Македонија
Свеченост по повод 7-ми мај денот на бВП и денот на полицијата и безбедноста
Свеченост по повод 7-ми мај денот на баталјонот на Воена полиција (бВП) и денот на полицијата и безбедноста, ќе се одржи во среда напладне, во касарната „Илинден” во Скопје.
Баталјонот на воена полиција е формиран со Указ на Претседателот на Република Македонија на 15 април 1992 година и поголемиот период функционираше како самостојна единица на ГШ на АРМ.
Денес, бВП се наоѓа во формацискиот состав на ЗОК, со целосно трансформирана структура и висок степен на компатибилност со вакви единици во НАТО, заради што за припадниците на бВП, важат посебни критериуми за селекција.
Основната мисија на бВП е обезбедување на објектите на МО, ГШ на АРМ и командите на единиците на АРМ, обезбедување на личности и делегации, како и командни места и објекти од посебно значење на бојното поле во услови на изведување на борбени дејства. Една од редовните задачите на оваа единица е регулирање и контрола на сообраќајот на сите воени моторни возила како и откривање, пронаоѓање и спроведување на припадници на МО и АРМ, кои извршиле криминално дело. Како резултат на достигнатата интероперативност, декларираните сили од составот на бВП успешно ги совладаа сите фази на оценување согласно Концептот на НАТО, а пред четири години еден негов вод заедно со припадниците на полкот за специјални операции, беше дел од наменските сили ,,Феникс” во мисијата ИСАФ во Авганистан.
Денот на полицијата и безбедноста, во среда ќе го одбележат и припадниците на службата на военото разузнување и безбедност, кои се наоѓаат во секциите Ј-2 и С-2 во структурата на командите и штабовите на АРМ. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Коцевски: Ако градоначалникот Ѓорѓиевски има докази за злоупотреби во јавните претпријатија нека пријави
Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, доколку има докази за злоупотреби во јавните претпријатија, е надлежен тоа да го пријави во Министерството за внатрешни работи или во Јавното обвинителство.
„Во однос на изјавите на градоначалникот, ќе кажам дека тој како градоначалник, доколку има докази и е надлежен, тоа може да го пријави на надлежните органи – МВР, и да ги достави тие документи евентуално во Јавното обвинителство. И досега Обвинителството така постапувало, што значи дека ќе постапува и натаму. Ако има злоупотреби, стоиме на располагање“, изјави Коцевски.
Градоначалникот Ѓорѓиевски претходно на социјалните мрежи објави дека во скопските јавни претпријатија се отпуштени 500 лица кои со месеци или години не доаѓале на работа, и дека нема да има толеранција за такви случаи.
Дополнително во телевизиско гостување, Ѓорѓиевски објасни дека до него пристигнале документи кои укажуваат на можни незаконитости во работењето на повеќе претпријатија.
Македонија
Следната недела почнува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителството со тим од 15 обвинители
Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, почнува следната недела, на 19 ноември.
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски најави дека обвинението ќе го застапува тим од околу 15 обвинители, со веќе утврден план за нивна координација.
„Во судница обвинението ќе го застапуваат истите обвинители што беа и досега, но најверојатно ќе ангажираме уште неколку, за да не се одолговлекува постапката. Од наша страна сме целосно подготвени и екипирани“, изјави Коцевски, додавајќи дека вчера се одржал координациски состанок во Јавното обвинителство.
Обвинението, поднесено во јуни годинава, опфаќа 34 физички и три правни лица, обвинети за тешки дела против општата сигурност. Меѓу нив се тројца поранешни градоначалници на Кочани, четворица директори на Дирекцијата за заштита и спасување, пет државни службеници, генерален секретар и двајца поранешни министри за економија. Првообвинети се тројцата одговорни лица и сопственици на фирмата чија подружница бил кабарето „Пулс“.
Покрај главниот предмет, се води и посебна истрага против 13 полицајци поврзани со случајот, која се одвива побавно поради одложени сослушувања на сведоци. Одлуката од Јавното обвинителство се очекува на почетокот на декември.
Во Основното јавно обвинителство Кочани се води и предистражна постапка против службеници на Управата за јавни приходи.
Македонија
Утре делови од Шуто Оризари без вода за пиење
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( среда ) поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Шуто Оризари)

