Македонија
Македонија посветено работи на секторите што се најчувствителни на климатските промени
Делегација од министерството за животна средина и просторно планирање присуствуваше на Втората конференција на меѓународната мрежа за економски зелен раст на земјите од Европа и централна Азија (EGGPAL), што се одржува во Истанбул, Турција.
Меѓународната конференција е организирана со цел споредбена размена на искуства околу економските прашања поврзани со зелен раст и климатски промени. На настанот отворено се дискутира за предизвиците и можните „зелени” солуции и решенија што ќе овозможи да се идентификуваат взаемните интереси кои може да послужат да се воспостави заедничка основа за делување во рамки на Мрежата.
„Нашата земја се наоѓа во регион кој е еден од најранливите на ефектите од климатските промени, поради што посветено работиме со секторите кои се најчувствителни на промени. Стратегиите и политиките на државата се насочени кон подобрување на нивниот капацитет за адаптација, бидејќи се работи за сектори кои се од круцијално значење за македонската економија”, рече заменик министерот за животна средина Стево Темелковски во своето обраќање.
На конференцијата присуствуваат повеќе од 80 учесници од земјите од Европа и централна Азија, меѓу кои повеќето се претставници од министерствата за животна средина, економија и финансии, потоа владини експерти, експерти од меѓународни институции и академии и од Светската Банка. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со мала облачност и ветер
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и дневни температури од 3 до 10 Целзиусови степени. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремен засилен ветер од северен правец.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и дневни температури од 3 до 11 степени. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
· Поради изведување на водоводен приклучк на водоводна мрежа со пречник од ф-200мм на улицата Радишанска, крак – 4 (Бел Камен), од 09:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и населба Кучевишка Бара, општина Бутел.
Македонија
Костовски: Усвоен рекорден буџет од 848 милиони денари, Левица, ДУИ и ВЛЕН против развојот на општина Бутел
Денес на седницата на Советот на Општина Бутел беше изгласан и донесен најголемиот, рекордно проектиран буџет кој некогаш го имала општина Бутел, извести градоначалникот Дарко Костовски.
„Усвоивме развоен буџет, буџет кој е наменет и исклучиво во служба на граѓаните. Буџет кој значи реализирање на барањата на граѓаните.
За жал советниците од ДУИ, ВЛЕН и ЛЕВИЦА не го поддржа буџетот, не го поддржаа проектот за вода во Љубанци и Љуботен, нова поликлиника, не поддржаа нови улици во Љуботен, Визбегово, Скопје Север, Бутел, не поддржаа нови проекти и не го поддржа развојот на Општина Бутел“, вели Костовски.

„20 години без никаков интерес за граѓаните на општина Бутел!
63% од овој Буџет за капитални проекти!
Со овој буџет одвоени се рекорден број на финансии за капитални проекти.
Со овој буџет издвоени се финансии за реализација на:
-Нова поликлиника
-Доизградба на водоводот за Љубанци и Љуботен
-Детска градинка во населеното место Бутел 2
-Изградба на пливачки базен во ООУ “Ацо Шопов”
-Нови мостови на река Серава
-Уредување и чистење на речното корито на Река Серава
-Финансиска помош за новороденчиња
-Реконструкција на клучните сообраќајници во општина Бутел
-Реконструкција и ревитализација на голем број на помали сервисни улици
-Изградба на нова и реконструкција на постоечката атмосферска и фекална канализација
-Изградба на нови спортско рекреативни центри
-Нови детски игралишта
-Нови спортски игралишта
-Нов пешачки и пристапни патеки
-Поддршка на спортски клубови
-Спортски стипендии
-Парична помош за пензионерите
-Зголемен број на финансиски средства за помош на социјално загрозени семејства
-Финансии за културни и спортски настани

Како и изминатите години така и во овој буџет предвидени се 0 средства за репрезентација, патни трошоци, како и непродуктивни трошоци.
Парите на граѓаните мора и исклучиво ќе се користат за нивни потреби!
2026 година ќе биде година на развој, на многу нови значајни проекти во сите населени места!
Продлжуваме за модерна, стабилна и просперитетна Општина Бутел!“, соопшти Костовски.

