Македонија
588 полицајци ангажирани во пожарите во последното деноноќие
Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 09.08.2021 до 07.00 часот денеска на 10.08.2021 во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, од страна на МВР беа ангажирани околу 588 полициски службеници, реализирани 222 мото-патроли и користени 175 возила. Деноноќно на терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата: Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, Единицата за брзо распоредување и Посебната единица за поддршка, кои несебично помагаат во гасење на пожарите, информира МВР.
Од таму соопштија дека на 09.08.2021 година поднесена е една кривична пријава од СВР Струмица во врска со пожар настанат на 08.08.2021 година, кај крстосница с.Дабиле-с.Сачево, против Д.К.(30) од с.Баница, за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
На 09.08.2021 година, во полициското одделение Велушина-Битола, во врска со пожар кој настанал на 09.08.2021 во атар на с.Кишава, на службен разговор во полициска станица биле повикани четири лица на возраст од 21 до 27 години, сите од с.Кишава и се работи на расчистување на случајот.
МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време се изложени на сонце и можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец, напоменуваат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Голем број деца пеејќи ја божиќната песна „Вечниот Бог“ пристигнаа во општина Аеродром
Со неизмерна радост, утринава голем број дечиња од сите делови на Аеродром, пеејќи ја божиќната песна „Вечниот Бог“, пристигнаа во општина Аеродром и станаа првите гласници на Бадник, во пресрет на Христовото раѓање.
„Тие, носејќи го бадниковиот пламен, ни ги исполнија душите со празнична топлина, љубов и надеж. Како дел од традиционалната манифестација „Бадниковите поворки“, со чисти гласови и искрени насмевки, дечињата го најавија најрадосниот христијански празник – Божиќ. 🌟👧🧒
Во духот на празникот, секое дете доби подарок од општина Аеродром, а ние од срце им посакавме уште многу радосни мигови и безгрижно детство.
Честит Бадник и светлината што денеска ја донесоа децата нека ја осветли секоја семејна трпеза и секое срце“, порачуваат од општина Аеродром.
Македонија
(Фото) Градоначалникот Георгиевски им подари пакетчиња на коледарите од општина Илинден
По повод големиот христијански празник Бадник, коледарите од општина Илинден со традиционални бадникови и коледарски песни ја најавија радосната вест за Христовото раѓање – Божиќ.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, ги пречека коледарите пред Домот на култура „Илинден“, каде што им подари празнични пакетчиња и им посака добро здравје, среќа, успеси и благосостојба во семејствата, при што истакна дека особено го радува фактот што најмладите жители на општината ја негуваат традицијата и придонесуваат во зачувување на православните обичаи.







Македонија
Кога криминогеноста на Заев ќе се спои со сервилноста на Филипче се добива ЗаеФче, кое не знаете дали е опозиција во Македонија или во Србија, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Чаршаф соопштенијата пратени од Белград, напишани од екс советникот на Заев, Башанoвиќ, со претежна анализа на политичката сцена во Србија, Венко го прави опозиција на батерии во Србија, а не во Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ не се меша во политичките состојби во Србија и за нас единствен интерес е интересот на македонските граѓани. Но опседнатоста на Венко со Србија, со лошо преведени чаршаф соопштенија од српски јазик, пледира да го претвори Венко во мал Шешељ.
Кога алчноста и потпросечноста на Заев ќе се спои со сервилноста на Филипче, резултатот на таквата симбиоза е ЗаеФче. Ова ЗаеФче на политичката сцена ја води СДС кон сигурно исчезнување и пасокизација, што е избор со кој ние не сме среќни, но е пат кој тие самите го одбрале. Кога оваа нова политичка симбиоза ЗаеФче се појавува на општествената сцена во Македонија, СДС ја направи маса и послужавник на услуга на сите сили кои сакаат да се послужат со партијата за свои лични интереси.
Венко со златна виза од Дубаи, бизниси и сметки во Бугарија и политички ментори од Србија, со старател Заев, не може да биде иднина на оваа држава“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

