Контакт

Македонија

Коњановски во дводневна посета на Црна Гора

Објавено пред

Делегација на Министерството за одбрана предводена од министерот Зоран Коњановски, од денеска престојува во посета на Црна Гора, на покана на

Делегација на Министерството за одбрана предводена од министерот Зоран Коњановски, од денеска престојува во посета на Црна Гора, на покана на црногорскиот министер за одбрана, Боро Вучиниќ.

Коњановски, за време на посетата, ќе биде примен и од претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ, соопшти Министерството за одбрана.

Предвидено е министрите да остварат тет-а-тет средба, по што ќе следат и разговори во полн состав на делегациите на двете земји за јакнење на соработката и довербата помеѓу Црна Гора и Македонија, како и за понатамошно продлабочување на воспоставените билатерални релации во делот на одбраната.

Министерот Коњановски на вториот ден од посетата ќе присуствува на прием на брод на морнарицата на САД, организиран од страна на адмирал Марк Фитџералд, командант на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол и командант на американската морнарица за Европа.

Предвидено е во рамки на дводневната посета на Црна Гора, македонската делегација да ги посети и културно историските споменици во црногорската престолнина Цетиње и во Котор. /крај/со/мс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Одбрани конечните три решенија за нови летни сцени во Градскиот парк

Објавено пред

Град Скопје ги одбра трите најсоодветни решенија од конкурсот за поставување на летни отворени сцени на три локации во зелениот појас на Градскиот парк во Скопје.

Како што информираат градските власти, по разгледување на пристигнатите трудови, Комисијата за оценување за најсоодветни решенија ги избрала трудовите со работна шифра „ОМММ“, „Коноид“ и „Конус“.

Од нив, решението за летна отворена сцена со работна шифра „ОМММ“ ќе биде поставено во близина на Езерце, во првиот дел на паркот, летната сцена со работна шифра „Коноид“ ќе биде поставена на локација во билзина на Сточарскиот институт, додека пак локацијата на третото одбрано решение со назив „Конус“ ќе биде во непосредна близина на езерцето, спроти кајак кану клубот „Илинден 90“.

Генералната оценка на Комисијата е дека конкурсните барања се во голема мера запазени, односно дека е запазена и испочитувана проектната програма, предложен е уникатен дизајн и предложени се материјали со долговечност за изработка.

„Исто така, предложените идејни решенија се одликуваат со високи естетски вредности, придонесуваат врз подобрување на културните навики на жителите на град Скопје и одлично се вклопуваат со непосредното опкружување“, се наведува во соопштението.

Град Скопје најдобрите трудови ќе ги награди со по 70.000 денари за секоја од трите локации и ќе склучи договори со избраните автори.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Заев: Во следниот мандат ќе обезбедиме уште повеќе пари кај граѓаните

Објавено пред

Во следниот мандат ќе обезбедиме уште повеќе пари кај граѓаните за уште подобар економски стандард, вети лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Уште во првите 100 дена од мандатот ја зголемивме минималната плата и тоа за сите сектори, без да има дискриминирани работници, како што беа тоа вработените во кожарската, чевларската и во текстилната индустрија. Денес, и по сите противења на ВМРО-ДПМНЕ, минималната плата изнесува 14.500 денари. До крајот на новиот мандат ја носиме на 20.000 денари, односно дури 120 отсто повеќе од минималната плата од 9.000 денари во времето на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Заев.

Во овие 3 години, рече тој, пораснала и просечната плата, а дека крајна цел на СДСМ е просечна плата од 34.000 денари до крајот на мандатот ако ја освојат власта.

„Ја исправивме и неправдата кон стечајните работници. Денес, 12.000 наши сограѓани добиваат по 8.000 денари месечен надоместок, а во следниот период добиваат и домашна платежна картичка од 9.000 денари. Додека многумина не веруваа, а ВМРО-ДПМНЕ силно се противеше, ја воведовме и спроведовме најсериозната и најраспространета мерка со која првпат државата враќа пари директно на сметките на граѓаните. Со Мој ДДВ за три квартали вративме 10,7 милиони евра кон граѓаните. Овој проект продолжува и е уште подобар затоа што лимитот го зголемуваме од 600 на 800 денари месечно, од 7.200 на 9.600 денари годишно од корисник“, рече Заев.

Со концептот парите кај граѓаните, додаде тој, не застанавме ниту кога се соочуваме со здравствена и економска криза. Напротив, рече Заев, продолживме да го реализираме уште подобро и уште повеќе.

„Со домашните платежни картички и со ваучерот за туризам кон повеќе од 324.000 граѓани граѓаните вративме 28 милиони евра за купување наши, македонски производи и услуги, за посета на наши домашни туристички центри и објекти. Во следниот период, покрај стечајните работници, домашна платежна картичка од 9.000 денари добиваат и пензионерите со пензии пониски од 15.000 денари, лицата што се пасивни баратели на работа и самохраните родители“, рече Заев.

Прикажи повеќе...

Македонија

За гласање на изборите се пријавиле 137 заболени од коронавирус

Објавено пред

Вкупно 137 лица позитивни на коронавирус се пријавиле за гласање на предвремените парламентарни избори, а Државната изборна комисија добила пријави за гласање и од 3.138 болни и немоќни лица.

Оваа состојба е заклучно со вчерашниот ден, а пријавувањето е отворено до вечерва на полноќ. Тие ќе може да гласаат дома, а за нив ќе бодат формирани посебни тимови во кои ќе има и здравствени работници.

Од Државната изборна комисија известија дека од вкупно 300 здравствени работници, кои треба да бидат вклучени во изборниот процес, добиле 100 барања за изземање од разни причини. Барањата им се прифатени на 80 здравствени работници.

„Имаме мал проблем за изборот на здравствените работници. Од веќе избраните, 80 донесоа медицинска или друга документација со која потврдуваат дека не може да учествуваат во изборниот процес. Сега пак ќе ги менуваме, ќе избереме нови по случаен избор“, велат од ДИК.

Изземените здравствени работници донеле документација за хронични болести, некои биле пензионери, а меѓу избраните имало и такви што не може да се најдат на пријавените адреси. ДИК работи на собирање податоци за пополнување на тимовите.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

(Видео) Вучиќ ги осуди протестите: Сведоци сме на брутално политичко насилство

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги осуди синоќешните протести организирани пред Националното собрание оценувајќи ги како акт на политичко насилство....

Македонија2 часа

За гласање на изборите се пријавиле 137 заболени од коронавирус

Вкупно 137 лица позитивни на коронавирус се пријавиле за гласање на предвремените парламентарни избори, а Државната изборна комисија добила пријави...

Македонија2 часа

163 новозаболени од Ковид-19 во земјата, починаа осум лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на...

Македонија4 часа

Владата итно ќе одлучува за ПЦР-тестот за патници од регионот

Премиерот Оливер Спасовски информира дека Комисијата за заразни болести ѝ препорачала на Владата од утре при влез во нашата земја...

Регион5 часа

Белград по синоќешниот хаос – запалени автомобили, смет, скршени стакла

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, објави на „Фејсбук“ фотографии од хаосот што остана на улиците на Белград по синоќешните немири....

Регион5 часа

(Видео) Демонстрант во Белград: Тато, ова е за тебе затоа што почина бидејќи немаше респиратор

Новинарка на телевизијата „Н1“ пред српскиот парламент ја сними шокантната исповед на Петар Ѓуриќ, син на познатиот уметник Љубиша Ѓуриќ,...

Регион6 часа

(Видео) Полицијата со палка тепа момчиња што мирно седат на клупа во Белград

Полицијата во Белград, по неколкучасовни масовни протести, почна да ги тепа луѓето, дури и оние што седат мирно. Како што...

Македонија6 часа

ИЈЗ: Намалување на бројот на новозаболени и починати, зголемување на бројот на оздравени

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година бележи намалување на...

Свет7 часа

Мистериозен синдром поврзан со коронавирусот предизвикува оштетување на мозокот кај децата

Коронавирусот може да предизвика големи невролошки проблеми кај некои деца, откриле научниците. Иако на младите им е полесно да се...

Свет8 часа

(Видео) Автобус полн со матуранти во Кина падна од мост во езеро, најмалку 21 загинат и 15 повредени

Најмалку 21 човек загина, а 15 се повредени кога автобус излета од патот и падна во езеро во Кина. Автобусот...

Свет8 часа

Во САД над 3 милиони заразени со Ковид-19

Бројот на заразени со коронавирус во САД надмина три милиони, сè повеќе сојузни држави бележат рекорден број нови случаи, а...

Македонија8 часа

Задолжителен тест за граѓаните на Србија, Косово, БиХ и на Црна Гора при влез во земјата, препорача Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок, на кој донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез...

Регион8 часа

(Видео) Солзавец и оклопни возила на протестите во Белград по најавата за нов полициски час

Полицијата во Белград утрово успеа да ги растера демонстрантите што од синоќа протестираа по најавата на претседателот на Србија, Александар...

Свет20 часа

СЗО: Епидемијата се забрзува, се појавуваат докази дека вирусот се пренесува преку воздух

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека епидемијата на коронавирус се забрзува и дека се појавуваат докази за пренесување на Kовид-19...

Регион23 часа

Србија го враќа полицискиот час, забрана за движење од петок до понеделник

Од утре во Србија ќе биде забрането собирање на повеќе од пет луѓе во отворен и затворен простор, а од...

Македонија24 часа

ДИК ќе прави симулација на изборниот ден во услови на пандемија

Државната изборна комисија утре ќе спроведе симулација на процесот на гласање под посебните протоколи поради пандемијата на коронавирус. Симулацијата ќе...

Регион1 ден

Грчки медиуми: Повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19

Грчките медиуми пренесуваат дека повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19, а тоа е и половина од новите...

Македонија1 ден

Нови 120 заболени и петмина починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Со цитати од Конески и Мартиновски, Ципрас упати поддршка до Заев

Претседателот на грчката партија СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас, упати видеопорака со поддршка на претседателот Зоран Заев,...

Македонија1 ден

Јово Вангеловски обвинет за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски,...

Досие