Македонија
Позитивен пресврт на Македонска берза
По периодот на опаѓање на индексите, конечно малку оптимизам на Македонска берза
По периодот на опаѓање на индексите, конечно малку оптимизам на Македонска берза. Индексите во денеска беа во мал пораст, следејќи го трендот на европските индекси кои вчера се движеа во нагорна линија, со исклучок на лондонскиот ФТСЕ кој беше во негатива.
Македонскиот берзански индекс МБИ 10 заврши на 1,21 процент во позитива, односно на 1.617,82 индексни поени. Индексот на јавно поседувани друштва порасна за 0,51 процент, а индексот на обврзниците забележа раст од 0,02 проценти.
На пазарот на капитал денеска беше остварен промет од 14.611.080,07 денари кој се оствари од 131 трансакции.
На Официјалниот пазар се реализира промет од 10.915.240,07 денари од 105 трансакции, а остатокот од 3.695.840,00 денари се оствари на Редовниот Пазар.
Први по обем на тргување на Официјалниот Пазар беа акциите на Комерцијална банка Скопје, кои при денешното тргување пораснаа за 2,44 проценти. Се истргуваа 2.153 акции, се тргуваа по цена од 2.054,06 денари по акција и при тоа вредноста на тргување со нив изнесуваше 4.422.390,00 денари.
Втори по обемот на тргување на Официјалниот Пазар беа обврзниците од шестата емисија од денационализација. Се истргуваа 44.002 обврзници по просечна цена од 83,94 проценти од номиналната вредност, односно забележа раст од 1,13 проценти по акција.
Вкупниот остварен промет со овие хартии од вредност изнесуваше 2.268.169,08 денари.
Трети по висина на промет на Официјалниот Пазар беа акциите на Алкалоид Скопје. Се истргуваа 294 акции по просечна цена од 2.538,90 денари по акција, односно забележа раст на цената од 2,13 проценти. Вкупниот промет со овие хартии од вредност изнесува 746.436,00 денари.
На Редовниот Пазар како најтргувани акции беа акциите на Прилепска Пиварница, кои се тргуваа по цена од 5.000,00 денари, исто како и при тргувањето во вторникот.. Се истргуваа 450 акции, а се оствари промет од 2.250.000,00 денари.
Втори по обем на тргување на овој пазар беа акциите на Македонски Телеком кои се тргуваа по цена од 327,74 денари по акција, се истргуваа 3.100 акции, а вкупниот промет со нив изнесуваше 1.016.000,00 денари.
Нагорна промена на овој Пазар забележаа акциите на Арцелормиттал (ХРМ) Скопје, кои се тргуваа по цена од 60,00 денари за акција, односно беше регистриран раст од 11,11 проценти во однос на минатите тргувања со овие акции. Се истргуваа 700 акции, а прометот со нив изнесува 42.000,00 денари.
Пет најтргувани хартии од вредност
1. Комерцијална банка Скопје
2. Р.Македонија-денационализација 06
3 Алкалоид Скопје
4. Прилепска Пиварница
5. Македонски Телеком
Хартии од вредност со најголем пораст
1. Арцелормиттал (ХРМ) Скопје 11,11 %
2. Идевелоп Скопје 7,97%
3. Македонски Телеком 6,39%
4. Комерцијална банка Скопје 2,44%
5. Алкалоид Скопје 2,13%
Хартии од вредност со најголем пад
1. Комерцијална банка Скопје-приоритетни 69,30%
2. Попова Кула Демир Капија 8,79%
3. Ф-ка за цевки 11 Октомври Куманово 5,00%
4. Скопски Пазар 2,32%
5. Жито Лукс Скопје 1,37%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и колку профитирале, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Во 2023 година, Владата предводена од СДС извршила измени на Правилникот за одгледување канабис за медицински цели, кои се косат со важечкиот закон што ја регулира оваа област, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Со измените во член 2 од Правилникот е предвидено канабисот да може да се одгледува и на отворен простор (површина или земјиште), иако во законот и во претходната верзија на правилникот беше утврдено дека одгледувањето за медицински цели се врши исклучиво во затворен простор.
СДС и Заев со ваквиот подзаконски акт овозможиле производство на канабис на нива, што отвора сериозни дилеми во однос на исполнувањето на ГМП стандардите. Доколку не се исполнети овие норми, финалниот производ, маслото од канабис не би можел да биде соодветно лиценциран ниту пласиран во промет за потребите на пациентите.
Владата на СДС на чело со Заев и Филипче свесно и намерно го сменила правилникот.
Во 2020 СДС на чело со Заев и Филипче имаа иницијатива за поширока легализација на марихуаната, како и на значителното зголемување на бројот на издадени лиценци за медицински канабис, особено во струмичкиот регион“.
Според владејачката партија, сомнежите и индициите за злоупотреба на производството на канабис и криминалот со дрогата дополнително се зголемија по заплената на голема количина марихуана од компанија во Ново Село, поврзувана со лице блиски на СДС и Заеви.
Прашуваат, зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на Закон, кои им биле мотивите и колку профитирале.
„Дали измените на правилникот се донесени по конкретна насока од Заев, и дали со нив се отворил простор за можни злоупотреби и незаконска трговија?
Потребни се ред, одговорност и темелна институционална истрага. Надлежните органи треба целосно да ги испитаат сите наводи и сомнежи“.
Македонија
„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во Тетово, каде живи изгореа 14 луѓе. За ова говоревме минатата година во „Афера – Провизии кои чинат животи’’ каде посочивме на низа пропусти и недоследности, но продолжената рака на СДС Коцевски, цврсто ги чуваше кривичните пријави и докази за Филипче во фиока“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Според сведоштвото на Кадриу, вечерта на несреќата таа била повикана да се вклучи во истрагата, а подоцна ѝ се приклучиле и претставници од обвинителство меѓу кои тогашниот ДЈО Јовевски кој дошол со двајца свои обвинители.
Улогата на ДЈО Јовевски и останатите била процесот да го држат под нивен надзор и контрола.
Според Кадриу, околу 30 милиони евра биле обезбедени за изградба на овие објекти. Светската банка тогаш одобрила средства за изградба на модуларни болници на територија на Македонија.
Венко Филипче бил министер кога се изработувала техничката спецификација за модуларните болници. Градбата на модуларната болница, била направена од панели рециклирани со пурпена, кои тогаш не чинеле повеќе од 5-6 евра. Додека пак, оние подобрите и поквалитетните, како на пример панели со камена волна кои не горат до 40 минути, чинеле околу 17 евра. Во превод, според Кадриу, овие модуларни болници чинеле околу 300.000 евра, сите, а биле обезбедени за оваа намена 30 милиони евра.
Во чиј џеб завршиле парите?
Дополнително за објектот во Тетово, не бил изработен соодветен елаборат за електрична енергија, што дополнително влијаело на безбедноста.
Зошто немало соодветен елаборат за електрична енергија?
Зошто не се користеле квалитетни материјали?
Зошто се искористени минимум од дозволените средства?
Филипче одбил алтернативни предлози за згрижување на ковид-пациенти во рамки на постојните болнички капацитети.
Филипче ја одбил понудата на тогашниот медицински директор, кој понудил сместување на КОВИД пациенти, на двата спрата во тетовската болница кои стоеле така празни. Филипче тоа го одбил, поради тоа што овие модуларни болници морале да бидат изградени.
Вистинските виновници за модуларната болница во Тетово мора да одговараат пред законите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Празнувајте со срце, возете со разум – без алкохол зад воланот на овој празник на виното и љубовта, апелира РСБСП
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници за внимателно, совесно и одговорно учество во сообраќајот за време на празникот на виното и љубовта 14 Февруари – Свети Трифун и Ден на вљубените.
„Празниците се време за радост, блискост и споделени мигови со саканите. Но, вистинското прославување е онаа по која сите безбедно се враќаме дома. Затоа, не дозволувајте момент на невнимание да ја засени убавината на празникот. РСБСП потсетува: – Доколку консумирате алкохол – не седнувајте зад волан. Изберете јавен превоз, такси или возач кој не конзумирал аклохол. – Возете внимателно, почитувајте ги сообраќајните правила и прописи,грижете се за безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Сакајте и почитувајте го својот и животот на другите – затоа што секој живот е важен“.

