Македонија
Новите 500 партиски вработувања во ЕСМ нема да ја спасат власта од катаклизмата што ги очекува на изборите, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Огласот на ЕСМ, за над нови 500 партиски вработувања, во оваа институција, е само очајнички обид на Ковачевски, Ахмети, Груби и Спасовски, колку толку, макар и за еден промил, да го ублажат поразот, на изборите во мај, кој ги чека, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Оглас за вработување, на над 500 луѓе, во само една институција и тоа на само еден месец од формирањето техничката влада, е ништо друго, него класичен обид за вработување на партиски војници, каде платите за овие објавени позиции се движат од 30 до 60 илјади денари. Ако на народот веќе не му е јасно, зошто ги немаме почнато преговорите за влез во ЕУ, еве ова е еден класичен пример, како настрана, корупцијата и криминалот и со вакви потези, се руши кредибилитетот на државата“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ
Според нив оваа власт, на чело со ДУИ и СДСМ, по катастрофалниот пораз на изборите, ќе бидат запаметени, како најголем кочничар на Македонија, на патот кон ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Министерката Јаневска на министерски состанок на земјите од Западен Балкан во Подгорица

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на министерски состанок на земјите од Западен Балкан за истражувања и иновации кој ќе се одржува во Подгорица, Црна Гора на 20 и 21 октомври 2025 година.
Дводневниот настан предвидува повеќе панел дискусии посветени на можностите за развој и поврзување на истражувачката инфраструктура на земјите од Западен Балкан, анализа на ефективноста на Планот за раст и националните стратегии за паметна специјализација на државите од регионот, како и за примената на вештачката интелигенција во науката и истражувањето, извести МОН.
Освен учество на панел дискусиите, министерката Јаневска ќе оствари и билатерални средби со еврокомесарката за истражување и иновации Екатерина Захариева, директорката на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија, Сабине Хенцлер, претседателката на Европската мрежа за соработка во областа на истражувањето и технологијата (COST) Асе Горницка и со црногорската министерка за образование, истражување и иновации Ангела Јакшиќ Стојановиќ, соопшти МОН.
Македонија
Грозданов и Крстевски одат во втор круг во Кочани, први избори по трагедијата во „Пулс“

Актуелниот в. д. градоначалник на Кочани и независен кандидат за втор мандат, Венко Крстевски, и кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Грозданов, ќе одат во втор круг на локалните избори.
Според 100 отсто обработени гласови, Грозданов освои 5.641 глас, односно 39,79 отсто, додека Крстевски доби 3.394 гласа или 23,94 проценти. На третото место е кандидатот на СДСМ, Игор Христов, со 2.444 гласа, односно 17,24 проценти.
Вториот круг од локалните избори ќе се одржи на 2 ноември.
Овие избори се одвиваат во посебна атмосфера — тоа се првите избори по трагедијата во дискотеката „Пулс“, каде што животот го загубија 63 млади луѓе, настан што длабоко го потресе Кочани.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 15:00 часот, корисниците на блокот згради од булеварот Партизански Одреди бр.17, кон улицата Максим Горки, општина Центар.