е мерка “паричен надомест” (не ја извршил наредбата од Командирот и не го изготвил службениот материјал за извршен увид од сообраќајна незгода).
И.Ј. полицаец во Центар за информации и команда, Организациски единици за координација во СВР Скопје, изречена мерка “паричен надомест” (на разговор за добивање виза во проториите на Конзуларното одделение во Амбасадата на САД присуствувала во полициска униформа и приложила фалсификувана банкарска документација)
Т.М. полицаец во ПС ОН Штип, изречена му е мерка “паричен надомест” (не пријавил кривично дело во Полициска станица).
Г.В. полицаец за БПС во ПС за БПС Петровец, изречена му е мерка “отказ” (неоправдано изостанал од работа три последователни дена).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремен дожд, а на планините снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб ветер од променлив превец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Од понеделник во текот на денот ќе настапи постепено стабилизирање на времето со опаѓање на утринските температури, а дневните ќе бидат во пораст.

