Македонија
Комерцијална банка заработи 22,5 милиони евра
Комерцијална банка ја заврши 2008 година со бруто добивка од рекордни 25 милиони евра, остварени во услови на глобална финансиска криза.
Комерцијална банка ја заврши 2008 година со бруто добивка од рекордни 25 милиони евра, остварени во услови на глобална финансиска криза.
Во 2008 година остварен е бруто позитивен финансиски резултат од 1,55 милијарди денари, што е за 45 отсто повеќе во однос на 2007 година, соопшти денеска Комерцијална банка.
Нето добивката на Банката за 2008 по оданочувањето изнесува 1,37 милијарди денари (22,4 милиони евра)
Годишниот приход од камати на одобрените кредити бележи зголемување за 25 отсто, приходите од банкарски услуги пораст за 1 отсто, додека расходите за провизија за банкарски услуги се зголемени за 19 отсто.
Другите и вонредни приходи претставуваат 8,4 отсто од вкупните приходи на Банката и бележат зголемување за 18 отсто.
Намалувањето на резервации за 37 отсто се должи на одржувањето квалитетно кредитно портфолио и наплата на веќе резервирани побарувања, соопшти Комерцијална банка./крај/с/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Вреди за рокот од шест месеци за уставните измени: Не ги забораваме обврските, но решението не може да биде еднострано
Со оглед на шпекулациите и различните толкувања околу нашата позиција за рокот од шест месеци за уставните измени како чекор кон продолжување на патот кон ЕУ, коалицијата „Вреди“ во соопштението нагласува дека новата влада, во која нивната коалиција е одговорен и активен партнер, е цврсто посветена на ЕУ агендата.
„Активно работи на достоинствено исполнување на условите за динамизирање на процесот кои водат кон полноправно членство во Европската Унија. Ние, министрите од „Вреди“, отсекогаш сме демонстрирале највисока посветеност кон европските интеграции – не само со зборови, туку и со дела. Рокот од шест месеци не е само временска рамка, туку обврска која ја разбираме и почитуваме“.
Сепак, како што појаснуваат, мора да постои политичка логика и реалност.
„Дали има 2/3 мнозинство во Собранието без пратениците на ВМРО-ДПМНЕ? Не, нема. И тука лежи суштината: процесот на интеграција бара соработка, зрелост и одговорност од сите политички субјекти. „Вреди“ не ги заборава обврските, но и потсетуваме дека решението не може да биде еднострано.
Владата има јасен план, стратегија и акциски чекори кои се преземаат секојдневно. Нашата поддршка, не само сега, туку и во минатото, спасуваше клучни процеси. Со еден таков чекор обезбедивме старт на преговорите со ЕУ“, потенцираат од коалицијата.
Апелираат до сите општествени чинители, вклучувајќи ги политичките партии, да престанат со ситни политички манипулации на сметка на ЕУ интеграциите. Според „Вреди“ европската иднина е над политиката на дневни калкулации.
Македонија
Граѓаните се ограбени од големите трговци со амин на Мицкоски, велат од СДСМ
Наместо намалување на цените и поефтини производи, граѓаните се буквално ограбени од големите трговци и тоа со амин на Мицкоски, кој им дозволи дебело да профитираат врз грбот на народот, оценуваат од СДСМ.
Според проценките на СДСМ неколку милиони евра вреди грабежот врз граѓаните од страна на големите трговци преку т.н. „кошнички“.
„Неколку милиони евра се извлечени од џебовите на граѓаните во изминатиот период, како резултат на оваа лоша политика на Мицкоски.
Штетата не може да се надомести, а многу семејства ќе се соочат со економски потешкотии токму во пресрет на новогодишните празници.
Прашањето е што им должеше Мицкоски на трговците, за да им дозволи вака безобѕирно да ги пљачкаат граѓаните?“, прашуваат од опозициската партија.
Според СДСМ, за само шест месеци од оваа влада, животот на граѓаните се влоши повеќе отколку за време на најголемите економски кризи. Мицкоски, како што додаваат, се грижи за елитата и неговите бизнис партнери наместо за граѓаните.
Скопје
Без струја денеска дел од улицата Христо Татарчев
Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека денеска без електрична енергија, во периодот од 9 до 15 часот, ќе останат корисниците на дел од улицата Христо Татарчев 25, околу бр. 113, во Кисела Вода.