Македонија
Потврдено – Заев градоначалник на Струмица

Општинската изборна комисија вечерва официјално потврди дека лидерот на опозициониот СДСМ Зоран Заев повторно е избран за градоначалник на Струмица
Општинската изборна комисија вечерва официјално потврди дека лидерот на опозициониот СДСМ Зоран Заев повторно е избран за градоначалник на Струмица.
Според изборната комисија, Заев на првиот круг од локалните избори одржан на 22 март, освоил 21.460 гласови или 58 9 отсто од граѓаните кои се изјасниле.
Кандидатот на владеачката ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева освоила 39 отсто од гласовите.
Од вкупно 23 советнички места, колку што брои Советот на општината, 13 освои СДСМ, 9 коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а едно советничко место и припадна на ВМРО Народна партија./крај/а1/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Фатен на снимка: Лице подметнува пожар во Делчево, па бега

Жителите на делчевската населба Први Реон на видео снимка забележале лице како подметнува пожар, а потоа со забрзани чекори го напушта местото. Настанот се случил во доцните вечерни часови на 9 јули, а видеото од надзорната камера, поставена во близина на критичниот потег, веќе е предадено на надлежните служби.
Инцидентот првично бил пријавен од страна на загрижен граѓанин кој забележал сомнителен чад, а потоа со преглед на снимките се потврдило дека станува збор за намерно подметнување оган.
„Во услови кога температурата се искачува над 35 степени, а природата е сува и лесно запалива, ваквите постапки се не само неодговорни, туку и животозагрозувачки,“ стои во апелот на надлежните локални власти. Оттаму додаваат дека истрагата е во тек и се работи на идентификација на сторителот.
Од општината Делчево ги повикуваат граѓаните на зголемена будност и итно пријавување на секое сомнително движење или обид за подметнување пожар.
„Апелираме до сите да не остануваат рамнодушни. Доволна е една искра за да изгори целиот регион. Заедно можеме да ги спречиме катастрофите“, велат од службата за противпожарна заштита во Делчево.
Македонија
Вреди со жесток напад: Институциите се претворени во приватна каса на функционерите на ДУИ

Од Вреди упатија жестоки критики кон ДУИ, обвинувајќи ги нивните функционери во партијата за систематска злоупотреба на институциите додека биле на власт преку непотизам и вработувања на блиски роднини во највисокоплатените државни институции.
„ДУИ не се плаши од нас, туку од редот, правдата и контролата што ги носиме. Нашата борба не е за власт, туку за права и еднаквост и тоа за секој граѓанин“, порачуваат од Вреди.
Оттаму потенцираат дека Албанците не се разменска монета во политички пазар, ниту пак лична сопственост на поединци кои ја користат државната функција за вработувања во институции како АЕК, М-НАВ и други.
„Сведоци сме на систем кој се темели на врски, а не на заслуги. Вработувањата не се засноваат на знаење, туку на презиме. Јавниот сектор е претворен во семејна каса на функционерите на ДУИ“, велат од Вреди.
Тие предупредуваат дека јавните конкурси се често само параван за однапред договорени вработувања, а вистинските шанси за младите остануваат минимални.
„Наша обврска е да изградиме држава во која успехот се мери по знаење, а не по роднинска линија. Секој обид за непотизам мора да се казнува, а не да се слави. За тоа се залагаме“, истакнуваат од Вреди.
Во соопштението се додава дека податоците за застапеност во институциите мора да бидат јавни и проверливи, а не манипулативна статистика за политички цели.
„Се бориме за иднина во која младите ќе останат овде, а не ќе бидат принудени да си заминуваат поради неправдите и монополите на власта. Ќе го разбиеме семејниот монопол што ја зароби државата“, порачуваат од Вреди.
Македонија
МВР потврдува: Роднината убил две лица, фрлил бомба и пукал кон полицијата, па се самоубил

Тешка трагедија го потресе Прилеп, откако тројца членови на едно семејство, меѓу кои и 13-годишно дете, беа пронајдени мртви со повреди од огнено оружје, во куќа на роднина во центарот на градот. Министерството за внатрешни работи потврди дека се работи за сериозен безбедносен инцидент, во кој било фрлено и експлозивно средство врз полициски службеници.
Настанот започнал во саботата вечер, околу 21:20 часот, кога во ОВР Прилеп, 43-годишната К.Ч. пријавила дека нејзиниот сопруг П.Ч. (43) и нивниот 13-годишен син се оддалечиле од домот, со сомнеж дека можеби заминале во куќата на нивниот роднина П.Ѓ. (62).
Полициски службеници веднаш се упатиле на посочената адреса, но никој не ја отворил вратата. По наредба од јавен обвинител, вратата била отворена со примена на сила. Во моментот кога полицијата влегла во објектот, едно лице фрлило рачна бомба кон нив. Бомбата почнала да чади, но, за среќа, не експлодирала.
Полициските службеници веднаш се повлекле од куќата, но одвнатре било пукано кон нив. Во размената на оган, полицијата возвратила со службено оружје.
Неколку часа подоцна, во 01:35 по полноќ, на местото на настанот пристигнала Итна медицинска помош, каде лекарите констатирале смрт кај тројца – таткото П.Ч., 13-годишниот малолетник и 62-годишниот роднина П.Ѓ.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека се преземаат сите потребни мерки за целосно расчистување на случајот, а увидот на лице место е завршен во координација со јавен обвинител.