Македонија
40 тони отпад исчистени од депониите кај Теферич
Исчистени трите големи диви депонии кај Теферич.
Градоначалникот Ѓорѓиевски изврши увид во работата на сезонските работници ангажирани од Општина Кисела Вода и службите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.
![]()
„Продолжуваме со интензивно чистење на депониите во општината. Денес се работи на Теферич, локација каде што е евидентно колку досега не се водело грижа за животната средина. Заедно со ‘Комунална хигиена’, претпријатие во надлежност на Град Скопје, излеговме во преземање теренски активности со цел ефикасно да се справиме со непрописно одложениот отпад. Сепак, освен естетски, овој проблем има и друга, поголема димензија, која го засега здравјето на луѓето и животната средина во целост. Потсетувам дека интензивно работиме и на чистење на депонијата во Дупки, а ќе продолжиме со чистење и ремедијација на сите депонии на територијата на општината. Се надевам дека на овој начин ќе ја облагородиме животната средина, но и ќе ја подигнеме свеста кај граѓаните за потребата од соодветно одложување на отпадот“, изјави градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
![]()
Покрај чистењето на депонијата кај Теферич, сезонските работници денес работеа и во населбата Драчево, на потегот околу улицата Коперникова.
Се собираше комунален отпад, се метеа и собираа паднатите лисја, со цистерна се миеја улиците, плочниците, тротоарите и паркинзите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Од АМСМ известуваат дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти АМСМ.
Македонија
Дел од Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани прекини и тоа:
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците на улиците 393 и Стојна Стевкова, општина Чаир.
Македонија
(Видео) Работници од Индија кои никогаш не виделе снег, за прв пат му се радуваат овде во Македонија
Работниците од Индија кои работат на автопатот Прилеп-Битола и се сместени во кампот на “Бехтел и Енка”, за прв пат гледаат снег во Македонија, па одлично се забавуваа и уживаа во белата покривка.

