Македонија
Затворен патот за Кожуф

Патниот правец Р112 од Гевгелија кон Кожув, 500 метри пред местото Смрдлива Вода ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила
Патниот правец Р112 од Гевгелија кон Кожув, 500 метри пред местото Смрдлива Вода ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила.
Како што соопшти изутрината АМСМ, наведениот аптен рпавец ќе биде затворен поради минирање на карпа.
Искличително внимателно возење се препорачува на патниот правец Маврово – Дебар, каде се бележат почести одрони, кои наместа ги стеснуваат коловозните ленти .
Сообраќајот на останатите магистрални и регионални патни правци се одвива тековно, без забрани по суви и чисти коловози. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Шекеринска до ВМРО-ДПМНЕ: Не ги чепкајте војниците, не ги ставајте во вашата валкана кампања

„По принципот ‘држете го крадецот’ оние кои што беа прогласени за шампиони во партизацијата на сите нивоа, вклучително и на Армијата, денес се сликаат пред Министерството за одбрана и изнесуваат апсурдни наводи, па уште нарекувајќи ги изјави или прес-конференции. А зошто? Затоа што можеби го нарушивме принципот од нивно време едни исти луѓе да одат во Авганистан преземајќи ги на тој начин ризиците но и убавата заработка? Некој ваш не отишол?“, ваква е реакцијата на Министерството за одбрана и министерката Радмила Шекеринска, по прес-конференцијата на Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.
Во реакцијата се вели дека е воспоставен фер и праведен принцип за селектирање на учесници во мисиите со почитување на процедурите.
„ВМРО-ДПМНЕ најдете си друга тема. На пример, ако толку сте загрижени за одбраната, гласајте го новиот закон. Ете шанса да го покажете вашиот патриотизам. Овој закон не е за министерката Шекеринска, туку е за Армијата, за нашата одбрана, за хармонизација со НАТО. Или како и за НАТО, ќе чекате ние да ја завршиме работата, па потоа ќе се приклучите кон славењето.
Не ги чепкајте војниците, не ги ставајте во вашата валкана кампања. Бидете доследни барем сега кога ги поправаме вашите бесмислени и коруптивни политики“, се вели во реакцијата.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: За власта има мед, а за народот леб и сол

Зоран Заев ја опустоши и ограби државата за овие три години колку што е на власт. Нема бизнисмен кој не е изрекетиран, нема институција каде немало сомнителни милионски тендери, велат од ВМРО-ДПМНЕ, реагирајќи на денешното обраќање на Заев.
„Три години имаше заборавено на генералниот реизбор на судии и другите ветувања кои ги имаше давано од опозиција, затоа што го притискаше судот да не му пресуди за поткупот од 200.000 евра. Судиите му требаа додека вршеше разни притисоци за предмети како да бидат или да не бидат пресудени и кој да излезе од притвор или затвор.
Ги пушти осудените за убиството на 5 – те деца кај Смилковско, па еден избега, а во затвор има невини луѓе кои лежат за патриотско чувство.
Три години владее вистински режим. Режимот на Зоран Заев диктаторот од Муртино. Во чие време е сторен најтешкиот криминал, со рекетарско бандитска изнуда на над 20 милиони евра, а ниту една институција не реагирала да го заштити бизнис секторот.
Три години владее режимот на Зоран Заев во кој за нив има мед, а за народот леб и сол.
Три години ја задолжуваат државата и направија нов долг од над 900 милиони евра, пари кои ќе ги враќаат нашите деца.
Три години државата тоне, а тие ги билдаат банкарските сметки.
Ова црнило мора да заврши. Зоран Заев на 12 април си заминува од власт. По 12 април следува обнова на Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Ѓорчев се сретна со сенаторот Тед Круз и повеќе конгресмени

Владимир Ѓорчев, меѓународен секретар и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ оствари средба со сенаторот во Сенатот на САС Тед Круз, како и средби со високи конгресмени во Вашингтон.
На средбата Ѓорчев истакна дека Круз е пријател на Македонија, додавајќи дека заеднички го градат пријателството и сојузништвото меѓу Македонија и САД.
Ѓорчев, оствари средба и со сенаторот Дан Коуц, кој беше шеф на државното разузнавање и советник на Доналд Трамп од 2017 до 2019 година. Ѓорчев истакна дека е потребно Република Македонија да има активна надворешна политика, бидејќи така се градат македонските позиции и се создава пријателства и партнерства.
„Македонија мора да има активна надворешна политика. Важно е да градиме силни пријателства и партнерства во САД. Со силна надворешна политика, ги јакнеме нашите македонски позиции. Уште еднаш, тоа е важно за Македонија“, додаде Ѓорчев.
Ѓорчев при посета во Вашингтон оствари средби со Реп Бил Хуизенга, со конгресменот Роберт Питенџер, како и со Брент Мекинтош кој е актуелен потсекретар во Министерството на финансии на САД за меѓународни работи, со пратениците Елен Тране Норби од Данска, Емануелис Зингерис кој е потписник на актот за независна Литванија и пратеник од 1990 година до сега.
Ѓорчев имаше свое обраќање и во Сенатот на САД во Вашингтон на парламентарниот форум за безбедност пред околу 200 учесници – сенатори, конгресмени, парламентарци од околу 40 земји, амбасадори, професори, експерти.
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Македонија5 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми
- Македонија2 недели
Јовановски: Вештачењето на камерата од моите родители ќе покаже кој замина со торбата и каде