Контакт

Македонија

Рудар загина во несреќа

Објавено пред

Еден рудар загина, а еден е повреден во несреќа во рудникот за олово и цинк Тораница, крај Крива Паланка

Еден рудар загина, а еден е повреден во несреќа во рудникот за олово и цинк Тораница, крај Крива Паланка.

 

Несреќата се случила вчера околу 20:45 часот соопштија од полицијата, кога во подземниот дел на рудникот пукнала гума на возилото за утоварување, при што излетал метален обрач од тркалото.

 

Обрачот го погодил 25-годишниот рудар Тони Јанчевски, кој им подлегнал на повредите на пат кон кумановската болница.

 

Во несреќата бил повреден неговиот колега Н.Н. (32) кој се здобил со скршеница на едната нога. Тој бил пренесен во медицинскиот центар во Крива Паланка.

 

Рудникот Тораница е во сопственост на компанијата „Индо минерали и метали“./крај/с/ил



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Јовески: Потребно ни е силно, професионално и одговорно обвинителство

Објавено пред

Државниот јавниот обвинител Љубомир Јовески смета дека треба да има силно, професионално и одговорно обвинителство, да не се задоволуваат дневно – политички потреби и интереси за резултат на пазарење.

„Затоа ни е неопходен закон за ЈО кој ќе обезбеди услови, основи за силно професионално и не селективно и одговорно обвинителство. Решенијата во законот не треба да задоволуваат нечии дневно политички потреби и интереси, ниту да бидат резултат на пазарење, туку да го усогласат домашното законодавство со законодавството на ЕУ и на подобар начин да ја постават внатрешната организација на ЈО, пред се поради зголемување на ефикасноста во постапувањето изборот и унапредувањето на јавните обвинители и нивната одговорност“, рече Јовески на јавната дебата за последната верзија на законот за јавното обвинителство во Собранието.

Тој смета дека предложените решенија во работниот текст на законот за јавното обвинителство ја зацврстуваат самостојноста на јавните обвинители во постапувањето по конкретни предмети, а додека принципот на хиерархија се однесува на надзорот над законитото и навремено извршување на јавнообвинителската функција.

„Критериуми за оценка на јавните обвинители се стручност и квалитет на одлуките, ажурност и ефикасност, непристрасност и совесност, углед и етичност достојни за функцијата, соработка и однос спрема странките и другите вработени во Обвинителството, способност и спремност за стручно усовршување и стекнување со нови знаења и организаторски способности. Само врз основа на овие критериуми ќе се гради кариерата на обвинители и ќе се стави крај на влегување во Обвинителството во повисоки степени без неопходното искуство“, рече тој.

Јовески смета дека законот многу прецизно ги дава новите основи за дисциплинска и материјална одговорност на јавните обвинители. Според него добро е што во законските решенија изграден е став по предметите од организиран криминал и корупција да постапува ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција наместо како што имаше идеи за формирање на две обвинителства, вели тој, додавајќи дека така нема да има прекплопување на надлежностите.

Јовески вели дека обвинителите од поранешното СЈО во законот немаат посебен третман, ниту пак се обвинители во Обвинителството за гонење организиран криминал, туку остануваат во обвинителствата каде беа вработени пред изборот на специјални обвинители.
Имајќи предвид дека тие работеле на одредени сложени предмети законот пропишува дека ќе продолжат да работат на овие предмети до нивно завршување. „Ваквото решение е основано заради ефикасност на кривичниот проблем со што сторителите на кривични дела ќе бидат изведени пред суд“, смета Јовески.

Тој додава дека јавниот обвинител не треба да се бира на предлог на политичките партии, туку дека тоа треба да биде во надлежност на Советот за јавни обвинители. Значајна е и финансиската самостојност и исто така важно е што средствата за работа на ЈО се обезбедуваат во висина од најмалку 0,4 посто од буџетот на државата, што е ново за разлика од сегашното финансирање на Обвинителството.

Прикажи повеќе...

Македонија

Владата бара од инспекторите да извршат увид на градбите во Охрид и Струга

Објавено пред

Владата на денешната седница го задолжи Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да изврши надзор над изградбата на градби од прва категорија на подрачјето на општините Охрид и Струга и да провери дали градежните инспектори ги извршуваат своите обврски согласно Законот за градење и да достави за сето тоа информација до Владата до наредната седница.

Владата го усвои и Извештајот за степенот на реализација на препораките и преземените активности за зачувување на статусот УНЕСКО – Светско наследство на природното и културното наследство во Охридскиот регион.Во извештајот до УНЕСКО се констатира дека Северна Македонија останува цврсто посветена на зачувување на статусот на Светско наследство за природното и културно наследство во Охридскиот регион и се истакнуваат заложбите со кои значително се интензивираа активности за спроведување на Одлуката на Комитетот за светско наследство, за исполнување на препораките на Реактивната мониторинг мисија, како и продлабочувањето на билатералната соработка со Република Албанија во насока на заедничко управување со природното и културно наследство во Охридскиот регион.

Во текот на извештајниот период е донесен Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион (2020-2029) и е спроведена и Стратегиска оцена на влијанијата врз животната средина и културното наследство. Земјата исто така изработи инвентар на бесправно изградени објекти на територијата на Охридскиот регион со што се остварени предусловите да се премине на изработка на Оценка на влијанието врз животната средина (ОВЖС) и Оценка на влијание на културното наследство (ХИА).

Дополнително, отпочната е санацијата и рехабилитацијата на колекторскиот систем на Охридското Езеро, за што се обезбедени преку 4 милиони евра средства од државниот буџет за изведување на работите, и продолжен е проектот за пренасочување на течението на Реката Сатеска.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Каракамишева: Законот се користи за да се удомат кадрите на СЈО

Објавено пред

„Законот е лоша имитација на оној од 2007 година, да беше реформски, ќе имавме сосема нов закон, а не лоша компилација од претходниот за кој имаше забелешки од Венециската комисија и тие да бидат вметнати во овој закон“, рече професорката по уставно право, Тања Каракамишева, на дебатата за законот за Јавното обвинителство. Според неа, со овој закон не е намерата да се донесе реформа во правосудниот систем, туку да се удомат кадрите на СЈО.

„Ова е имитација на реформски акт. Полтронско вметнување одредби од забелешките од 2007 година. Ќе ви дадам еден пример – ако некоја девојка во 2007 година побарала мислење од моден креатор за облека, дали по 13 години, кога таа е веќе оформена жена, би ја носела таа креација? Сметам дека предлагачот го користи овој закон да ги удоми кадрите на СЈО“, рече Каракамишева.

Таа додава дека законот е противуставен и дека во ваква верзија не треба воопшто да се носи, туку да се изработи нов. Вели дека сè уште стои на ставот дека и Законот за СЈО не требало да биде донесен.

„Цврсто стоев на ставот дека Законот за СЈО ќе го поткопа правниот систем во државата. Се покажа дека сум била во право“, додаде Каракамишева.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Јовески: Потребно ни е силно, професионално и одговорно обвинителство

Државниот јавниот обвинител Љубомир Јовески смета дека треба да има силно, професионално и одговорно обвинителство, да не се задоволуваат дневно...

Македонија16 минути

Владата бара од инспекторите да извршат увид на градбите во Охрид и Струга

Владата на денешната седница го задолжи Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да изврши надзор над изградбата на градби од...

Македонија2 часа

Жбогар: Да продолжат реформите, законот за Јавното обвинителство да се донесе пред да се распушти Собранието

Евроамбасадорот Самуел Жбогар порача дека земјава треба да продолжи со реформите во клучните области и дека новиот закон за Јавното...

Спорт2 часа

За 24 часа милион ипол луѓе се потпишаа Коби да е на новото лого на НБА

Повеќе од 1.5 милиони луѓе за помалку од 24 часа се потпишаа на он-лајн петицијата силуетата на Коби Брајант да...

Македонија3 часа

„Анима мунди“: Ужас на скопските улици, се превезува распнат коњ

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ објави вознемирувачка фотографија на распнат коњ како со камион го превезуваат на скопските...

Македонија4 часа

Откриени креаторите на „Јавна соба“, МВР ќе ги достави доказите до Обвинителството

Министерство за внатрешни работи, сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика, во координација со СВР Скопје изврши идентификација на сопственикот...

Македонија5 часа

Вештак во судењето за Ласкарци: Човечкиот фактор пресуден за несреќата

Првата реакција и обидот за сопирање кај возачот настанала во првата секунда, кога ја кренал ногата за гас и ја...

Македонија7 часа

(Видео) Чулев: Спасовски последниот ден делел решенија и во 12 навечер

Само во последните две години МВР потрошило над 4 милиони евра за судски постапки од вработени кои тужеле главно за...

Македонија7 часа

Филипче: Состојбата е под контрола, нема причина за паника за коронавирус во нашата држава

Состојбата е целосно под контрола, во овој момент нема ниту една причина за некаков ризик или паника за коронавирус во...

Македонија8 часа

Рустеми: Јанева бараше да се утврди штетата во „Поштенска банка“ и да се затвори истрагата

Обвинителот Бурим Рустеми од поранешното СЈО сведочеше денеска пред судот за случајот „Рекет“ каде обвинети се Бојан Јовановски и ексшефицата...

Топ9 часа

Се судрија автобус и автомобил на автопатот Куманово-Табановце, дваесетина луѓе повредени

Дваесет и едно лице се тешко повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце, помеѓу...

Култура9 часа

Тимот на „Медена земја“ на настан пред „оскарите“ во друштво со големите холивудски ѕвезди

Тимот на „Медена земја“ беше дел од настан во театарот „Долби“ во Холивуд организиран од американската Академија за филмски уметности и...

Свет10 часа

Откриено што се случувало во хеликоптерот на Брајант во последните моменти пред несреќата

Кошаркарската легенда Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во неделата наутро по локално време откако леталото во кое беше ѕвездата...

Свет11 час

Трамп денеска ќе го објави мировниот план за Блискиот Исток

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека денеска ќе го претстави мировниот план за Блискиот Исток, кој претходно го најави како...

Свет11 час

Во Германија потврден прв случај на коронавирусот

Во Германија е потврден прв случај на смртоносниот коронавирус, кој се појави во Кина и се прошири и во други...

Свет11 час

Бројот на жртви од коронавирусот во Кина надмина 100

Бројката на починати од коронавирусот во Кина надмина 100. Според најновите податоци, се работи за 106 смртни случаи, а во...

Македонија1 ден

(Видео) Поранешни вработени во ОХИС: Во фабриката има остатоци од опасна жива

Поранешни вработени во фабриката ОХИС тврдат дека во кругот на фабриката има опасна жива како остаток од работењето на некогашниот...

Топ1 ден

Тело на 60-годишна жена извлечено од водите на Вардар

Телото на 60-годишна жена било извлечено од реката Вардар во Скопје. „Вчера, во СВР Скопје било пријавено дека во водите...

Македонија1 ден

Град Скопје објави итни мерки и препораки поради загадувањето

Бесплатен јавен превоз, запирање на градежните работи и поскапен паркинг се дел од итните мерки од надлежност на Град Скопје,...

Македонија1 ден

Во Скопје и Тетово надминат прагот на загадување, стапуваат на сила препораките на Владата

Според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи,...

Досие