Македонија
Центар за регионален развој на Полошкиот планински регион
Центарот за регионален развој на Полошкиот планински регион денеска го отвора министерот за локална самоуправа Муса Џафери.
Центарот за регионален развој на Полошкиот планински регион денеска го отвора министерот за локална самоуправа Муса Џафери.
Центарот за регионален развој на Полошкиот регион е втор од осумтте кои што ќе бидат воспоставени во сите плански региони. Функционирањето на Центрите во првите пет години, во износ од 50% ќе биде финансирано со средства од централниот буџет. За Центарот за регионален развој на Полошкиот регион, за првата година, се издвоени 8,5 милиони денари. Другите 50% ги обезбедуваат општините од планскиот регион.
Полошкиот плнски регион опфаќа девет општини, со над 300 000 жители.
Центрите за регионален развој се воспоставуваат согласно Законот за рамномерен регионален развој и тие се надлежни за подготовка на Програмата за развој на планскиот регион како и на конкретни проекти што ќе бидат финансирани со средства од буџетот на државата, но и од европските фондови./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Снегот се натрупува, движењето по улиците низ Чаир и Бутел отежнато
Движењето на возилата по булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел е отежнато, а снегот се натрупува. Нема трага ниту од сол на патот, ниту од служби, велат жителите.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)

