Македонија
Скок на Македонска берза
За разлика од ситуацијата на светските и европските берзи каде сите индекси тонат, нашиот пазар на хартии од вредност го зафати оптимизам
За разлика од ситуацијата на светските и европските берзи каде сите индекси тонат, нашиот пазар на хартии од вредност го зафати оптимизам.
Македонскиот МБИ 10 забележа скок од 2,74 проценти односно достигна 1.878,66 индексни поени. Индексот на јавно поседуваните друштва порасна за 0,38 проценти, а индексот на обврзниците забележа пад од 0,19 проценти.
Во понеделникот на пазарот на капитал беше остварен промет од 15.047.681,87 денари кој се оствари од 107 трансакции.
Од овој промет 13.811.775,87 денари се реализира на Официјалниот Пазар кои се оствари од 79 трансакции, додека 1.235.906,00 денари се оствари на Редовниот Пазар од 44 трансакции.
Први по обем на тргување на Официјалниот Пазар беа акциите на Бетон Скопје, кои после подолго време направија промет од 7.425.200,00 денари. Се истргуваа 977 акции, се тргуваа по цена од 7.600,00 денари по акција или тоа беше за 7,03 проценти поголема во однос на минатите тргувања.
Втори по обем беа акциите на Комерцијална банка Скопје со кои се истргуваа 916 акции по просечна цена од 2.328,69 денари, што значеше пораст од 2,17 проценти и при тоа остварија вредност на тргување од 2.133.078,00 денари.
Трети по висина на промет на Официјалниот Пазар беа акциите на Алкалоид Скопје со кои се истргуваа 489 акција по просечна цена од 3.011,79 денари од акција и при тоа нивната цена порасна за 0,65 проценти поголема во однос од тргувањето во петокот. Вредноста на тргување со овие акции беше 1.472.763,00 денари.
Нагорна промена на овој пазар забележаа акциите на Макстил Скопје од 9,09 проценти или се тргуваа на цена од 120,00 денари, како и акциите на Макпетрол Скопје од 5,85 кои се тргуваа по цена од 28.630,00 денари по акција.
На Редовниот Пазар како најтргувани акции беа акциите на Фустеларко Борец Битола, кои се тргуваа по цена од 500,00 денари. Се истргуваа 622 акции, а се оствари промет од 311.000,00 денари.
Втори по обем на тргување на овој пазар беа акциите Македонски
Телеком кои се тргуваа по цена од 329,74 денари по акција, односно се истргуваа 763 акции, а вкупниот промет со нив изнесуваше 251.590,00 денари.
Нагорна промена на овој Пазар забележаа акциите на РЖ Инжинеринг Скопје. Се истргуваа 100 акции по цена од 600,00 денари по акција, односно забележаа пораст од 50,00 проценти. Вкупниот промет со овие акции изнесуваше 60.000,00 денари.
Пет најтргувани хартии од вредност
1. Бетон Скопје
2. Комерцијална банка Скопје
3. Алкалоид Скопје
4. Фустеларко Борец Битола
5. Македонски Телеком
Хартии од вредност со најголем пораст
1. РЖ Инженеринг Скопје 50,00 %
2. Макстил Скопје 9,09%
3. Бетон Скопје 7,03%
4. Макпетрол Скопје 5,85%
5. Арцелормиттал (ХРМ) Скопје 4,10%
Хартии од вредност со најголем пад
1. Винарска визба Тиквеш Скопје 30,00%
2. ТТК Скопје 7,14%
3. Р.Македонија-денационализација 07 0,63%
4. Топлификација Скопје 0,01%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

