Македонија
6 починати лица, регистрирани 435 нови случаи со Ковид-19
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа биле направени 6.651 тестирање, а регистрирани се 435 нови случаи на Ковид-19:
Скопје – 214, Битола – 36, Охрид – 25, Прилеп – 21, Кавадарци – 17, Куманово – 16, Струмица – 12, Гевгелија и Ресен – по 11, Кичево и Неготино – по 9, Гостивар, Велес и Штип – по 7, Тетово – 6, Струга и Радовиш – по 5, Кочани – 4, Валандово, Богданци и Демир Хисар – по 3, Свети Николе, Делчево, Пробиштип и Дојран – по 1 лице.
Регистрирани сe 534 оздравени пациенти од: Скопје – 233, Битола – 51, Прилеп – 32, Велес – 29, Кавадарци – 21, Охрид и Тетово – по 20, Гевгелија – 14, Куманово и Струмица – по 12, Кичево – 10, Демир Хисар – 9, Кочани – 8, Штип – 7, Богданци и Македонска Каменица – по 6, Неготино, Валандово и Свети Николе – по 5, Струга, Радовиш и Виница – по 4, Гостивар, Пробиштип, Крива Паланка и Крушево – по 3, Ресен – 2, Делчево, Дојран и Демир Капија – по 1 лице.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Скопје (60г и 91г), и по едно починато лице од Кичево (76г), Битола (69г), Македонски Брод (44г) и Дебар (80г). Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 3 починати лица, 2 од Скопје (47г и 67г) и едно лице од Кичево (87г). Од пријавените лица, 2 од нив се починати во домашни а едно лице во болнички услови.
Направени се 6.651 тестови преку: ИЈЗ-326, ЦЈЗ Скопје-35, ЦЈЗ Битола-124, ЦЈЗ Прилеп-52, ЦЈЗ Тетово–7, ЦЈЗ Куманово-176, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–153, Жан Митрев (Филип Втори)-177, Авицена-180, Биотек-351, Систина-40, лабораторија Лаор-1.062, Синлаб-158, Ремедика-9, Плодност-44, Генеа-9, Никоб лаб-625, ВФВ Медикал-166, Ели Медика-104, Ројал Медика–274, Спектра-ММ-12, Рапид Лаб–61, Жан Митрев Струмица–47, Нова Лаб Дијагностика–16, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.437.
Досега во земјата се направени вкупно 1.604.163 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 225.484, бројот на оздравени пациенти е 212.380, на починати е 7.969, а бројот на активни случаи изнесува 5.135.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 99232, Активни 2633
Куманово 13160, Активни 115
Тетово 11435, Активни 62
Прилеп 10862, Активни 349
Битола 9367, Активни 392
Гостивар 8090, Активни 16
Велес 7532, Активни 118
Кавадарци 7478, Активни 199
Охрид 6871, Активни 262
Штип 6772, Активни 86
Струмица 6329, Активни 162
Кичево 4344, Активни 73
Кочани 4120, Активни 50
Струга 3948, Активни 36
Гевгелија 2970, Активни 103
Неготино 2649, Активни 40
Свети Николе 2157, Активни 23
Крива Паланка 1967, Активни 38
Ресен 1898, Активни 102
Радовиш 1823, Активни 39
Берово 1483, Активни 10
Делчево 1472, Активни 32
Дебар 1458, Активни 0
Виница 1180, Активни 7
Пробиштип 1144, Активни 8
Валандово 1053, Активни 66
Кратово 790, Активни 4
Богданци 694, Активни 29
Демир Хисар 649, Активни 21
Крушево 609, Активни 11
Македонски Брод 545, Активни 31
Демир Капија 438, Активни 9
Македонска Каменица 430, Активни 6
Пехчево 359, Активни 0
Дојран 176, Активни 3
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Поскапувањата во јануари и февруари го „изедоа“ владиното покачување на минималната плата, ССМ пресмета 969 денари поскапа кошничка за февруари
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за месец февруари пресмета зголемување на вредноста на минималната потрошувачка кошничка за 969 денари, објави денес претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. За толку беше зголемена вредноста на потрошувачката кошничка што ја пресметува ССМ и во јануари, па Трендафилов направи споредба со најавата за системско усогласување на минималната плата следниот месец.
„Вредноста на синдикалната минимална кошничка за месец февруари повторно е зголемена и тоа за вредност од 969 денари. Истата изнесува 67.382 денари. За два месеци, од почетокот на годината веќе го ‘изеде’ најавеното усогласување на минималната плата кое функционерите сакаат да им го дадат на работниците од 1.500 денари односно секое семејство на работниците е посиромашно за 2.000 денари за само два месеца“, вели претседателот на ССМ.
Тој направи пресметка и за колку се зголеми синдикалната кошничка во изминативе две години, период во кој ССМ бара зголемување на минималната плата. „За 24 месеци, односно онолку време колку што одбиваат да ја зголемат минималната плата, вредноста на синдикалната минимална кошничка е зголемена за повеќе од 10.000 денари. Затоа, наместо да се препукуваат на грбот на работниците во парламентот и политичките партии да застанат со нив, да ја изгласаат новата минимална плата која треба да изнесува 600 евра и да ги зголемат сите останати плати за најмалку 6.000 денари затоа што животот очигледно е дека само за функционерите и за газдите е добар во Македонија, додека работниците тонат во сиромаштија“, рече претседателот Трендафилов.
ССМ по блокадите на Собранието, стопанските комори и на Владата, ѝ даде рок на Владата до крајот на месецов да ја зголеми минималната плата на 600 евра, а сите останати за 100 евра. Доколку минималната плата не се зголеми во тој рок, на почетокот на март ССМ најави дека ќе организира генерален штрајк и во јавниот и во приватниот сектор, во работен ден.
Македонија
Со оружје, стотици парчиња муниција и импровизирани направи во возилото, Италијанец се обидел да ја помине границата на Табановце – приведен е
На Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го привеле С.В. (45) од Италија.
При гранични проверки и контрола на возило со италијански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени осум импровизирани направи со игла за активирање на непозната муниција, пиштол калибар 22, шест кутивчиња со по 100 парчиња муниција, едно кутивче со 200 парчиња муниција, едно кутивче со 60 парчиња муниција, како и други предмети.
По наредба на јавен обвинител, лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Левица ја повика Сиљановска-Давкова да не го потпишува законот за продолжување на легализација на дивоградби
Партијата Левица ја повика претседателката Гордана Сиљановска-Давкова да не го потпише новиот закон со кој се продолжува рокот за легализација на дивоградби.
Од Левица посочуваат дека претседателката претходно, како пратеник, јавно укажувала дека етички и правно е невозможно да се повикува на владеење на правото, а истовремено да се носат закони со кои се уредува правниот статус на бесправно изградени објекти.
Собранието го продолжи рокот за легализација до 3 март 2031 година, наместо претходниот рок 3 март 2026 година, со што, како што велат од Левивца, процесот од временски ограничена мерка станува подолгорочна пракса.
Партијата оценува дека секое ново пролонгирање испраќа порака дека прекршувањето на законот ќе биде наградено со легализација, додека граѓаните кои градат согласно прописите остануваат изиграни.
Во соопштението се наведува дека ваквиот пристап ја поткопува правната сигурност и довербата во институциите, како и дека наместо зајакнување на инспекциските и урбанистичките механизми, државата избира модел на амнестија.
Партијата останува на ставот дека прашањето со дивоградбите треба да се решава системски, со јасна разлика меѓу социјалните случаи и, како што наведуваат, профитерската злоупотреба, и ја повикува претседателката да не го потпише законот.

