Македонија
Мејер – ЕУ да го поддржи присоединувањето на Македонија
Довербата на македонските граѓани во Европската унија (ЕУ) ќе падне многу доколку не ја поддржиме политиката на присоединување на Македонија
Довербата на македонските граѓани во Европската унија (ЕУ) ќе падне многу доколку не ја поддржиме политиката на присоединување на Македонија.
Ова попладнево го предупреди известувачот на Европскиот парламент (ЕП) за Македонија Ерик Мејер,, зборувајќи за Предлог резолуцијата што ја подготви за напредокот на Македонија.
„Работите во Македонија не се полоши од работите во другите држави кои сакаат да се присоединат кон ЕУ“, истакна Мејер. Тој во Предлог резолуцијата препорачува на Македонија да и биде одреден датум за почеток на преговори за присоединување кон ЕУ.
Меѓу критиките, известувачот Мејер го наведе брзото носење на законите во македонскиот парламент
Поддршка за датум за преговори со Македонија во расправата во Европскиот парламент изрази и европратеникот Јоханес Свобода.
Тој нагласи дека на тој пат разликите околу името со Грција не смее да бидат пречка за Македонија.
– Разликите околу името не треба да ги блокираат преговорите за присоединување на Македонија.Тоа е билатерално прашање, а Европскиот парламент треба да ги повика двете страни да работат на изнаоѓање решение – наведе европратеникот Свобода.
ЕП в четврток треба да гласа Предлог резолуцијата за напредокот на Македонија.
Од гласањето треба да произлезе необврзувачка Резолуција на ЕП за Македонија. /крај/еп/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

