Контакт

Македонија

Дневник:: Бугарска фирма цели во „Сведмилк“

Објавено пред

Бугарска фирма која што сакала да гради млекарница во Битола е заинтересирана за преземање на „Сведмилк“, објави денеска „Дневник“

dobivaj vesti na viber

Бугарска фирма која што сакала да гради млекарница во Битола е заинтересирана за преземање на „Сведмилк“, објави денеска „Дневник“

Според неименувани извори на весникот, деновиве „Хипо алпе адрија“ требало да ја активира хипотеката на имотот на млекарницата, но поради отсуство на директорите на фирмата, засега се’ е одложено

Менаџментот на Хипо веќе имал преговори со раководството на млекарницата, но се уште не е донесена одлука за одземање на опремата, која се наоѓа во млекарницата и е во употреба.

Во „Сведмилк“ велат дека појавувањето на бугарската компанија е една од причините зошто сегашниот сопственик на млекарницата Моше Баум последниве десетина дена стагнира со исплатата на парите на млекопроизводителите на кои им должи над четири милиони евра.

Истовремено не демантираат дека се појавува нов кандидат за скопската млекарница и ја потврдуваат информацијата дека Моше Баум се плаши дека може да остане без своите пари кои досега им ги исплаќаше на млекопроизводителите.

Моше Баум во меѓувреме ги расчитил сите долгови кон рентакар-агенцијата и секој ден се пријавува во полиција.

Според извори на „Дневник“, бугарската фирма имала капитал од само два милиона евра, а една домашна банка требало да им одобри кредит на уште два милиона за да им ги исплатат сите пари на млекарите. /крај/дневник/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Битиќи: Власта нанесува удар врз системот на транспарентно управување со буџетите

Објавено пред

„Имаме тенденција на заобиколување на клучните институции кои треба да обезбедат независност и стручност во управувањето со јавните финансии. Оваа практика е дополнително зајакната со фактот дека предложените измени се носат без официјално мислење од Министерството за финансии – институцијата што е директно одговорна за дизајнирање, спроведување и надзор на фискалната политика,“ рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи во однос на Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за буџети, за кој денес се расправаше на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието.

dobivaj vesti na viber

Битиќи оцени дека изоставувањето на мислењето на министерството за финансии не е само административен пропуст, туку и отворено игнорирање на неговата стручна улога, што остава простор за импровизации и политички влијанија. Според него, ова го поткопува целиот процес на носење на измени во закон кој има системско значење.

„ Отсуството на мислење сугерира дека или предложените измени се политички наметнати без консултација со ресорното министерство, или дека министерката за финансии не го користи својот авторитет за да ја одбрани важноста на професионалниот пристап во оваа клучна реформа. Дали премолчувањето на игнорирањето на Министерството е показател дека министерката не се согласува со предложените измени, но е принудена да молчи? Или, пак, ова е сигнал дека овие измени се политички диктирани и не се базираат на стручни анализи?“, запраша пратеникот Битиќи.

Осврнувајќи се на бришењето на одредби од Законот буџети, во кои е прецизирано кои јавни субјекти се регистрираат, Битиќи појасни дека регистарот останува, но останува и недефинирана обврската за тоа кој „активно се ажурира“.

„Ова претставува чекор наназад во однос на транспарентноста. Овој регистар беше основна алатка за јавноста и институциите да ги следат активностите на буџетските корисници и јавните претпријатија. Се отвора простор за прикривање и недоследности, што директно го удира кредибилитетот на јавните институции“, рече Битиќи.

Зборувајќи за укинувањето на одредбите кои ја регулираат формата и содржината на извештаите за извршување на буџетот, како и на полугодишните извештаи за извршување на буџетот на државата и општините, Битиќи истакна дека ова станува збор за удар врз доследноста во известувањето.

„Кога ќе се отстрани обврската Министерството за финансии да пропишува унифицирана форма и содржина на извештаите, се отвора простор за непотполни, селективни и неусогласени податоци. Овие извештаи се клучни за јавниот увид во трошењето на средствата и за контролата од страна на институциите и граѓаните. Со ваквите измени, директно се намалува можноста за транспарентна контрола на јавните финансии, што претставува длабоко загрижувачки чекор наназад за демократската отчетност и довербата во јавните институции“, рече Битиќи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Седумте лица заглавени во Лазарополе денеска беа извлечени

Објавено пред

Седумте лица заглавени во Лазарополе од вчера, денеска во 13:15 часот, беа извлечени и истите се упатени кон своите домови.

dobivaj vesti na viber

Со силни напори вработените од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта од вчера работеа за отворање на патот со тешка механизација со два багери (снегофрлачи) и камион, а двајца вработени на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта се здобиле со повреди, известуваат од ЦУК.

Од таму апелираат до сите граѓани да не патуваат во тој дел бидејќи ситуацијата е критична и денеска се уште врне обилен снег.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Фактите и бројките говорат спротивно од СДС, за 6 месеци досега се исплатени над 4,3 милијарди денари кон земјоделците

Објавено пред

Фактите и бројките говорат спротивно од празното соопштение на СДС. Во време на СДС доцнеа субвенциите, а родот завршуваше на буниште. Празните џебови не ги забораваат земјоделците, затоа и ги казнија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Но, затоа откако Владата ја предводи ВМРО-ДПМНЕ за период од овие 6 месеци се исплатија сите заостанати обврски од претходните години во висина од над 2,5 милијарди денари. За изминатите два дена се исплатени над 1,7 милијарда денари кон 78.000 македонски земјоделци за тековната 2024 година. Вкупно за 6 месеци од кога е формирана Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ исплатени се над 4,3 милијарди денари кон македонските земјоделци“, потенцираат од партијата и додаваат:

„Политичките флоскули на СДС земјоделците ги прочитаа многу одамна. ВМРО-ДПМНЕ се грижи за земјоделците, се што се вети веќе се исполнува“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Дурмиши: Ако трговците не ги коригираат цените, ќе бидеме принудени да донесеме одлука за замрзнување цени или маржи

Инспекторите од утрово прават анализи во маркетите во однос на тоа како се движеле цените на основните прехранбени производи во...

Македонија6 часа

Цените пораснаа до 25 проценти кај некои продукти, рече Мицкоски и најави реакција уште денес

На одредени продукти во маркетите цените им се зголемени до 25 проценти, изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој најави реакција од...

Македонија6 часа

Мицкоски им се извини на жителите на Арачиново и Липково: Има неодговорни градоначалници, ќе се стапи во контакт со општините за градинките

Постојат неодговорни градоначалници со неодговорни изјави, но тоа не треба да биде пречка, изјави премиерот Христијан Мицкоски во врска со...

Македонија6 часа

ВМРО-НП предлага укинување на „Државната лотарија“: Покрај сите досегашни нерегуларности во кои била вклучена институцијата, се нанесува и непотребна финансиска штета

ВМРО-Народна партија со внимание ги следи случувањата во врска со „Државната лотарија“ и во контекст на тоа предлагаме вклучување на...

Македонија7 часа

Трипуновски: Децата ги фрлаа јаболката што ги добиваа, а се потрошија над 40 милиони денари, таа мерка ќе се модификува

Мерката на претходната влада за помош на овоштарството, со која учениците и децата во градинките добиваа јаболка, сегашниот министер за...

Свет7 часа

Во авионот што се урна имало државјани на пет земји – преживеале 28 патници, меѓу нив и деца

Државјани на пет земји имало во авионот што утрово се урна во Казахстан. Во соопштението на Министерството за транспорт на...

Свет8 часа

(Видео) Се појави нова снимка од падот на авионот во Казахстан

Новата снимка од падот на авионот во Казахстан покажува дека леталото се запалило кога удрило во земјата. Khoảnh khắc máy...

Македонија9 часа

Најмногу снег во Маврови Анови, најладно на Попова Шапка

Утрово најладно било на Попова Шапка каде што се измерени -5 степени, -4 се измерени во Маврови Анови, Крушево, -1...

Свет9 часа

(Видео) Се урна патнички авион, испратил СОС-сигнал над Каспиското Море: драма во Казахстан

Се урна патнички авион на АЗАЛ кој летал од Баку за Грозни, јавува АПА. Авионот испратил сигнал „СОС“ над Каспиското...

Свет10 часа

Само оваа година во Саудиска Арабија беа егзекутирани најмалку 330 луѓе: бројот на казните нагло се зголеми, една третина се странци

Најмалку 330 луѓе беа егзекутирани оваа година во Саудиска Арабија, што е најголем број на егзекуции досега забележани, покажуваат податоците...

Свет11 часа

Данска ја зајакнува одбраната на Гренланд по изјавата на Трамп дека сака да го купи: купуваат дронови и бродови, инвестираат големи пари

Данската влада најави огромно зголемување на буџетот за одбрана на Гренланд, неколку часа откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја...

Македонија11 часа

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на неколку патни правци

Како што извести АМСМ, забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци Крива Паланка – г.п.Деве Баир,...

Европа11 часа

(Видео) Масовен руски напад врз Харков: одекнаа десетина експлозии, објавени првите снимки

Русија изврши масовен ракетен напад врз градот Харков во источна Украина, каде во средата наутро беа пријавени серија експлозии. „Од...

Македонија24 часа

Антикорупциска нема да постапува против директорот на АНБ, Бојан Христовски – за веродостојноста на сертификатот велат дека не се надлежни

Антикорупциската комисија го затвори предметот за именувањето на директорот на АНБ, Бојан Христовски. За сертификатот по англиски јазик, издаден од...

Македонија1 ден

Одлуката за притвор за Груби останува во важност: Кривичниот суд ја одби жалбата

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, ја одби жалбата на одбраната на поранешниот вицепремиер, Артан Груби. „Кривичниот совет при...

Економија1 ден

Мицкоски најави робусна акција и за покачените цени: Апелирам големите трговски синџири да се преиспитаат, срамота е ова што го прават пред празниците

Вонредни инспекции и робусна акција ќе има во следниот период против девијантното однесување на маркетите, кои на сметка на новогодишната...

Топ1 ден

72-годишна скопјанка загина по удар од возило: била прегазена на раскрсница

Синоќа во 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје,...

Македонија1 ден

(Видео) ДПМНЕ го пушти Груби да избега: „случајно“ не работеле камерите, „случајно“ полицајците не знаеле кого треба да проверуваат, „случајно“ згрешил службеникот на границата, вели Кузеска

„Со потсмев ги следиме обидите на ДПМНЕ да ја префрли вината за бегството на Груби врз СДСМ. Тоа е само...

Македонија1 ден

Мисајловски најави вработувања: В година ќе има оглас за 300 нови професионални војници и 60 луѓе со цивилни факултети

В година Армијата ќе вработи нови професионални војници, граѓани со цивилни факултети, но и администрација потребна на Министерството за одбрана,...

Македонија1 ден

По 12 години пауза, Скопје ќе се поврзе со авиолинија со Амстердам

ТАВ Македонија, подружницата на ТАВ Аеродроми, објави дека по 12 години пауза Скопје ќе се поврзе со авиолинија со Амстердам,...