Македонија
Трета седница на Собранието на Република Македонија
Собранието на Република Македонија во понеделник ќе ја разгледува Предлог одлуката за утврдување на бројот на потпретседатели на Собрание со која, според предлогот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, треба да се изберат тројца потпретседатели.
По предлог на претседателот на Собранието, пратеничкиот дом го одредува бројот на потпретседатели на Собрание кои се избираат од редот на пратеници кои припаѓаат на различни политички партии застапени во собранието.
Според резултатите од последните предвремени парламентарни избори на Република Македонија во новиот пратенички состав ВМРО – ДПМНЕ ќе влезе со 61 пратеник, ДУИ со 19, ДПА со 7, Гром со 1 и НДП со еден пратеник.
СДСМ на изборите освои 34 пратенички мандати, но според последната одлука на партијата, пратениците избрани од нивната партија нема да учествуваат во работата на новиот парламентарен состав.
На дневен ред во Собранието за понеделник се и предлог-одлуките за основање на постојани работни тела за основање делегации, пратенички групи и други облици на остварување на меѓународната соработка на Собранието на Република Македонија и за објавување оглас за избор на членови на Комисијата за верификација на фактите./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Зелениково и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, дел од корисниците од улиците Самоилова и Јоаким Крчовски, како и објектот на Музејот на Современа Уметност, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од селата Зелениково, Ново Село, Страхојадица и Смесница, општина Зелениково;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците лоцирани околу ул. Австралиска бр. 5 во населба Даме Груев, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Утре во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на денот насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониска утринска температура.
Македонија
Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци, дури и години, не оделе на работа.
„500 лица до денес, се отстранети од работа од претпријатијата во градот Скопје. Тоа се лица кои се платени од парите на скопјани, но не оделе на работа со месеци, дури и години“, објави Ѓорѓиевски.
Тој најави дека секој кој чесно си ја работи работата, ќе биде награден, а оној што не работи ќе биде казнет.
„Тука, нема да има толеранција, а ќе има и одговорност! Секој оној што чесно си ја работи својата работа ќе биде награден, а оној што не работи – ќе биде санкциониран. Ред во Скопје, мора да има! Она што е платено со парите на граѓаните јас мора да го заштитам“, напиша Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.

