Македонија
Зголемен број на измамници за посредување за иселенички канадски визи
Сé поголем е бројот на лажните огласи на Интернет за посредување при добивање на иселенички визи за Канада. Поради ваквата појава, Народниот правобранител на Македонија укажува дека за вадење на канадска иселеничка виза нема потреба од посредници при аплицирањето.
„Со цел заштита на граѓаните на Република Македонија кои сакаат да аплицираат за иселеничка виза за Квебек и Канада, Народниот правобранител ги информира за препораката на Mедијаторот на Квебек многу внимателно да ги земат предвид сите огласи-понуди за посредување при вадењето на виза, заради сé позачестената појава на измамување на граѓаните од лица и агенции кои се претставуваат како владини агенти-посредници, кои за одреден надомест, кој се бара да се уплати однапред, нудат помош за побрзо и полесно добивање на иселеничка виза за Квебек и Канада”, се наведува во соопштението на Народниот правобранител откако на негова адреса стигнало писмо од канцеларијата на Медијаторот на Квебек.
Во соопштението објавено и на Интернет страната на омбдусманот се наведува дека за вадење на канадска иселеничка виза нема потреба од посредници при поднесување на аликациите до имиграционите служби на Квебек и Канада.
Исто така, граѓаните нема потреба да се изложуваат на дополнителни трошоци за плаќање на надомест на посредниците.
Доколку граѓаните, сепак, се одлучат да вадат виза преку посредник, треба да внимаваат и да се осигураат дали лицето или агенцијата кои се претставуваат како посредници за имиграција се овластени да делуваат како такви од страна на Министерството за имиграција, различност и инклузија на Квебек.
Покрај тоа, сите потребни информации за начинот на аплицирање и добивање на иселеничка виза може да се проверат на веб-страницата на ова министерство.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски со претседателот на републиканците ја следеше инаугирацијата во Вашингтон
Премиерот Христијан Мицкоски ја следеше инаугирацијата на Трамп заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли.
„Заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли во ВИП ложата во Вашингтон ги следиме инаугуративните активности на новиот американски претседател, Доналд Трамп“, објави Мицкоски на Фејсбук.
Премиерот денеска присуствуваше на балот во Вашингтон, кој се одржа пред назначувањето на новиот претседател на САД, Доналд Трамп, и на кој присуствуваа видни политички личности од повеќе земји од светот, како и познати бизнисмени.
Скопје
Нормализиран сообраќајот од средно Водно до св. Пантелејмон
Сообраќајот на патниот правец Р 2138 од средно Водно до св. Пантелејмон од 11.00ч. е нормализиран.
Регионалниот ЦУК (РЦУК) Скопје извести претходно дека од Општина Карпош вчера добиле информација дека патот меѓу Пантелејмон (Горно Нерези) и Средно Водно не беше безбеден за движење со моторни возило и апелираа истиот да не се користи поради голомразица.
Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштија од АМСМ.
Македонија
Мицкоски со Гренел: Се бориме за секој интерес на Македонија
За време на посетата на САД, во Вашингтон, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари повеќе активности и средби со истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот.
Тој се сретна и со Ричард Гренел, нов претседателски пратеник за специјални мисии и политика.
За средбата Мицкоски истакна:
„Разговаравме за актуелните случувања, за предизвиците со кои се соочуваме како држава и нашето остварување на стратешките интереси врзани со членството во Европската Унија. Воедно побарав поголемо ангажирање од нашите стратешки партнери на тој план, како и искористување на потенцијалите на економски план. Се бориме за секој интерес на државата.“, посочи Мицкоски.