Македонија
Македонија да добие покана за Самитот на НАТО
„Суштинско е Македонија официјална да биде поканета да присуствува на априлскиот самит на НАТО во својство на набљудувач. Блокадата од Алијансата на
„Суштинско е Македонија официјална да биде поканета да присуствува на априлскиот самит на НАТО во својство на набљудувач. Блокадата од Алијансата на какво и да е присуство на Скопје би претставувало колективна навреда за Македонија”.
Ова, како што пренесува Макфакс, го оцени влијателната вашингтонска Фондација „Херитиџ” во опширното истражување за американските приоритети на претстојниот самит на Алијансата, насловено „Самит за 60 годишнината на НАТО: Агенда за американското лидерство
Во него се укажува дека САД треба силно да продолжат да го поддржуваат влезот на Македонија и недвосмислено да и стават до знаење на Грција да не го блокира нејзиниот прием.
„САД преку дипломатските канали на администрацијата во Атина и Брисел, треба јасно да и ја пренесат на грчката Влада долгорочната позиција на НАТО дека членките не ги носат во Алијансата билатералните прашања во обид да се блокира приемот на друга земја”, се наведува во статијата.
Истиот извор посочува дека „американскиот државен секретар Хилари Клинтон треба да биде главниот двигател на претседателот Барак Обама за проширувањето, особено во случајот со Македонија, земја која ја има посетено повеќе од еднаш како прва дама на САД”
Приемот на нови земји во НАТО традиционално ужива силна двопартиска поддршка во САД и администрацијата на Барак Обама треба да го поддржи проширувањето, кое ќе биде меѓу приоритети на неговата агенда на средбата на врвот на 3 и 4 април Стразбур и Кел, пишува во авторскиот текст Сали МекНамара од влијателната „Херитиџ” со седиште во Вашингтон./крај/ил/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Костовски: Левица гласаше против поликлиника, водовод, мостови, финансиска помош за новороденчиња
Левица Бутел тргна цврсто по стапките на ДУИ во општина Бутел, отворено гласаше против се што ќе набројам, пишува градоначалникот Дарко Костовски на социјалните мрежи.
„На седница за буџет, советникот на Левица Бутел гласаше против:
-Нова поликлиника
-Доизградба на водоводот за Љубанци и Љуботен
-Традиционален турнир во Баскет во Радишани
-Традиционален турнир во фудбал за загинати бранители во Љубанци
-Нов мото собир во Бутел
-Детска градинка во населеното место Бутел 2
-Нова фасада на ООУ СВ Климент
-Изградба на пливачки затворен базен во ООУ “Ацо Шопов”
-Нови мостови на река Серава во Радишани
-Уредување и чистење на речното корито на Река Серава
-Финансиска помош за новороденчиња
-Реконструкција на клучните сообраќајници во општина Бутел
-Реконструкција и ревитализација на голем број на помали сервисни улици
-Изградба на нова и реконструкција на постоечката атмосферска и фекална канализација
-Изградба на нови спортско рекреативни центри
-Радишани
-Бутел 1, два спортски центри
-Нови детски игралишта
-Нови спортски игралишта
-Нов пешачки и пристапни патеки
-Поддршка на спортски клубови
-Спортски стипендии
-Парична помош за пензионерите
-Зголемен број на финансиски средства за помош на социјално загрозени семејства
-Финансии за културни и спортски настани
Добро е и тие малку граѓани што гласаа за Левица во Бутел да видат за што гласале, тој глас полека директно се претвара во глас за ДУИ. Одговорно тврдам.
Се надевам ова ќе ми биде последниот статус кога ќе направам равенство помеѓу Левица и ДУИ. Дека последен пат ќе се сомневам дека соработуваат. ДУИ ги интересира само згради во Бутел и тоа веќе на сите е јасно, Левица нема “причина” да биде неразумна !
Давам можност и време да се вразумат. Искрено го правам тоа.
Бутел ќе се развива се повеќе, и ќе се чува се повеќе, нема да дозволам бандити пак да ја водат општината. Затоа што народот јасно покажа каде да се движиме“, додава Костовски.
Македонија
Ведро, но студено утро време, сончев ден со северен ветер
Времето утре наутро ќе биде ведро и многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 6 степени, јавува УХМР.
Во наредните денови времето ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат до -10 степени. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Македонија
Утре прекин на водоснабдувањето во Маџир Маало
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека утре (29 декември 2025 година, понеделник) поради изведување на водоводен приклучок Ф200 мм на улица Титовелешка б.б., ќе има прекин во водоснабдувањето.
Без вода ќе останат корисниците од населбата Маџир Маало, на подрачјето на Општина Центар.
Прекинот ќе започне од 10:30 часот и ќе трае до завршување на работните активности, соопштуваат од јавното претпријатие.
Фото: pexels

