Македонија
(Видео) 36,56 проценти одѕив во дијаспората

Вкупно 36,56 отсто, односно 985 лица гласале досега во странство, каде на 33 места право на глас имаа 2.694 лица, соопшти на прес-конференција Државната изборна комисија.
Поради временската разлика сѐ уште се отворени шест места во Канада, САД и Лондон. Пет избирачки места од Канада и САД не се вклучени во бројката.
Според податоците што ги соопшти ДИК, во затворите одѕивот бил 64,69 отсто.
Од 1859 кои гласаат дома, односно болните и немоќни лица, гласачкото право го оствариле 1520 гласачи, но гласањето се уште трае.
Во врска со инцидентот што се случи во Австралија, од ДИК велат дека случајот е евидентиран и пријавен.
Денеска на референдумот гласаа болните, изнемоштените, лицата во домашен притвор, затворениците и државјаните на Македонија што живеат во странство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Грета Тунберг во Тетово

Шведската активистка Грета Тунберг вчера беше во Тетово, во посета на Општествено-културниот центар Тетово, објавија од организацијата.
Тунберг ја посетила и новата локација на Центарот која се спрема со заеднички волонтерски ангажман кој се реализира со поддршка од меѓународни партнери од Белгија, Косово, Црна Гора и од Босна и Херцеговина.
Новиот простор ќе биде отворен утре со почеток од 18 часот.
Пред да пристигне во Македонија, Тунберг учествуваше на протест во главниот град на Албанија, Тирана, каде што на плоштадот Скендербег се обрати пред многу граѓани. Таа тогаш повика на итен прекин на израелската опсада врз Газа и остро ја осуди.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Методологијата на Тренчевска на пензионерите им ги зголеми пензиите за 138 денари

Методологијата на Тренчевска на пензионерите им ги зголеми пензиите за 138 денари, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за 18 месеци ги зголемува за 7.000 денари, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес – конференцијата на Јована Тренчевска од СДСМ.
„СДС и Тренчевска продолжуваат да манипулираат со бројки, но фактите говорат сосем спротивно.
Методологијата на Тренчевска на пензионерите им ги зголеми пензиите за 138 денари во време на КОВИД пандемија кога поради нивната лоша економска политика инфлацијата беше над 20%.
Да потсетиме дека кога СДС и Тренчевска беа на власт пензионерите секојдневно протестираа по улиците и пред владата, а нивните барања беа токму за линеарно покачување на пензиите.
СДС и Тренчевска тогаш немаа слух за пензионерите, ги донесоа до раб на егзистенција и не им овозможија достоинствен живот каков што заслужуваат.
Пензионерите сега веќе имаат партнер во оваа Влада која ги слуша им ги решава проблемите, им го вреднува вложениот труд и овозможува достоинствено да живеат.
За неполна година Влада на ВМРО-ДПМНЕ, пензиите веќе се зголемија за пет илјади денари, а од септември и март следи друго покачување од по илјада денари. Само за 18 месеци пензиите на сите пензионери линеарно ќе се покачат за 7.000 денари“, пишува во реакцијата.
Македонија
Пуштен во употреба нов булевар во Гевгелија

Денес, овде во Гевгелија, заедно сведочиме на исполнување на едно големо ветување. Го пуштаме во употреба капиталниот проект-улицата „Свети Климент Охридски“, обиколницата која претставува нов современ западен булевар и е директна артерија за сообраќајниот и економскиот живот на Гевгелија, изјави премиерот, Христијан Мицкоски.
Тој кажа дека ова бил приоритетен проект од програмата за работа уште во 2021 година.
„И денес, само неколку години подоцна, го гледаме реализиран. Со вредност од над 120 милиони денари или околу 2 милиони евра, оваа улица не е само нов асфалт, туку симбол на нашата решителност, дека ветувањата не се дават за да се заборават, туку за да се исполнат“, рече Мицкоски.
Тој кажа дека паралелно со овој проект, во тек е и реконструкцијата и рехабилитацијата на дел од Булеварот „Гевгелија“, заедно со натпатникот на улицата „Железничка“ и железничката пруга, проект во вредност од над 25 милиони денари.
„Дополнително, во завршна фаза е и изградбата на кружната крстосница на влезот во Гевгелија, со нов мост над каналот „Рауљ“, како и дислокација на дел од каналот под крстосницата, проект вреден повеќе од 27 милиони денари. Тоа се крупни инфраструктурни зафати што значат подигнување на општината на едно повисоко ниво, што значи визија, план и конкретна работа“, изјави Мицкоски.