Македонија
Пушењето е водечка причина за смртност
Пушењето е водечка причина за смртност не само во Македонија, туку и во светот, велат од канцеларијата на Светската здравствена организација во Македонија. Исто така тутунот е главниот фактор кој придонесува за незаразните болести како што се ракот на белите дробови и срцевите заболувања.
Во Македонија околу 30 проценти од населението спаѓа во категоријата пушачи, а студијата изработена од Институтот за социјална медицина на труд при Медицинскиот факултет во Скопје, чии резултати беа соопштени во петок по повод Светскиот ден против пушењето 31-ви мај, покажа дека секој трет лекар во Македонија е пушач. Од 1999 година, меѓутоа, бројот на пушачи меѓу лекарите се намалил за 30 проценти.
Студијата покажа дека ниту еден од лекарите не потврдил дека употребува никотинска замена со цел да се одвикне од цигари, 35 проценти од лекарите изјавиле дека лекарите-пушачи помалку ги советуваат своите пациенти да се одвикнат од пушење, а речиси 72 проценти од нив сметаат дека пациентите полесно ќе се одвикнат од пушење доколку ги советува лекарот.
Заклучок од ваквите резултати е дека треба да се засили едукацијата на Медицинскиот факултет во делот на превенција на пушењето.
Снежана Чичевалиева, шеф на Канцеларијата на Светската здравствена организација истакна дека сите мора да сфатиме дека пушењето е водечка причина за смртност, не само во светот, туку и кај нас.
Мотото на Денот против пушењето оваа година е „„Зголемете ги даноците, намалете ги смртните случаи и болестите”.
Позитивен пример за ефикасноста на зголемувањето на даноците врз намалување на пушењето е Турција која има долга традиција за пушење. Во оваа земја зголемувањето на акцизите и спроведувањето на другите политики, како што се забраната за пушење во затворени простории и рекламирање на тутунот, довеле до релативно опаѓање на пушењето од 13 проценти помеѓу 2008 и 2012 година.
Според проценките на СЗО, ако сите земји го зголемат данокот на цигарите за 50 проценти ќе има 49 милиони пушачи помалку, а ќе се избегнат најмалку 11 милиони смртни случаи предизвикани од пушењето. Во просек зголемувањето на даноците на тутун и зголемување на цената за 10 проценти ќе ја намали употребата на тутунот за четири проценти во земји со високи примања за околу пет проценти во земјите со низок и среден приход. СЗО препорачува даночниот удел да биде најмалку 75 проценти од малопродажната цена од најпопуларните марки на цигари. Во 53 земји во европскиот регион на СЗО, 26 имаат веќе таков закон. Заради тоа Европа е глобален лидер во оданочување на тутунот и цените, во споредба со другите региони на организацијата.
Глобална проценка на СЗО е дека доколку даноците се зголемат за 50 проценти по кутија цигари, владите би заработиле дополнителни 101 милијарда американски долари.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Работниците се двојно попродуктивни од она што го добиваат преку платите, велат од ССМ
Македонските работници создаваат повеќе од двојно поголема економска вредност од она што го добиваат како плата, покажуваат податоците на Меѓународната организација на трудот (ILO), кои денеска ги посочи Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
Според индикаторот за бруто домашен производ по одработен час, продуктивноста во Македонија изнесува околу 34 американски долари по час, што е над светскиот просек од 23,27 долари. Пресметано на месечно ниво, со просечни 168 работни часови, еден работник создава 297.024 денари економска вредност.
Наспроти тоа, нето минималната плата во државата изнесува 24.379 денари, што значи дека работник кој зема минимална плата добива само 17 проценти од вредноста што ја создава.
Од ССМ оценуваат дека распределбата на создадената вредност е „непропорционална и неправедна“, при што најголемиот дел завршува во профит, инвестиции, амортизација, даноци и други капитални трошоци, а не кај работниците.
-Очигледно е дека обидите да се сопре растот на минималната плата не произлегуваат од продуктивноста на работниците, туку од тоа колку се богати газдите и функционерите на сметка на работничкиот труд, наведуваат од ССМ.
Според синдикатот, продуктивноста на македонските работници е повисока од онаа во дел од земјите во регионот, како Црна Гора, Србија, Босна и Албанија, а блиску до нивото на Бугарија. Сепак, минималната плата во Македонија останува значително пониска од повеќето соседни земји.
ССМ заклучува дека работниците се експлоатирани, а ваквата состојба, според нив, е поддржана од страна на работодавачите и институциите, нагласувајќи дека во државата постои економски простор за поголем раст на платите.
Македонија
Осомничениот за убиството за жената од Челопек е поврзан и со други кривични дела
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место во селото Челопек, каде беше пронајдено безживотно тело на 78-годишна жена, за која постојат сомненија дека насилно била лишена од живот.
Од Обвинителството информираат дека се издадени повеќе наредби за обезбедување докази и траги од местото на настанот, кои ќе бидат предмет на дополнителни вештачења со цел целосно расчистување на случајот.
Во врска со настанот, едно лице е лишено од слобода под сомнение дека е сторител на кривичното дело убиство. Постојат индиции дека истото лице во претходниот период можеби било инволвирано и во други кривични дела на подрачјето на кумановско, поради што, по наредба на јавен обвинител, се преземаат интензивни дејствија за утврдување на сите околности и евентуалната поврзаност меѓу настаните.
Од Обвинителството посочуваат дека по целосно испитување на фактите и прибирање на сите релевантни докази ќе биде поведена соодветна постапка против осомниченото лице.
Македонија
Мицкоски: Пораките на Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници
Пораките на американскиот државен секретар Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници, светот веќе не функционира по старите правила. Како Влада, продолжуваме посветено да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница.
Подготвени сме да одговориме на предизвиците, да ја модернизираме нашата одбрана и да обезбедиме сигурна иднина за нашите граѓани, објави премиерот Христијан Мицкоски, од Минхен.
Мицкоски од вчера престојува во повеќедневна посета на Сојузна Република Германија, каде што учествува на 62. Минхенска безбедносна конференција, на која, како што соопшти владината прес-служба, ќе ја реафирмира определбата на државата за предвидлив и фер процес на интеграција во Европската Унија, без дополнителни билатерални условувања.

