Македонија
Основачко собрание на новата светска театарска мрежа „Интеракт“
Основачкото собрание на новата светска театарска мрежа „Интеракт“ ќе се одржи денеска во Скопје
Основачкото собрание на новата светска театарска мрежа „Интеракт“ ќе се одржи денеска во Скопје.
“Интеракт” е мрежа за меѓународна размена и продукција која ги поврзува независните прогресивни театри од Европа, Америка и Азија и претставува извор на инспирација, уметнички можности, патувања и меѓународни размени во рамките на мрежата.
Главната цел е продлабочување на спознанието за современиот свет, неговото претставување и неговата иднина, и како театарот може да биде негов активен репрезент во културната размена и обнова.
Домаќин на основачкото собрание на новата светска театарска мрежа ‘Интеракт”, во која членуваат над 15 земји од светот, е Македонскиот културен центар во рамки на Меѓународниот театарски фестивал – МОТ.
На собранието учествуваат директори на театри и фестивали од Соединетите Американски Држави, Чешка, Полска, Бугарија, Турција, Англија, Литванија, Косово, Франција, Црна Гора, Литванија, Италија, Албанија, Кореја, Грузија, Словенија, Романија, Хрватска и Македонија.
Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Ивица Боцевски ќе има воведно обраќање на Собранието. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

