Македонија
Нема опасност во Косел, апел да не се шират дезинформации
Појавата на чад од сулфатарата Дувало во Косел, остаток од вулкан кој изумрел пред милиони години, е природна појава и нема простор за паника кај населението, затоа што не се регистрирани никакви сеизмички активности во тој регион, смируваат надлежните институции, објави OhridNews.
„Врз основа на добиените информации од терен се работи за природна активност. Овде е расадна линија од каде постојано излегува сулфур водород и јаглероден диоксид. На ова место со години наназад се одлагал смет, а и мештаните тука го фрлаа ѓубрето. Овде има голем слој на градежен шут, кој најверојатно ги затворил природните отвори од каде излегува гасот, а затворена е и главната дупка поради дождовите и најверојатно гасот има направено нови отвори под притисок и затоа излегувал поинтензивно црн чад. Според информациите на Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија во Скопје, не е забележана никаква сеизмолошка активност во ова подрачје, што значи дека се работи за нормална појава на излегување на гас од расадната линија”, објаснува Љупчо Прескакулов од Дирекцијата за заштита и спасување.
Информациите за оваа природна појава беа сензационалистички пренесени во дел од медиумите што предизвика вознемиреност кај населението, но и чудење кај жителите на Косел.
„После долги години прв пат се случи да избијат гасови од вулканот во Косел. Ова мораше да се случи затоа што пред две години кратерот на вулканот беше затрпан при чистење на депонијата од страна на комуналното претпријатие. Поради тоа гасот изби на друго место. Не се направи никаква паника, луѓето се навикнати на вакви појави. Од љубопитност некои дојдоа на ова место кое треба да претставува атракција”, изјави 62-годишниот жител на Косел Мите Мојсоски.
Сулфатарата Дувало денеска ја посети градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, кој исто така упати смирувачки зборови, укажувајќи дека нема причина за загриженост. Тој истакна дека локалната самоуправа веднаш стапила во контакт со надлежните институции, ЦУК, ДЗС, Природноматематичкиот факултет, институтот за хемија и други.
„Нема никаква причина за загриженост, ниту за вознемиреност на населението не само во околината на Косел туку и во градот Охрид. Се работи за природна појава која се случува при промена на временските прилики. Нема никаква опасност ниту по здравјето на луѓето, ниту по околината”, изјави градоначалникот Бакрачески.
Тој додаде дека општината во рамки на програмата за животна средина презема мерки за уредување на просторот, а изработени се и промотивни флаери со цел промоција на овој локалитет во туристички цели.
Бакрачески ги демантираше гласините кои се појавија во одредени медиуми објавени во текот на вчерашниот ден околу некаква сезимичка активност на просторот и упати апел да не се шират дезинформации и паника во јавноста.
Дејан Пановски од Министерството за животна средина и просторно планирање појаснува дека сулфатарата Дувало во Косел е поствулканска појава, која дополнително треба да се истражи и валоризира во туристички цели.
„Ако имате една ваква поствулканска појава во вашиот регион, а не се користи во туристички цели навистина е штета,” рече Пановски.
Вулканот во Косел, односно сулфатарата “Дувало” претставува активна поствулканска појава која се наоѓа во непосредна близина на селото сместено недалеку од Охрид. Има изглед на минијатурен кратер со пречник од 0,5 м и длабочина од 30 см. Од отворот избиваат гасови на јаглен диоксид и сулфур водород заради што оваа појава во исто време е и мофета и сулфатара. Според стручњаците претставува последен знак на изумирање на некогашна вулканска активност. Сулфатарата Дувало во Косел е поствулканска појава една од ретките од ваков вид во овој дел на Европа. Со самиот ваков карактер сулфатарата преставува природен феномен, поради што во 70-тите од страна на Собранието на Општина Охрид добила статус на природна реткост. Во 2010 година Секторот за урбанизам и заштита на животна средина при општина Охрид отпочна активности за заштита и уредување на локалитетот Дувало (сулфатарата во Косел) и негова промоција.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Заедничка изјава и рамка за договор за балансирана трговија со САД и за царински тарифи на одредени производи и индустрии до 0%, ова е политика на конкретни резултати
Продлабочување на стратешко партнерство со САД: силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија.
По договорот за партнерство со Обединетото Кралство и затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, доцна синоќа Белата куќа објави Заедничка изјава меѓу САД и Македонија за реципрочна трговија, објави премиерот Христијан Мицкоски.
Оваа изјава, додава тој, претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД. Таа, како што вели, го трасира патот кон сеопфатен договор кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и индустрии и до 0%, отворајќи нови можности за извоз, инвестиции и економски раст.
„Со ваквите чекори ја зацврстуваме позицијата на Македонија како доверлив и предвидлив партнер, градиме економија со повисок стандард и ја унапредуваме нашата меѓународна позиција.
Ова е политика на конкретни резултати. Чекор по чекор, со јасна визија и стабилна поддршка од нашите стратешки сојузници“.
Македонија
Ова е веќе ВМРО-ОКГ, нема демократија ниту во името, велат од СДСМ
Сопруга на градоначалник на ВМРО назначена за член на Судски совет. Советник на Мицкоски во Уставниот суд. Татко на министер е советник во Владата Мицкоски, истакнуваат од СДСМ.
„161 тендер за семејната фрима на Томовски, каде е неговиот татко но и негов близок роднина.
51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините. А тендерските шеми со поврзани фирми водат до таткото на Нелоски, шефот на кабинет на Мицкоски.
Во Алта Банка цела структура на ВМРО. Од Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО па до баџанакот на Тошковски.
Во Народна банка, за Гувернер, наместо експерт – Трајко Славески, поранешен министер во времето на Груевски.
На чело на АНБ, претседателот на Градскиот комитет на ВМРО.
Томовски назначен за втор организациски секретар во ВМРО, да организира тендери.
Сменети сите потпретседатели во ВМРО, останат е само чуварот на фотелјата Мицкоски“.
Ова, додаваат од СДСМ, не е само непотизам и партизација, ова е ОКГ – Организирана криминална група.
„ВМРО-ОКГ. Нема демократија ниту во името.
Македонијо, 2016 ни чука на врата, ни се враќа Никола Груевски“.
Македонија
Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава
Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови „Lidl“ и „Kaufland“, објави на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски кој од денеска е во Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција.
„Разговаравме за нивните планови за инвестиции, отворање нови работни места и модернизација на трговскиот сектор во нашата земја.
Ги отвораме вратите за домашните компании да ги пласираат своите производи во големите европски синџири.
Продолжуваме да разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава“, пишува Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.

