Македонија
Многу села низ Македонија отсечени поради снегот
Голем број на села во околината на Скопје, како и низ целата држава се отсечени поради последните врнежи од снег, соопшти денеска Центарот за
Голем број на села во околината на Скопје, како и низ целата држава се отсечени поради последните врнежи од снег, соопшти денеска Центарот за управување со кризи.
Во скопскиот регион непроодни се патните правци кон селата Брест танушевци и Малино, во општина Чаир, Раовиќ, Паничари и Копаница во Сарај, Грачани, општина Ѓорче Петров), Држилово и Патишка Река, општина Сопиште, Црн Врв и Цветово општина Студеничани и кон селата Смесница, Дејковец, Гумалево, Тисовица и Добрино, во општината Зелениково.
Поради висината на снежната покривка од 60 до 80 см, во општина Македонски Брод непроодни се патиштата кон селата Растеш, Звечан, Лупиште, Зркле, Бенче, Волче, Требовле, Долно и Горно Ботушје, Долно и Горно Крушје, Брезница, Косово и Битово. Во изминатите денови децата од селата Битово, Брест и Косово не ја посетувале наставата во училиштата.
На територијата на општина Другово непрооден е патот кон селото Иванчиште. Во општина Вранештица непрооден е патот кон селата Козичани и Патеец. Во општина Дебар не се исчистени патиштата кон селата Гари, Тресонче и Лазарополе. Во општина Струга не се исчистени патиштата кон селата во Малесија.
Од локалната самоуправа Старо Нагоричане побарана е помош за расчистување на патните правци кон селата Степанце, Кокино, Арбанашко, Малотино и Бајловце, каде поради силниот ветар на одредени места има наноси и до 1 метар.
На територијана на Крива Паланка непроодни се патните правци кон селата Дренак, Герман и Огут. За денеска е најавено нивно расчистување од страна на “Македонија пат”. Во Кратово непроодни се патните правци кон селата Мушково, Нежилово, Каврак и Вакв.
Во Свети Николе непроодни се патните правци кон селата Немањици, Стањевци, Орел и Сопот. На патниот правец Свети Николе – Куманово, кај селото Павлешенци, дува силен ветар кој прави наноси од снег на коловозот. Екипи од “Македонија пат” се на теренот и вршат расчистување на патниот правец./крај/цук/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Меџити-Спиропали: во фокусот актуелните случувања
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити ја пречека Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета во Скопје.
Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални случувања, улогата на албанската дипломатија во зајакнувањето на сеалбанските врски, како и значењето на продлабочувањето на меѓуинституционалната соработка во функција на заедничките интереси на двете држави.
Спиропали и Меџити положија цвеќиња пред споменикот на националниот херој Ѓерѓ Кастриоти Скендербег, во знак на почит кон визијата на овој историски водач за европската ориентација на Албанците, соопштија од кабинетот на Меџити. По тој повод, беше повторно нагласено дека иднината на Албанците е во Европската Унија, како заедница на демократски вредности и успешен модел на институционална, културна и политичка интеграција на сите народи.
„Присуството во Чаир дополнително испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание на државата Албанија кон Албанците во Северна Македонија.
Оваа средба го потврди заедничкиот интерес за зајакнување на соработката и институционалната координација, со фокус на развојот, интеграцијата и зачувувањето на вредностите што нè поврзуваат како држави и како народ“.
Македонија
Ѓорѓиевски: Подаривме радост на 100 дечиња од згрижувачките семејства од Скопје и од организационите единици при ЈУ Детски дом „11 Октомври“
Вечерва, срцето на градот чукаше најсилно токму таму каде што се најчистите насмевки.
Со организација на кино-проекцијата на филмот „Биби и Боби“, им подаривме радост на 100 дечиња од згрижувачките семејства од Скопје и од организационите единици при ЈУ Детски дом „11 Октомври“, истакна скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, откако беше организирана посебна вечер наменета за децата од згрижувачките семејства и од ЈУ Детски дом „11 Октомври“.
„Сала исполнета со смеа, возбуда и детска искреност, моменти што нè потсетуваат колку малку е потребно за голема среќа, а колку многу значи вниманието.
По завршувањето на филмот, поделивме новогодишни пакетчиња за сите дечиња.
Како градоначалник, но пред сè како човек, останувам цврсто посветен на создавање можности, поддршка и сигурност за најмладите, особено за децата кои се дел од системот на социјална заштита.
Нивната радост е нашата најголема обврска.
Секое дете заслужува внимание, љубов и убави празнични денови“.
Македонија
Намалена видливост поради појава на магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 70 метри има на патниот правец Дебар – Струга, од 100 – 150 метри на патниот правец Куманово – Крива Паланка и од 50 – 100 метри на патниот правец Велес – Катланово.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Фото: депозитфотос

