Македонија
Црвенковски ја продолжува посетата на БиХ

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски, во рамки на дводневната посета на Босна и Херцеговина, денеска ќе се сретне со претседателот
Македонскиот претседател Бранко Црвенковски, во рамки на дводневната посета на Босна и Херцеговина, денеска ќе се сретне со претседателот на Република Српска Рајко Кузмановиќ.
Црвенковски, како што е соопштено, ќе оствари средба и со градоначалникот на Сараево, Алија Бехман.
Шефот на македонската држава вчера се сретна со босанскиот државен врв, при што биле разменети мислења за соработката меѓу двете земји и состојбата во регионот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови на Сарај, Сопиште, Ѓорче Петров и Студеничани

Од „ЕВН Македонија“ известуваат дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат од 8.30 до 15 часот корисниците од село Глумово, село Шишево и село Матка во општина Сарај, од 9 до 12 часот корисниците од улицата 10 во село Долно Соње во општина Сопиште, од 9 до 15 часот корисниците од улиците бр. 19 и бр. 25 во село Волково во општина Ѓорче Петров и од 10 до 12 часот корисниците од село Студеничани и село Морани во општина Студеничани.
Македонија
Конференција „50 години дипломатија“

Во организација на Министерството за надворешни работи и Дипломатскиот клуб – Скопје, денеска, во Министерството за надворешни работи, ќе се одржи конференцијата „50 години македонска дипломатија“.
На конференцијата воведно обраќање ќе имаат министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и претседателот на Дипломатскиот клуб, амбасадорот Виктор Габер.
Пред присутните ќе се обратат и заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, државниот секретар Зоран Попов, дипломати и амбасадори во Министерството за надворешни работи, а од дипломатскиот кор ќе се обрати амбасадорот на Словенија во земјата, Милан Јазбец.
Во фокусот на обраќањата ќе биде развојот на дипломатската служба од формирањето на Бирото за односи со странство во 1969 година, кое е претходник на современото Министерство за надворешни работи, кое се етаблира во 1991 година на Денот на независноста.
Македонија
Се отвораат уште три нови „Роса школи за родителство“ во Струмица, Охрид и Куманово

Пивара Скопје и компанијата Coca – Cola преку Роса, заедно со Министерството за здравство ќе отворат уште три нови Роса школи за родителство до крајот на годинава. На прес-конференцијата која се одржа денес во просторијата на Роса школата во Поликлиниката „Јане Сандански“, Пивара Скопје и Министерството за здравство потпишаа и Меморандум за соработка со која најавија и продолжување на проектот и во 2020 година со отворање на повеќе Роса школи за родителство и во други градови во Македонија.
Со годинешното отворање на Роса школите во ЈЗУ „Здравствен дом Струмица“ и во општите болници во Охрид и во Куманово, на идните родители од овие градови ќе им биде на располагање стручен тим за поддршка и помош во текот на бременоста и првите родителски години. Со отворањето на трите нови школи, во употреба ќе бидат вкупно шест Роса школи, а до крајот на 2020 во здравствените домови во повеќе градови низ земјата на располагање ќе бидат вкупно девет Роса школи.
На денешниот настан свое обраќање имаа премиерот, министерот за здравство и генералниот директор на Пивара Скопје, кои го изразија своето задоволство за продолжување на проектот, но и ја истакнаа важноста од ваков тип на неформални обуки за сите идни родители.
Сите простории во здравствените домови наменети за „Роса“ школите, инаку се комплетно реновирани и опремени од страна на Пивара Скопје и компанијата Coca – Cola од средства собрани преку претходно спроведената шестмесечна кампања во која се издвојуваше по 1 денар од секое продадено шише вода „Роса“ од 1,5 л. Во овој партнерски проект, Министерството за здравство ги одредува здравствените домови каде најмногу има потреба од ваков тип на школи за идни родители и го обезбедува стручниот тим кој ќе ги спроведува обуките. Овој тим е составен од доктори специјалисти по гинекологија и акушерство, педијатрија, како и медицински и патронажни сестри.
Обуките се бесплатни и ќе бидат организирани во 5 тематски целини кои опфаќаат родителство, здрави стилови при бременоста, психофизичка подготовка, доење и нега на новороденчето, а трудниците и сите заинтересирани идни родители и членови на нивните семејства ќе можат да се пријавуваат директно во здравствените домови.
Проектот „Роса школи за родителство“ започна во 2018 година, кога свои „Роса“ школи добија Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, Општата болница во Гостивар и Клиничката болница во Битола.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци