Македонија
Грција ги почитува човековите права

Грција е демократска европска држава, која целосно ги почитува човековите парава, а извештаите не ја менуваат реалноста
Грција е демократска европска држава, која целосно ги почитува човековите парава, а извештаите не ја менуваат реалноста.
Ова го изјави шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани во врска со извештајот на Обединетите нации за малцинствата, пишува денеска атинскиот весник Катимерини.
Според извештајот на независниот експерт Гај Мекдугал во Грција има македонско малцинство, кое што зборува на македонски јазик, а грчката држава не го признава.
Бакојани додаде дека Грција работи и ќе продолжи да работи на заштитата на човековите права./крај/фо/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Андоновски: Владата се посветува на дигиталната инфраструктура во Прилеп

На денешната промоција на Националниот портал за електронски услуги во Прилеп, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со пратеникот Дејан Проданоски, присуствуваше на настанот. Министерот истакна дека, како ресорно министерство и како Влада, се посветуваат на дигиталната инфраструктура во Прилеп, но и низ цела Македонија.
„Токму тука, на плоштадот во Прилеп, ќе биде поставена бесплатна Wi-Fi зона со интернет достапен за сите граѓани на општина Прилеп. Ова е еден голем европски проект кој го реализираме низ општините во Македонија, а Прилеп е еден од приоритетните градови“, истакна Андоновски.
Тој најави дека во наредниот период ќе биде пуштен и новиот Центар за услуги во Прилеп, преку кој граѓаните ќе можат брзо, лесно и ефикасно да ги добијат потребните услуги.
„Ја користам оваа прилика да најавам дека и Прилеп, по примерот на другите општини, ќе добие нов Центар за услуги (ЕТУ Прилеп), кој ќе ги доближи сите електронски услуги достапни на Националниот портал – uslugi.gov.mk – до граѓаните на општина Прилеп. Овој центар ќе биде воспоставен во соработка со локалната самоуправа, и очекуваме дека ќе го отвориме во наредните 3 до 6 месеци“, најави Андоновски.
Македонија
(Видео) Филипче: Економската состојба во државата е алармантна, буџетската дупка ќе биде 1,4 милијарда евра на крајот на годината

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната прес-конференција изнесе алармантни податоци за состојбата на буџетот. До крајот на 2025 година според статистичките бројки во буџетот ќе недостигаат 1,4 милијарди евра.
„Се наоѓаме на само 75 дена пред крајот на 2025 година, а буџетската рамка, која е дефинирана од приходите и расходите во буџетот, покажува загрижувачка слика: Имено до денес, приходите се реализирани со 70,78% или 256,5 милијарди денари. Во исто време, расходите се на ниво од 72,82%, односно речиси 294 милијарди денари. Ова значи дека со вакво темпо, а тоа е за очекување, на крајот на годината ќе недостигаат околу 1,4 милијарди евра за да се покријат сите трошоци. Тоа е фрапантна буџетска дупка. Ова значи дека сите овие пари ќе треба да се покриваат со задолжување, со нови оптоварувања за бизнисите и граѓаните, или со кратења кај најважните јавни услуги. Ја прашувам власта, што планира да прави и како ќе ги покрива овие 1,4 милијарди евра?“,
Филипче како што рече економската состојба во државата е алармантна поради што чувствува должност и загриженост да ја објави вистината пред граѓаните наспроти пораките за економски „успеси“, кои власта ги зборува на митинг.
„Во време кога премиерот Мицкоски од митинг на митинг зборува за економски „успеси“, должност ми е да зборувам за реалноста и да ги информирам граѓаните за реалната економска состојба. Во изминатите 15 месеци постојано алармиравме дека економијата и економските политики на оваа власт се многу погрешни, а реализацијата на проектите е историски најслаба. Денес тоа што го зборувавме го потврдуваме со реални економски индикатори, факти и бројки. Овие податоци укажуваат на алармантна состојба со буџетот, со приходите, со инвестициите и реализацијата на капиталните инвестиции, како основни индикатори за економската состојба во државата“, рече Филипче на денешната прес-конференција.
Македонија
Меџити: Филозофијата на нашето управување е со луѓето на терен, а не од канцеларија

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата, Изет Меџити, ја посети куќата на семејството на Шериф Елези во населбата Стар Чаир. За време на посетата, тој директно разговараше со присутните за нивните очекувања, конкретните потреби на населбата и инвестициите кои се реализираат за подобрување на инфраструктурата и условите за живот во општината.
Меџити истакна дека улиците се реконструираат, зградите ќе бидат опремени со лифтови, се градат училишта, градинки и кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, посветувајќи се секој проект да служи на благосостојбата на жителите.
„Ова е филозофијата на нашето управување — со луѓето, на терен, а не од канцеларија. Секоја инвестиција што ја правиме има една единствена цел: да го претвори Чаир во место каде секој се чувствува вклучен, почитуван и со достоинствени услови за живот“, изјави Меџити, заблагодарувајќи им се на домаќините за топлиот пречек.