Македонија
Гласаат раселените и затворениците
Правото на глас на претседателските и локалните избори денеска може да го искористат внатрешно раселени лица, болните и немоќните, како и затвореници
Правото на глас на претседателските и локалните избори денеска може да го искористат внатрешно раселени лица, болните и немоќните, како и затворениците и притворениците.
Вкупно 529 граѓани имаат статус на внатрешно раселени лица, соопшти ДИК. Во Скопје, на избирачкото место во интернатот „Здравко Цветковски“ ќе имаат право да гласаат 310 лица, а во Куманово, во хотелот „Кристал„ 219 лица .
Избирачките места ќе бидат отворени од седум до 19 часот. Нивните гласови ќе се бројат на 22 март 2009 година, во општините од каде што потекнуваат.
Денеска ќе гласаат и 1..971 лице кои издржуваат казна затвор или се во притвор./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.

