Македонија
34 починати и 193 нови случаи на Ковид-19

Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 1.192 тестирања, а регистрирани се 193 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 110, Прилеп – 16, Кавадарци – 15, Куманово – 12, Штип -9, Тетово – 7, Кочани и Кичево по 4, Велес – 3, Битола, Струга и Дебар по 2 и по еден во Охрид, Струмица, Неготино, Гевгелија, Свети Николе, Валандово и Македонски Брод.
Регистрирани се и 1.014 оздравени пациенти од: Скопје – 427, Охрид – 62, Прилеп – 59, Битола – 58, Кавадарци – 52, Куманово – 42, Велес – 40, Гевгелија – 35, Гостивар – 29, Струмица – 27, Кочани – 20, Тетово – 19, Штип – 18, Валандово и Берово по 14, Кичево и Свети Николе по 12, Македонски Брод – 11, Неготино – 8, Крушево – 7, Струга, Делчево, Пробиштип и Богданци по 6, Радовиш – 5, Ресен и Демир Капија по 4, Крива Паланка, Демир Хисар, Кратово и Пехчево по 2 и по еден во Виница, Македонска Каменица и Дојран.
Пријавени се вкупно 34 починати лица: 15 од Скопје (54г, 56г , 60г, 60г, 63г, 63г ,67г, 67г 68г, 69г, 69г, 71г, 76г, 76г и 80г), пет лица од Прилеп (62г, 64г, 70г, 85г и 87г), по две починати лица од Куманово ( 74г и 83г), Битола (59г и 75г), Штип (68г и 77г), Кочани (66г и 81г) и Кичево (66г и 68г) и по едно лице од Велес (76), Охрид (42), Неготино (58) и Свети Николе (68). Сите од нив се починати во болнички услови.
Направени се 1.192 тестови преку: ИЈЗ-112, ЦЈЗ Скопје-19, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, МАНУ-79, Жан Митрев (Филип Втори)-165, Биотек-198, Систина-249, Синлаб – 27, Генеа – 19 и ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 323.
Досега во земјата се направени вкупно 670.333 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 142.034, бројката на оздравени пациенти е 117.794, на починати е 4.262, а бројот на активни случаи изнесува 19.978.
Според епидемиолошките анализи, статистиката по градови во моментов е следна:
Скопје 63.330, активни 9.324
Куманово 7.667, активни 1.211
Прилеп 7.632, активни 1.033
Тетово 6.708, активни 667
Битола 5.328, активни 1.205
Велес 5.010, активни 796
Гостивар 4.861, активни 495
Кавадарци 4.844, активни 589
Штип 4.579, активни 452
Охрид 4.550, активни 750
Струмица 3.635, активни 527
Струга 2.808, активни 227
Кочани 2.473, активни 288
Кичево 2.234, активни 280
Неготино 2.058, активни 267
Гевгелија 2.034, активни 370
Свети Николе 1.375, активни 129
Крива Паланка 1.143, активни 90
Ресен 1.135, активни 233
Радовиш 1.000, активни 143
Берово 939, активни 103
Делчево 895, активни 82
Дебар 890, активни 59
Пробиштип 734, активни 68
Виница 691, активни 102
Валандово 587, активни 83
Крушево 449, активни 115
Богданци 446, активни 69
Демир Капија 386, активни 57
Демир Хисар 347, активни 49
Кратово 343, активни 22
Македонски Брод 337, активни 42
Пехчево 241, активни 20
Македонска Каменица 216, активни 7
Дојран 129, активни 24
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Вреди“ бара истрага за намерна манипулација со бројот на Aлбанците на пописот

Од „Вреди“, известуваат дека ќе поднесат кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешното раководство на Државниот завод за статистика, други одговорни и раководни лица во врвот на поранешната Влада на ДУИ и СДСМ, како и други лица со моќ на договарање во тогашната политичката власт во врска со пописот на населението.
Причина за пријавата, како што појаснуваат е сериозниот сомнеж за политичко договарање и следствено на тоа, фалсификување на резултатите од Пописот во 2021 година. Од „Вреди“ се сомневаат дека е извршено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување (чл. 353 од Кривичен Законик).
„Последиците од овој чин се далекусежни: драстично и свесно е намален бројот на прикажаните Албанци во многу села, населени места и градови низ државата. Со тоа Албанците лично и поединечно губат многу права (гарантирани со Уставот) како вработувања, политичка застапеност и јазична еднаквост. Но и институциите се доведени во ситуација да олучуваат за намена на средства и фондови по погрешни и намалени бројки, со што повторно се оштетени граѓаните во многу општини“.
Бараат Јавното Обвинителство да ги испита овие наводи.
„Дополнително, овие денови високи функционери на ДУИ јавно признаа дека „пописот бил во рамки на договореното“, што уште повеќе го поткрепува сомнежот за политичка режија на целата операција“.
Од „Вреди“ велат дека ја преземаат ваквата иницијатива во одбрана на законитоста, еднаквоста и реалната статистичка слика на државата. Очекуваат ОЈО итно да отвори предмет, да ги обезбеди сите материјални докази и да спроведе темелна истрага.
„Нема компромис кога се повредува достоинството и бројноста на нашата заедница. Борбата за вистината започнува сега и ќе ја истуркаме до крај, во интерес на сите граѓани на Република Северна Македонија“.
Македонија
Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот кај село Луково

Од 12:42 часот, сообраќајот на патниот правец Струга – Дебар кај с.Луково е во прекин во двата правца, поради случена сообраќајна незгода, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
50-60 магационирани БТР, „хермелини“ и „пинцгауери“ ќе гаснат пожари летово, им се вградуваат резервоари за вода, рече Мицкоски

Застарените и магационирани возила на министерствата за внатрешни работи и за одбрана се приспособуваат за гаснење пожари на непристапен терен. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека годинава државата е драматично поподготвена за пожарите во однос на претходните години. Тој рече дека пожари ќе се гаснат како и досега со армиските и со полициските хеликоптери, како и со авионите на Дирекцијата за заштита и спасување, чие дополнување ќе бидат приспособените возила, кои досега стоеле во магацините.
„Она што ќе биде новитет е дел од застарената и магационирана опрема, како што се БТР 70, 80, старите ’хермелини’, ’пинцгауери’ и слично, кои беа во магацините на министерствата за одбрана и за внатрешни работи, се модернизираа, обработија, им се инсталираа посебни резервоари за вода, се купија пумпи што работат на висок притисок и може да пристапуваат на непристапни терени. Тие се за она што многу ни беше важно, навечер, кога огнот, како што велат, спие, да може да му пристапиме и да го изгаснеме за да не се распламти преку ден. Се подготвуваат и многу бргу од денеска ќе бидете сведоци на една таква показна вежба како од ништо направивме нешто. Очекувам 50-60 вакви возила да бидат подготвени со соодветен инсталиран волумен за вода до шест кубни метри, шест тона. Очекувам подготвено да ги пречекаме пожарите и мислам дека драматично сме многу поподготвени од претходните години“, рече премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „Реплек“.
Премиерот извести дека двата авиона за гаснење пожари на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) се тука, а третиот се чека да пристигне од сервис.
ДЗС денес извести дека го надминале и проблемот со недостиг на пилоти за авионите за гаснење пожари со тоа што повторно ги ангажирале двајцата пензионирани пилоти.