Македонија
Трговската размена намалена за третина
Обемот на стоковна размена на Македонија во првите два месеца од оваа година е за третина помал во однос на истиот период лани
Обемот на стоковна размена на Македонија во првите два месеца од оваа година е за третина помал во однос на истиот период лани. Извозот паднал за 44 насто, а увозот за 26 проценти.
Ова го соопшти Заводот за статистика додавајќи дека покриеноста на увозот со извоз изнесува 44 проценти, а трговскиот дефицит во периодот јануари-февруари 414 милиони долари.
Македонија во првите два месеца од годинава извезла стоки во вредност од 325 милиони долари, што е за 44,4 насто помалку во однос на истиот период лани.
Вредноста на увозот во Македонија во периодот јануари-февруари годинава изнесувала 739 милиони долари и е за 26,4 насто намалена во однос на истиот период 2008 година.
Најизвезувани стоки од Македонија се фероникелот, производите од железо и челик, а на страната на увозот доминираат суровата нафта, електричната енергија и моторните возила за превоз на лица.
Најголем надворешно трговски партнер на Македонија е Европската унија, на која отпаѓа 32,1 насто од извозот и 49 проценти од увозот.
Македонија најмногу тргува со Германија, Србија, Русија, Грција и Италија. Речиси половина (48,6 насто) од вкупната размена се одвива со овие пет држави. /крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Магла кај Ресен и Удово, видливоста е намалена
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла до 50 метри има кај Ресен и Удово, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Скопје утрово пак е покриено со магла, денес променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и тивко со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
До вторник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Од вторник кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег, информира УХМР.
Македонија
Викендот со стабилно време, дожд се очекува од вторник
За време на викендот ќе се задржи стабилно и претежно тивко време, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во сабота и недела времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб ветер, претежно од југоисточен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -3 до 2 степени, додека дневните максимални ќе достигнуваат од 6 до 13 степени.
Во текот на викендот во Скопје се очекува променливо облачно и тивко време, со појава на магла, особено во утринските часови. Минималната температура ќе се спушта до -3 степени, а максималната ќе достигнува околу 8 степени.
Според УХМР, стабилното време ќе се задржи до вторник, по што кон крајот на денот и во следните денови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на планините и повисоките места врнежите ќе бидат од снег.

