Македонија
Нема да гласаат речиси половина од граѓаните
Речиси половината од македонските граѓани изјавиле дека нема да гласаат во вториот круг на претседателските избори, покажува последната анкета
Речиси половината од македонските граѓани изјавиле дека нема да гласаат во вториот круг на претседателските избори, покажуваат резултатите од последната анкета.
„Нема да гласам”, изјавиле 45,8 проценти во телефонската анкета на Институтот за демократија за рејтингот на претседателските кандидати. „Се уште не знам” одговориле 15 проценти од граѓаните кои учествувале во истражувањето на јавното мислење.
Според резултатите од анкетата, претседателскиот кандидат на ВМРО – ДПМНЕ, Ѓорге Иванов и натаму убедливо води со 25,4 проценти поддршка пред опозициониот кандидат Љубомир Фрчкоски со 13,8 проценти.
Институтот соопшти дека резултатите од анкетата се однесуваат на вкупниот број избирачи 1.792.082.
Истражувањето е спроведено меѓу 27. и 28. март, а вкупно биле анкетирани 1.112 граѓани, Институтот додава дека статистичката грешка може да изнесува плус – минус 3,1 процент./крај/амп/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Лимани, алатка на Мицковски или министер за граѓаните, прашуваат од ДУИ
Според ДУИ, министерот за социјална политика, Фатмир Лимани, вчера покажа дека нема никакви други приоритети освен да ги спроведува наредбите на Мицковски.
Неговиот срамен потег, со кој реши да ја отвори градинката дури откако доби јавна критика од премиерот, за партијата на Ахмети е јасен доказ дека тој не е министер за децата и граѓаните, туку само политичка алатка која не работи за интересите на народот, туку за исполнување на барањата на неговиот газда.
„Ова однесување не е само личен проблем на министерот, туку и проблем на партијата која го именуваше.
Овој министер, дали е на БЕСА, или е само инструмент на Мицковски, без никаква чуство за интересите на граѓаните и децата?
БЕСА, која тврди дека ги претставува интересите на граѓаните, треба да преземе одговорност за оваа ситуација.
Дали ќе продолжат да поддржуваат министер кој е само алатка на премиерот, или ќе заземат став против ова злоупотреба на должноста и недостигот на посветеност кон граѓаните?“, прашуваат од ДУИ.
Македонија
И ДУИ се откажа од Груби, само Филипче и СДС не, затоа што се соизвршители во криминалот и корупцијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Во СДС владее истата криминална матрица, без никаков морал и етичко однесување. СДС на чело со неврохирургот на Заеви, Венко Филипче и неговите партиски соработници се оставштина од периодот на владеење на криминална коалиција СДС-ДУИ, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„И од нив не може да се очекува конструктивност, нови идеи, нов и чесен начин на делување. Целото раководство на СДС, заедно со Филипче кој бил од иста влада со Артан Груби, кој поради криминал се најде на црната листа на САД и стана бегалец од македонската правда. Артан Груби беше тој кој СДС ги држеше во раце да не им падне владата, па да не можат да продолжат заедно да крадат. За да не им падне криминалната влада, која до последен ден висеше на стаклени нозе, и да можат да владеат и да седат во удобните фотелји, СДС го гледаа и го премолчуваа криминалот на Груби. Со тоа СДС станаа соучесници во криминалот, осиромашувањето на народот и крадењето на државата. Груби беше највлијателната фигура за време на владеењето на криминалната коалиција СДС – ДУИ, кој големата моќ ја демонстрираше со арогантно однесување летајќи орли по телевизии, играјќи фудбал по државни канцеларии, криминално печалејќи врз грбот на граѓаните“, додаваат од партијата на власт.
Од ваквото однесување на Артан Груби и од неговиот криминал, посочуваат, се дистанцираше дури и неговата партија.
Според ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ вели дека таквото однесување на Груби било погрешно.
„Дури и ДУИ, симболично кажано, уште пред петел да пропее, се откажа од Артан Груби. Од петни жили, ДУИ се обидуваат да најдат начин како народот побрзо да заборави на арогантното однесување на Груби во владата, на неговиот криминал и корупција, но и дека некогаш бил нивен член. И неговиот партиски и владин другар, Бујар Османи знаел за арогантното и криминално однесување на Артан Груби, за кој вели дека му сметало и дека не го одобрува. Само Венко Филипче и СДС остануваат верни на Артан Груби. Само тие ниту виделе, ниту знаење, ниту му сметало арогантното и криминално однесување на Груби. Тоа е така затоа што откако му оставија одврзани раце да прави што сака, станаа соучесници во неговиот криминал и корупција. И затоа, бегството им одговара само на СДС, затоа што знаат дека Груби води до нив и така би излегле на површина криминалите кои заеднички ги правеле.
Но, на Венко Филипче и СДС треба да им е јасно дека одговорност ќе има, колку и тие да се препелкаат и да измислуваат изговори“, додаваат од оваа партија.
Македонија, како што велат, се трансформира и правна држава и одговорност, за сите кои што се огрешиле пред законот, ќе има.
Македонија
„Евтини се изговорите кои сега ги пласираат, граѓаните скапо ги плаќаат погрешните политики на Мицкоски“, велат од СДСМ
„Откако мерката со кошнички доживеа целосен дебакл, а Мицкоски им дозволи на големите трговци да профитираат на грбот на граѓаните многу провидни и евтини се изговорите кои сега ги пласираат. Не поминува оваа маниулација. Граѓаните претрпеа голема штета и многу скапо ги плаќаат погрешните политики на Мицкоски“, велат од СДСМ.
„Шест месеци откако ДПМНЕ ја презеде власта, се чуствува голема економска несигурност, намалување на животниот стандард на граѓаните и нивно осиромашување.
Сметките растат, цените растат, а Владата со лажни кошнички и измами се обидува да ги излаже луѓето дека нешто прави.
Реалноста е сосема друга од онаа која сака да ја презентира Мицкоски, а граѓаните тоа најдобро го знаат кога ги отвараат паричниците во кои имаат се помалку пари. За жал, оваа Нова година тие ќе ја дочекаат многу поскромно и понесигурно.
Политиките на Мицкоски јасно покажуваат дека тие се насочени кон заштита на интересите на елитата, додека најголемиот дел од граѓаните трпат.
Последните податоци покажуваат дека минималната синдикална кошница за месец декември е зголемена за 840 денари и изнесува 62.861 денари. Ниту две минимални плати веќе не се доволни за основните потреби на луѓето.
Владата дозволи трговците да ги зголемат цените, што е директна последица на нивната неспособност и недостаток на соодветни мерки. Наместо санкции, слушаме само апели и празни зборови.
Во изминатите шест месеци нема раст на минималната плата, просечната плата стагнира, а добро воспоставениот систем за зголемување на платите од времето на СДСМ е целосно напуштен. Ова доведе до полош животен стандард денес, иако кризите од претходните години се зад нас.
Дополнително, Владата на ВМРО-ДПМНЕ најавува мерки кои дополнително ќе го влошат животот на граѓаните: укинување на „недела неработен ден“, зголемување на старосната граница за пензионирање и покачување на ДДВ на 19,5%. Овие политики се директен удар врз работниците и граѓаните.
ДПМНЕ уште еднаш покажува дека нивниот приоритет не се граѓаните, туку нивните бизнис интереси“, соопшти СДСМ.